Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Кога на почетокот на 2020 година, младинската организација „Еквалис“ конечно успеа да обезбеди свој младински простор, нејзиниот основач Ангел Димитриевски ниту во најлошите соништа не можеше да претпостави дека просторот со месеци ќе мора да остане празен. Сара Цветкоска од „Петоци за иднината“, која од Битола дојде на студии во Скопје, беше уверена дека скоро секој петок ќе излегува на климатски протест во главниот град. Истовремено, на почетокот на 2020 година, Андреа Угриновска во Лондон со големи планови го започна едногодишниот мандат како заседавач со Комитетот за млади при Советот на Европа…
И, тогаш се појави КОВИД-19. Младите се најдоа пред предизвик. Како да се биде активен во виртуелен простор, од дома, среде полициски час. Или како што објаснува Димитриевски од Еквалис, брзо сфатија колку работи можат да направат со обичен мобилен телефон, но и колку се ограничени нивните можности, кога поради пандемијата не можеа да ги користат младинските простори. Таму млади бараа и поддршка, совети за ментално здравje или семејно насилство, а младинските работници ги насочуваат кон стручни служби.
„Работиме со ЛГБТИ млади каде физичкиот простор значи сè во безбедноста да го кажеш нештото гласно. Онлајн, многумина не можеа некои работи да ги кажат дома затоа што во соседната соба седи целото семејство. Меѓутоа беа доста креативни. Дел од нив зборуваа на англиски јазик, ние ја нудевме опцијата да ни пишат во четот… Се чуствуваше безбедниот простор кој им фали на младите“, вели Димитриевски.
Освен младинските простории, и улицата како простор се случи да биде одземена за младите. Кога „Петоци за иднината“ во септември организираше протест, активисти на движењето беа повикани на разговор во полициска станица. Не им беше дозволено да го блокираат булеварот пред владината зграда, поради тековни владини „протоколарни активности со странска делегација“.
Со истиот аргумент властите на 25 септември не дозволија да се пријави протестот против скапата струја на граѓани од Чаир и „Гласни идеи“, додека за „Петоци за иднината“ имаше „консензуално решение“ – да одржат собир на тротоарот спроти Влада, со маски и држење дистанца.
„Кога се работи за здравјето на луѓето, тешко е да се одлучи што е одговорно и што е неодговорно. Од една страна, да, неодговорно е да се групираат луѓе за време на пандемија, но уште понеодговорно е властите да создаваат причини за такви групирања. Оваа недоумица ја имав постојано, и не само јас, туку и многу други активисти. Но, сепак излеговме на протест, бидејќи сметавме дека проблемите се многу големи и не може да ги премолчиме ниту во време на пандемија“, вели Цветковска од „Петоци за иднината“.
Ако во 2019 година, „Петоци за иднината“ одржаа девет протестни собири, лани излегоа на само два, од кои првиот беше во февруари, пред официјалниот почеток на пандемијата. Пандемијата сериозно се одрази и на активностите на извидниците. Пред пандемијата правеа по петнаесетина настани годишно, со околу 1.500 учесници. Лани пак имаа само еден камп, со педесет учесници. Она што го сфатија е дека за првпат мораат целосно да работат онлајн. Извидничкиот онлајн предизвик на Инстаграм и Тик ток, неочекувано привлече илјада млади луѓе.
„Имаше предизвици како правење палачинки, изработка на терариум, да изиграат на „Blinding Lights“ на „ТикТок“. Предизвиците беа забавни за времето што го поминуваат дома да им биде истовремено забавно, но и да научат нешто ново. Дури и родителите на децата се вклучуваа на предизвиците, па излезе топ идеја“, раскажува Ана Стојаноска, од Сојузот на извидници.
Различни млади луѓе – различно го сфатија активизмот во пандемијата. Било да е тоа протест против скапа струја или загадување, или акции за социјално загрозените.
Колку онлајн е доволно за офлајн?
Пандемијата ги принуди младите да седат дома, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Mладинските организaции ги откажаа најголем број од активностите кои бараа повеќе лица да се соберат на едно место. Зум, Дискорд, Мајкрософт Тимс, Гугл Мит.. станаа местата за дружба, учење, договарање, следење настани, држење обуки.
Онлајн активизмот остана како единствена достапна и безбедна форма на активизам, децидни се од Младинскиот образовен форум.
„Знаеме дека како општествена група учениците и младите претрпеа најмногу драстични промени во нивното секојдневие, па оттука и се трудиме да дадеме поддршка преку креирање на младински активности за неформално образование и онлајн дружење“, појаснуваат оттаму.
