Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 56 мигранти од Африка од два чамци на Средоземно море.
Еден чамец со 23 мигранти бил пресретнат кај Гибралтарскиот залив, додека друг чамец со 33 мигранти е лоциран источно од малиот остров Алборан, на пола пат помеѓу Африка и Шпанија.
Меѓународната организација за миграција соопшти дека минатата година 22.800 мигранти дошле во Шпанија, што е двојно повеќе во однос на 2016 година.