Медиа арт клубот „Актив“ од Штип го изработи документарецот за развојот на џез сцената во Штип и перспективата на овој музички правец во нашата средина. Целта на видеото е да се афирмира џез музиката како урбана уметност која станува се поактуелна меѓу младите како и да се охрабрат сите конзументи и интерпретатори во негувањето на овој алтернативен израз во заедницата.
Идејата за реализирање на ова видео произлезе од потребата за ре-афирмација на „џез сцената“ во Штип. Преку краток историјатот, ликовите кои се заслужни за Штип да стане првиот џезерски град во Македонија, култните концерти, па се до остварениот идеал-калемење на млади музичари во единствената џез академија во Македонија ја раскажуваме приказната за музичките афинитети на нашите луѓе.
Како што вели професорот Илија Пејовски во интервјуто, најголем број на концертни мајстори по глава на жител во светот има Македонија, од кои најмногу се штипјани…