Пандемијата значително се одрази врз работата на младинските организации, покажа анкетата на Радио МОФ, испратена до 41 организација. Одговорија 16 од нив. Најголемиот дел велат дека пандемијата сериозно ја погоди нивната работа. Се кратеа плати, се ревидираа проекти, се чекаа одговори од институциите.
Помош преку прашалник од Гугл Формс
Во текот на 2020 поголемиот дел од нив велат дека имале и помалку средства на располагање од донаторите, намалување на платите, но и намалување на бројот на вработени.
Од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), под чија капа се над 50 членки, посочуваат дека, генерално, бројот на организации кои располагаат со буџети од над 2.000.000 денари е намален за околу 10%. Според НМСМ, ова не претставува значителено намалување.
„Сепак, истите (организациите) посочуваат дека донаторите се флексибилни и отворени за соработка и прилагодување на активностите“, велат оттаму.
Владината помош пак во вид на eднократна поддршка на плати на вработени и хонорарци, за период од два месеци, пристигна буквално во последната недела од 2020 година. Организациите велат дека претходно добиле само прашалник од Гугл формс. Дел од оние што ги контактиравме проблематизираат дека тајмингот не бил баш соодветен, изведено било „во последен момент“, во време кога уште нема оформен Регистар за младински организации.
Од Владата пак велат дека ова била заедничка предлог мерка што дошла од седум младински организации и организации за млади.
„Во рамките на оваа мерка, поддржани беа 43 oрганизации, 6 организации се откажаа од користење на средствата во корист на другите организации, а вкупно беа информирани околу 100 активни организации користејќи ги базите на НМСМ, Коалиција СЕГА, АМС, Влада и од досегашнaта соработка и партнерства што ги има Владата во делот на млади и младински политики. Со оваа мерка беа поддржани 100 вработени и 151 хонорарно ангажирани лица во 43 организации ширум државата. Вкупната поддршката беше околу 10.000.000 денари“, велат од Владата.
Млади во криза
Сепак, барањата на документот „Млади во криза“, кој уште во април го претстави група од 12 организации, беа поинакви и посеопфатни. Целта на документот беше уште на самиот почеток на пандемијата да детектира како може да им се помогне на младите и на нивните организации.
„Документот Млади во криза препорачуваше да има директни оперативни грантови за младински организации, а не само да се плати платата за два месеци на вработени“, укажува Блажен Малески од Реактор, еден од авторите на документот.
Ова би значело дека младинските организации би можеле да ги користат парите за што им е најпотребно, а не за тоа што Владата мисли дека им е најпотребно. Освен оваа, документот содржеше повеќе итни препораки за намалување на негативните ефекти од Ковид-19 кризата врз младите.
„Генерално околу 30% од препораките беа на некој начин транспонирани во некоја политика на Владата, во економските пакети. Сепак, една година подоцна откако почна кризата, може да забележиме дека не сите мерки беа доволни, и она што го предлагавме ние веројатно не би било доволно во однос на ефектите кои ги гледаме денеска, а тоа е дека младинската невработеност е зголемена, за околу 4 отсто, додека целокупната невработеност за 0,5%. Така што можеме да заклучиме дека кризата веројатно најмногу ги погоди младите во сегментот на вработување, односно дека тие останаа без својата работа“, укажува Малески и додава дека колку се младите посиромашни, толку е помала можноста тие да се активираат и вклучат во носењето одлуки.
Малески е разочаран што многу институции, меѓу кои и Агенцијата за вработување, и покрај пандемијата не направија напор за да се дигитализираат. Младите кои останаа без работа, место онлајн, мораа лично да се пријавуваат во подрачните одделенија.
И од НМСМ забележуваат дека кај организаците како проблем се појави законската обврска за организација на годишно Собрание, со физичко присуство, среде пандемија.
„Електронските собранија ретко беа признаени од Централниот регистар“, велат од НМСМ.
Предизвик била и комуникацијата со институциите, пред сè навременото добивање одговори.
„Наши организации-членки со месеци не беа во можност да стапат во комуникација со институции (Секретаријат за европски прашања) при обезбедување на потврда за регистрација на проект и решение за регистрација на даночен обврзник, и со месеци беа спречени да ги имплементираат своите активности“, посочуваат од НМСМ, дополнувајќи дека дел од институциите како Агенцијата за млади и спорт, наместо дигитално барале лична достава на документи и апликации.
