Шпански град им даде на животните исти права како на луѓето

Во одлука што здруженијата за заштита на животните ја нарекоа „историска“, локалното собрание на шпанското гратче Тригерос дел Ваје изгласа одредба со која животните се прогласуваат за „нечовечки жители“, со што им се даваат еднакви права како на луѓето.

Советниците во општината со околу 330 жители, во регионот на Кастиља и Леон, едногласно го усвоиле предлогот.

„Кучињата и мачките живееле меѓу нас повеќе од 1000 години. Како градоначалник, јас ги претставувам не само човечките жители, туку морам да бидам тука и за другите“, вели градоначалникот Pedro Pérez Espinosa, кој доаѓа од редовите на социјалистите.

„Денеска се доближивме како видови, а ние лужето станавме повеќе луѓе, благодарејќи на чувствителноста и интелигенцијата која ја покажаа луѓето од Тригерос де Ваје. ова е голем ден, како за човечките, така и за нечовечките жители“, напиша во соопштение организацијата за заштита на правата на животните Rescate 1.

Дури и ако некои љубители на животните сметаат дека новиот закон оди предалеку, оние кои се противат на борбите со бикови имаат причина за прослава. Новата одредба забранува „секаква акција со која се предизвикува сакатење или смрт на нечовечките жители“.

bull-1

фото: Reuters

Поголем број градови и општини во Шпанија веќе ги забрани борбите со бикови, а според многумина, токму тоа и била целта на законот и во Тригерос де Ваје. Коридата е забранета директно во некои шпански региони, како Каталонија, иако владата во Мадрид размислува да ги прогласи борбите со бикови за дел од шпанското национално наследство. Овој потег би значел даночни олеснувања за организаторите на борбите, но што е поважно, би им дал и дозвола да ги игнорираат локалните забрани.

Ова е не е првпат на животните да им се дадат права слични на човечките. Во мај, американски суд одлучи дека четири шимпанза во една универзитетска лабораторија не смеат да се третираат како сопственост, туку како личности во правна смисла. Ова беше првиот пат да им се дадат индивидуални права на животни во историјата на правото.