Во Шпанија ќе стане задолжително кланиците да имаат видео-надзор, за да се осигура похуманиот однос кон животните, пренесува „Еуроњуз“. Ваквата одлука ја прави Шпанија првата земја во ЕУ која ќе ја врши оваа практика.
„Одлуката ја става Шпанија на фронтот на Европа во овој дел, како и во делот дека ќе се осигура благосостојбата на животните за време на нивното минување низ кланиците. Одлуката исто така ги подобрува гаранциите за безбедност на храната за потрошувачите“, изјавил министерот за потрошувачки прашања, Алберто Гарзон.
Одлуката била дозволена неделава, а најавена е брза постапка за нејзино изгласување во парламентот бидејќи за одлуката веќе било разговарано со претставниците од месната индустрија.
Гиљермо Морено, претставник на невладината организација која се залагала за оваа реформа, изјавил дека е задоволен со првиот чекор кон зголемување на стандардите на животните во кланиците.
Тој додал дека Англија, Шкотска и Израел веќе имаат воведено ваква пракса во кланиците.
Според новите шпански закони, кланиците ќе треба да поднесуваат видео материјали кои потоа ќе бидат проверувани од властите.
Кланиците имаат рок од една година да го воведат видео-надзорот.