Пандемијата на младите им го одложи и пристапот до општинските младински центри. Како што појаснуваат од НМСМ, во моментот официјално е отворен само еден младински центар во Општината Центар, а подготвен е уште еден, во Кавадарци.
„Минатата година требаше да се отворат четири центри, процес кој задоцни како резултат на пандемијата“, велат од НМСМ.
Во буџетот на Агенцијата за млади и спорт за годинава се планирани 500.000 денари за мебел за младинските центри, како потврда дека тие ќе бидат отворени. Со нив треба да се опремат четири центри во Велес, Куманово, Битола и Кавадарци. Јавната набавка е планирана за февруари, но засега нема објавено оглас.
Помалку теренски активности – помала помош за заедницата
Скоро сите организации во нашата анкета наведоа дека имале намалување од 80% на теренските активности. Ова значи, требале да ја реобмислуваат врсничката едукација, имале ограничување на волонтерски иницијативи, пропаднати пракси, но и помалку работа со млади на локални акции во заедницата.
Во однос последново, Еквалис предложува Програма за служење на заедницата, за која велат дека не постои во училиштата. Средношколци, преку формалниот систем, би се поттикнувале за општествено корисна работа преку ментори, низ 10 часа служба на заедницата. Учениците да се ангажираат и собираат донации за социјално загрозени семејства, да волонтираат за лица со нетипичен развој, за подобрување на родовата еднаквост…
Ова е важно ако се знае дека истражувањето „Младинско статус кво – 10 години стагнација“ на МОФ покажа дека 54% од средношколците и студентите никогаш не биле дел од активност за решавење проблем во нивната заедница, а речиси една третина од нив сметаат дека „ништо не можат да променат“ со ваквиот ангажман.
Дополнително, истражување на „Младите можат“ укажа дека над 70% младите од Аеродром, Центар и Карпош никогаш не биле вклучени во решавање општински проблем.
Пандемијата отвори нови можности
Станиша Станковиќ живее во Битола. Елена Тимова во Неготино. Ако не беше пандемијата тие веројатно немаше да се запознаат и да започнат средношколска емисија на Радио МОФ. Без размислување и двајцата го прифатија предлогот заднички да ја креираат новата емисија за јавноста да може да ги слушне размислувањата на средношколците. Емисијата ја работат од дома, нешто што беше речиси незамисливо пред само една година.
„Потекнувам од еден мал град и кај нас активизмот воопшто не постои. Имаше една невладина, но кога тие заминаа на факултет или во странство, не остана „наследник“ кој ќе продолжи да го води сето тоа“, раскажува Елена.
За неа вели дека пандемијата отворила нови можности да учествува во активностите на невладините организации кои се лоцирани главно во Скопје. Ако до лани неактивноста на нејзините врсници ја препишувала во скромните можности што ги нуди еден мал град, сега малку разочарано ќе рече дека нејзините соученици се главно незаинтересирани и неинформирани.
Дел од организациите за Радио МОФ велат дека пандемијата им овозможи да го зголемат бројот на волонтери и да допрат до групи кои претходно не можеле да ги вклучат. На Младински сојуз – Крушево пак пандемијата им покажа дека може да организираат успешни конференции каде, како што велат, за разлика од порано, младите се 100% вклучени. Истовремено, обезбедиле говорници за кои досега можеле само да сонуваат.
„Стигнавме и до говорници од Европска комисија, од Европски парламент, што за жал, поради нивните набиени агенди и милион обврски кога не беше пандемијата не би можеле да се одважат на самите покани. А сега, секој може да најде половина час и да се вклучи на онлајн форуми, да даде свое излагање и да има комуникација со младите луѓе, што е шанса барем виртуелно да ги запознаат овие важни носители на одлуки“, вели Анелија Митрова од Сојузот.
Младински активизам – недостаток од видливост и суштинска поддршка
Во време на пандемија, Оливер Андреевски го одбрани својот дипломски труд на Институтот за етнологија и антропологија. Темата која ја одбра беше токму младинскиот активизам во земјава. Според него, најголемите предизвици со кои тој се соочува се недостаток од видливост и суштинска поддршка од релевантните чинители во општеството.
„Активизмот „преживува“ во голема мера поради суштинска поддршка од меѓународни институции. Зборот „преживува“ претставува несреќна околност, имајќи предвид дека националните институции многу слабо или воопшто не го поддржуваат ниту третираат како релевантна општествена појава“, анализира тој.
Сепак, според Андреевски, тој е иницијална каписла за процесите и политиките кои државата ги започнува или ги донесува за младите.
„И покрај сите предизвици, младинскиот активизам во РС. Македонија во континуитет е присутен и опстојува, без разлика на причините за неговото делување и за целите кои сака да ги постигне“, укажува младиот антрополог.
Цветкоска, од „Петоци за иднината“ е сигурна дека пандемијата нема да го уништи младинскиот активизам.
„Само привремено го модифицира. Скоро цел активизам во текот на пандемијата премина на онлајн платформите, но според мене резултатот на оваа модификација беше позитивен бидејќи младите станаа посвесни за проблемите околку нив, кои за жал се множат секојдневно. Сепак мислам дека по завршетокот на пандемијата активизмот повторно ќе биде присутен на улиците, каде што и припаѓа “, вели таа.
Димитриевски од Еквалис останува загрижен дали ќе опстојат во време на пандемија, но и дали ќе имаат простор за безбедни средби.
Андреа Угриновска пак останува во Лондон да работи од дома. Нејзината канцеларија е трајно затворена поради пандемијата. Ние сме, вели, генерација на дигитални номади.
„Мислам дека пандемијава направи супер филтрација на тоа каде сме трошеле време залудно и каде сме можеле да направиме нешто повеќе. Мислам дека нè направи многу попродуктивни. Но, не мислам дека е крајот, мислам дека е почеток на некоја целосно нова форма на младинско учество. И не може да е изградена само од организациите. Мора да биде изградена заедно со младите коишто не се во организации, со млади кои сами делуваат и со носителите на одлуки кои што мораат да ги препознаат новите форми на учество. Ако тие се слепи и цело време чекаат на старото, она што познато и она што сме го правеле стотици пати, тогаш ќе се закочи целиот сектор“, децидна е таа.
Jасмина Jакимова/Бојан Шашевски/Ивана Смилевска
*Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската Влада.
-
Çfarë solli pandemia për aktivizmin rinor
Kur në fillim të vitit 2020, organizata rinore “Equalis” më në fund arriti të sigurojë hapësirën e saj rinore, themeluesi i saj Angel Dimitrievski as në ëndrrat e tij më të këqija nuk mund të kishte supozuar se hapësira do të duhej të mbetej bosh për muaj me radhë. Sara Cvetkoska nga “Të Premten për të Ardhmen”, e cila erdhi nga Manastiri për të studiuar në Shkup, ishte e bindur se pothuajse çdo të premte do të dalë në protestë klimatike në kryeqytet. Njëkohësisht, në fillim të vitit 2020, Andrea Ugrinovska në Londër me plane të mëdha filloi mandatin njëvjeçar si kryesues i Komitetit Rinor pranë Këshillit të Evropës…
Dhe pastaj u shfaq KOVID-19. Të rinjtë u gjetën para një sfide. Si të jesh aktiv në hapësirën kibernetike, nga shtëpia, në mes të orës policore. Ose siç shpjegon Dimitrievski nga Ekvalis, shpejt kuptuan se sa gjëra mund të bëjnë me celular të zakonshëm, por gjithashtu se sa të kufizuara janë mundësitë e tyre, kur për shkak të pandemisë nuk mund të përdorin hapësirat e të rinjve. Atje, të rinjtë gjithashtu kërkuan mbështetje, këshilla për shëndetin mendor ose dhunë familjare, ndërsa punëtorët rinor i udhëzuan ata drejt shërbimeve profesionale.
“Punojmë me LGBTI të rinj, ku hapësira fizike do të thotë gjithçka në sigurinë, për të thënë diçka me zë të lartë. Në internet, shumica nuk mundën disa gjëra t’i thonë në shtëpi, sepse e gjithë familja ndodhet në dhomën tjetër. Sidoqoftë, ishin mjaft kreativë. Disa prej tyre flisnin anglisht, ne ofruam mundësinë të na shkruanin në çat… Ndihej hapësira e sigurt që u mungonte të rinjve”, thotë Dimitrievski.
Përveç hapësirave rinore edhe rruga si hapësirë u është mohuar të rinjve. Kur “Të Premtet për të Ardhmen” organizuan protestë në shtator, aktivistët e lëvizjes u thirrën për bisedë në stacion policor. Ata nuk u lejuan të bllokojnë bulevardin përpara ndërtesës së qeverisë për shkak të “aktiviteteve protokollare të qeverisë me një delegacion të huaj”.
Me të njëjtin argument, autoritetet më 25 shtator nuk lejuan që të paraqitej protesta kundër shtrenjtimit të energjisë elektrike të qytetarëve nga Çairi dhe “Ide të Zëshme”, ndërsa për “Të Premtet për të Ardhmen” kishte “zgjidhje konsensuale – të mbajnë tubim në trotuarin përballë Qeverisë, me maska dhe distancë ”.
“Kur bëhet fjalë për shëndetin e njeriut, është e vështirë të vendosësh se çfarë është përgjegjëse dhe çfarë është e papërgjegjshme. Nga njëra anë, po, është e papërgjegjshme të gruposh njerëz gjatë një pandemie, por është edhe më e papërgjegjshme që autoritetet të krijojnë arsye për grupime të tilla. U mëdyshje e kisha vazhdimisht, dhe jo vetëm unë, por edhe shumë aktivistë të tjerë. Por, megjithatë, ne dolëm për të protestuar, sepse menduam se problemet ishin shumë të mëdha dhe nuk mund të heshtim as gjatë një pandemie,” tha Cvetkovska nga “Të Premtet për të Ardhmen”.
Nëse në vitin 2019, “Të Premtet për të Ardhmen” zhvilluan nëntë tubime proteste, vitin e kaluar dolën në vetëm dy, e para prej të cilave ishte në shkurt, para fillimit zyrtar të pandemisë. Pandemia seriozisht u reflektua edhe mbi aktivitetet e skautëve. Para pandemisë, ata bënin rreth pesëmbëdhjetë ngjarje në vit, me rreth 1.500 pjesëmarrës. Vitin e kaluar kishin vetëm një kamp, me pesëdhjetë pjesëmarrës. Ajo që ata kuptuan ishte se për herë të parë u duhej të punonin plotësisht në internet. Online sfida e skautëve në Instagram dhe Tick Talk tërhoqi papritur një mijë të rinj.
“Kishte sfida si bërja e petullave, punimi e një terrariumi, të luajnë ‘Blinding Lights’ në TickTock. Sfidat ishin argëtuese gjatë kohës që ata kalojnë në shtëpi, që të jetë më argëtuese njëkohësisht, por edhe të mësojnë diçka të re. Madje edhe prindërit e fëmijëve u përfshinë në sfidat, kështu që doli një ide e shkëlqyer”, tha Ana Stojanoska, nga Unioni i Skautëve.
Të rinj të ndryshëm – në mënyrë të ndryshme e kuptuan aktivizmin në kohë pandemie. Qoftë të bëhet fjalë për protestë kundër shtrenjtimit të energjisë elektrike ose ndotjes, apo aksione për personat nën rrezik social.
Sa online është mjaftueshëm online?
Pandemia i detyroi të rinjtë të rinë në shtëpi për të parandaluar përhapjen e koronavirusit. Organizatat rinore anuluan shumicën e aktiviteteve që kërkonin më shumë njerëz të mblidheshin në një vend. Zoom, Discord, Microsoft Times, Google Meat … janë bërë vende për shoqërim, mësim, marrëveshje, ndjekjen e ngjarjeve, mbajtjen e trajnimeve.
Online aktivizmi ka mbetur forma e vetme e qasshme dhe e sigurt për aktivizëm, janë të mendimit nga Forumit Rinor Arsimor.
“E dimë që si grup shoqëror, nxënësit dhe të rinjtë kanë pësuar ndryshimet më drastike në jetën e tyre të përditshme, kështu që përpiqemi të sigurojmë mbështetje duke krijuar aktivitete rinore për arsim joformal dhe online shoqërim,” shpjeguan ata.
Pandemia ndikoi ndjeshëm në punën e organizatave rinore, tregoi anketa e Radio MOF, dërguar në 41 organizata. 16 prej tyre u përgjigjën. Shumica thonë se pandemia ka ndikuar seriozisht në punën e tyre. Pagat u shkurtuan, projektet u rishikuan, priteshin përgjigje nga institucionet.
Ndihmë përmes pyetësorit të Google Forms
Gjatë vitit 2020, shumica e tyre thonë se kanë pasur më pak mjete në dispozicion nga donatorët, zvogëlim të pagave, por edhe zvogëlimin e numrit të të punësuarve.
Këshilli Kombëtar i Rinisë së Maqedonisë (NYCM), i cili ka mbi 50 anëtarë, thekson se, në përgjithësi, numri i organizatave që kanë buxhete mbi 2.000.000 denarë është ulur me rreth 10%. Sipas KRNM, kjo nuk paraqet ulje të konsiderueshme.
“Megjithatë, ato (organizatat) tregojnë se donatorët janë fleksibël dhe të hapur për bashkëpunim dhe përshtatje të aktiviteteve,” thonë.
Ndihma e qeverisë në formën e mbështetjes së njëhershme për pagat e punonjësve dhe profesionistëve të pavarur, për periudhë prej dy muaj, arriti tekstualisht javën e fundit të vitit 2020. Organizatat thonë se paraprakisht kishin marrë vetëm një pyetësor nga Google Forms. Disa nga ata që kemi kontaktuar problematizojnë se koha nuk ishte shumë e përshtatshme, është kryer “në minutën e fundit”, në kohë kur nuk është formuar Regjistri i Organizatave Rinore.
Qeveria thotë se kjo ishte një propozim masë e përbashkët që erdhi nga shtatë organizata rinore dhe organizatat për të rinjtë.
“Në suazat e kësaj mase, 43 organizata u mbështetën, 6 organizata hoqën dorë nga përdorimi i fondet në dobi të organizatave të tjera, ndërsa janë informuar gjithsej rreth 100 organizata aktive duke përdorur bazat e KRNM-së, Koalicionit SEGA, ARS, Qeverisë dhe bashkëpunimit dhe partneritetet të deritanishëm që Qeveria ka në fushën e rinisë dhe politikave rinore. Kjo masë mbështeti 100 punonjës dhe 151 punonjës me kohë të pjesshme në 43 organizata në të gjithë vendin. “Mbështetja totale ishte rreth 10.000.000 denarë,” thonë nga Qeveria.
Të rinjtë në krizë
Megjithatë, kërkesat e dokumentit “Të rinjtë në krizë”, i cili u prezantua në prill nga një grup prej 12 organizatash, ishin të ndryshme dhe më gjithëpërfshirëse. Qëllimi i dokumentit ishte të zbulonte që në fillim të pandemisë se si të rinjtë dhe organizatat e tyre mund të ndihmohen.
“Dokumenti Të rinjtë në Krizë rekomandoi që të ketë grante të drejtpërdrejta operative për organizatat rinore, dhe jo vetëm të paguhen pagat e punonjësve për dy muaj,” tha Bllazhen Maleski nga Reaktor, një nga autorët e dokumentit.
Kjo do të nënkuptojë që organizatat rinore mund t’i përdorin paratë për atë që u nevojiten më shumë, dhe jo për atë që qeveria mendon se u duhen më shumë. Për më tepër, dokumenti përmbante një numër rekomandimesh urgjente për të zvogëluar efektet negative nga Kovid-19 kriza mbi të rinjtë.
“Në përgjithësi, rreth 30% e rekomandimeve u transferuan në një farë mënyre në disa politika qeveritare, në paketat ekonomike. Sidoqoftë, një vit pasi filloi kriza, mund të shohim se jo të gjitha masat ishin të mjaftueshme dhe ato që ne po propozonim ndoshta nuk do të ishin të mjaftueshme për sa i përket efekteve që po shohim sot, ndërsa kjo është se papunësia e të rinjve është rritur, për rreth 4 përqind, ndërsa papunësia e përgjithshme për 0,5%. Kështu që mund të konkludojmë se kriza ndoshta ka goditur më shumë të rinjtë në segmentin e punësimit, përkatësisht se ata kanë humbur vendet e tyre të punës”, tha Maleski, dhe shton se sa më të varfër janë të rinjtë, aq më të vogla janë mundësitë ata të aktivizohen dhe të përfshihen në vendimmarrje.
Maleski është i zhgënjyer që shumë institucione, përfshirë Agjencinë për Punësim, përkundër pandemisë nuk bënë përpjekje të digjitalizohen. Të rinjtë që ngelën pa punë, në vend online, është dashur personalisht të paraqiten në njësitë rajonale.
Edhe nga KRNM thonë se te organizatat si problem u paraqit edhe detyrimi ligjor për organizimin e Asamblesë vjetore, me prani fizike, në mes të pandemisë.
“Asambletë elektronike rrallë u pranuan nga Regjistri Qendror,” thonë nga KRNM-ja.
Komunikimi me institucionet ishte gjithashtu një sfidë, mbi të gjitha marrja e përgjigjeve në kohë.
“Organizatat tona – anëtare nuk kanë qenë në gjendje të komunikojnë me institucionet (Sekretariati për Çështjet Evropiane) për muaj, gjatë sigurimit të vërtetimit për regjistrim të projektit dhe vendimit për regjistrim të tatimpaguesit dhe me muaj janë penguar të implementojnë aktivitetet e tyre”, theksojnë nga KRNM-ja, duke shtuar se disa institucione si Agjencia për të Rinj dhe Sport, në vend në vend të mënyrës digjitale kanë kërkuar dorëzimin e dokumenteve dhe aplikacioneve.
Pandemia gjithashtu vonoi qasjen e të rinjve në qendrat komunale rinore. Siç sqarojnë nga KRNM, për momentin vetëm një qendër rinore është hapur zyrtarisht në Komunën Qendër, ndërsa një tjetër është e gati, në Kavadar.
“Katër qendra do të hapeshin vitin e kaluar, proces që u vonua si rezultat i pandemisë,” thonë nga KRNM.
Në buxhetin e Agjencisë për Rini dhe Sport për këtë vit janë planifikuar 500.000 denarë për mobile për qendrat rinore, si konfirmim se ato do të hapen. Me ato do të duhet të pajisen katër qendra në Veles, Kumanovë, Manastir dhe Kavadar. Prokurimi publik është planifikuar për në muajin shkurt, por për momentin nuk ka asnjë shpallje.
Më pak punë në terren – më pak ndihmë për komunitetin
Pothuajse të gjitha organizatat në studimin tonë deklaruan se kishin ulje prej 80% në aktivitetet në terren. Kjo do të thotë që ata duhej të rimendonin edukimin për moshatarët, kanë pasur kufizime në iniciativat vullnetare, praktika të dështuara, por gjithashtu edhe më pak punë me të rinjtë në aksionet lokale në komunitet.
Lidhur me këtë të fundit, Equalis propozon Program për Shërbim Komunitar, i cili sipas tyre nuk ekziston në shkolla. Nxënësit e shkollave të mesme, përmes sistemit formal, do të inkurajohen të bëjnë shërbim në komunitet përmes mentorëve, përmes 10 orëve të shërbimit në komunitet. Nxënësit të angazhohen dhe të mbledhin donacione për familjet në rrezik social, të bëhen vullnetarë për personat me zhvillim atipik, për përmirësimin e barazinë gjinore…
Kjo është e rëndësishme nëse dihet se sondazhi “Status rinor quo – 10 vjet stagnim” i FAR tregoi se 54% e nxënësve të shkollave të mesme dhe studentë nuk kanë qenë kurrë pjesë e një aktiviteti për zgjidhjen e problemeve në komunitetin e tyre, dhe pothuajse një e treta e tyre mendoni se “asgjë nuk mund të ndryshojnë” me një angazhim të tillë.
Për më tepër, studim i “Të rinjtë Munden” tregoi se mbi 70% e të rinjve nga Aerodromi, Qendra dhe Karposhi kurrë nuk ishin përfshirë në zgjidhjen e një problemi komunal.
Pandemia hapi mundësi të reja
Stanisha Stankoviq jeton në Manastir. Elena Timova në Negotinë. Po të mos ishte pandemia, ata ndoshta nuk do të ishin takuar dhe nuk do të kishin filluar një emision të shkollës së mesme në Radio MOF. Pa menduar, të dy pranuan propozimin për të krijuar së bashku një emision të ri për publikun që të mund të dëgjojë mendimet e nxënësve të shkollave të mesme. Emisionin e punojnë nga shtëpia, diçka që ishte pothuajse e pamendueshme vetëm një vit më parë.
“Vij nga një qytet i vogël dhe aktivizmi nuk ekziston fare në vendin tonë. Kishte një organizatë joqeveritare, por kur ata u larguan në fakultet ose jashtë vendit në kolegj ose jashtë vendit, nuk mbeti asnjë “trashëgimtar” që do të vazhdonte të udhëhiqte gjithë atë”, sqaron Elena.
Ajo thotë se pandemia ka hapur mundësi të reja për të marrë pjesë në aktivitetet e organizatave joqeveritare të vendosura kryesisht në Shkup. Nëse deri vitin e kaluar ajo i atribuonte pasivitetin e kolegëve të saj mundësive modeste të cilat i ofron një qytet i vogël, tani paksa e zhgënjyer të thotë se shokët e saj të klasës janë kryesisht të painteresuar dhe të painformuar.
Një pjesë e organizatave të Radio MOF, thonë se pandemia i ka lejuar të rrisin numrin e vullnetarëve dhe të kontaktojnë grupet që më parë nuk mund të përfshinin. Forumit Rinor – Krushevë, pandemia u tregoi se ata mund të organizojnë konferenca të suksesshme ku, siç thonë ata, ndryshe nga më parë, të rinjtë janë të përfshirë 100%. Në të njëjtën kohë, ata ofruan folës të cilët deri më tani vetëm mund t’i ëndërronin.
“Kemi arritur folës nga Komisioni Evropian, nga Parlamenti Evropian, të cilët fatkeqësisht, për shkak të agjeendave të tyre të ngjeshura dhe një milion përgjegjësive kur nuk ishte pandemi, nuk mund të pranonin ftesat për pjesëmarrje. “Dhe tani, të gjithë mund të gjejnë gjysmë ore dhe të përfshihen në online forume, të mbajnë fjalimet e tyre dhe të komunikojnë me të rinjtë, që është një shans të paktën virtualisht të njoftojnë këta vendimmarrës të rëndësishëm,” tha Anelija Mitrova nga Unioni.
Aktivizmi rinor – mungesa e dukshmërisë dhe mbështetjes thelbësore
Gjatë pandemisë, Oliver Andreevski mbrojti disertacionin e tij në Institutin e Etnologjisë dhe Antropologjisë. Tema që ai zgjodhi ishte pikërisht aktivizmi rinor në vend. Sipas tij, sfidat më të mëdha me të cilat përballet janë mungesa e dukshmërisë dhe mbështetja thelbësore nga palët e interesuara përkatëse në shoqëri.
“Aktivizmi “mbijeton” kryesisht për shkak të mbështetjes thelbësore nga institucionet ndërkombëtare. Fjala “mbijeton” është rrethanë fatkeqe, duke pasur parasysh që institucionet kombëtare i mbështesin pak ose aspak nuk i mbështesin ose trajtojnë si fenomen i rëndësishëm shoqëror”, analizon ai.
Megjithatë, sipas Andreevskit, ai është shkas inicial për proceset dhe politikat që shteti fillon ose miraton për të rinjtë.
“Përkundër të gjitha sfidave, aktivizmi rinor në RMV në vazhdimësi është i pranishëm dhe mbijeton, pavarësisht nga arsyet e veprimit dhe qëllimet që dëshiron të arrijë”, tha antropologu i ri.
Cvetkoska, nga “Të Premtet për të Ardhmen”, është e sigurt se pandemia nuk do të shkatërrojë aktivizmin rinor.
“Vetëm e modifikon përkohësisht. Pothuajse i gjithë aktivizmi gjatë pandemisë u transferua në platformat online, por për mendimin tim rezultati i këtij modifikimi ishte pozitiv sepse të rinjtë u bënë më të vetëdijshëm për problemet rreth tyre, të cilat fatkeqësisht po shumohen çdo ditë. Megjithatë, mendoj se pas përfundimit të pandemisë, aktivizmi do të jetë përsëri i pranishëm në rrugë, atje ku edhe takon”, tha ajo.
Dimitrievski nga Equalis mbetet i shqetësuar nëse do të mbijetojnë në kohë pandemie, por gjithashtu nëse do të kenë hapësirë për takime të sigurta.
Andrea Ugrinovska qëndron në Londër, të punuar nga shtëpia. Zyra e saj është mbyllur përgjithmonë për shkak të pandemisë. Ne jemi, thotë, brez i nomadëve digjitalë.
“Jam e mendimit se pandemia ka bërë një filtër të shkëlqyeshëm të asaj se ku kemi kaluar kohë kot dhe ku kemi mundur të bëjmë diçka më shumë. Mendoj se na bëri shumë më produktivë. Por, nuk mendoj se është fundi, mendoj se është fillimi i një forme krejtësisht të re të pjesëmarrjes rinore. Dhe nuk mund të ndërtohet vetëm nga organizatat. Duhet të ndërtohet së bashku me të rinjtë që nuk janë në organizata, me të rinjtë që veprojnë vetë dhe me vendimmarrësit të cilët duhet të njohin format të reja të pjesëmarrjes. Nëse ata janë të verbër dhe presin gjatë gjithë kohës për të vjetrën, atë të cilën e njohim dhe atë çfarë kemi bërë qindra herë, atëherë i gjithë sektori do të ngecë”, thotë ajo.
Jasmina Jakimova / Bojan Shashevski / Ivana Smilevska
*Përgatitja e kësaj storje kërkimore është mbështetur nga Iniciativa për Demokraci në Ballkanin Perëndimor, program i Fondacionit Westminster për Demokraci. Përmbajtja e kësaj storje kërkimore nuk pasqyron domosdoshmërisht pikëpamjet ose mendimet e Fondacionit Westminster për Demokraci ose Qeverisë Britanike.