Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Сè поголем број интернет корисници го користат „Јутјуб“ како платформа на која креативно се изразуваат, пренесуваат пораки, или едноставно се забавуваат. Македонската „Јутјуб“ заедница е мала, но сѐ повеќе се зголемува.
Радио МОФ разговараше со LordOFails, IB Production и 100JAN, тројца „јутубери“ кои го опишаа нивното искуство. Преку своите влогови, тие директно ја вклучуваат својата публика што дополнително ја руши бариерата – телефонски или компјутерски екран, односно се овозможува поблизок однос со личноста зад камерата и директна интеракција.
Во продолжение, прочитајте што тие имаат да кажат за македонската „Јутјуб“ сцена:
„Јутубер“ сум поради неколку причини – прво, поради самиот себе, ме исполнува, сакам да се развие ‘Јутјубот’ во Македонија. Покрај тоа, правам пракса на тоа што сакам да го студирам во иднина“, вели младиот Димитар Долгоски од Битола, познат како LordOFails. Неговиот канал досега има 22 илјади следбеници. За себе вели дека е фокусиран на гејмингот, но повремено прави и „live“ стримови, песни, предизвици… Омилен дел од целиот процес му е монтажата.
За Долгоски, „јутуберството“ не само што е хоби, забава и прикачување видеа, туку и работа која бара да се истакне од останатите видеоканали и да покаже што најдобро знае.
„Македонската публика е малку поразлична од публиката во другите земји“, оценува тој.
„Нашата публика е релативно млада популација и 90 отсто од неа не го разбира и не го гледа видеото како што треба да биде гледано. Колку и да снимам поедукативна содржина, публиката не е заинтересирана, едноставно не им е интересно. Поради тоа, се оттргнав од нешто што ќе им помогне во животот и се префрлив на помалку сложени видеа и почнав да снимам нешто што ќе им задржува внимание, како на пример игри, предизвици и слично“, објаснува Долгоски.
Вели порано било полесно да се стане „јутубер“, бидејќи немало премногу луѓе кои го правеле тоа.
„Денес да почнеш без опрема, без идеја, без глупирање, не можеш да бидеш ‘јутубер’. Треба да си полн со идеи, да снимаш нешто што ќе ја изненади публиката, што другите ‘јутубери’ нема да го направат и нормално, поседување добри вештини за монтажа на видеата и сликите“, појасни тој.
Според него, „Јутјуб“ заедницата треба да произведува повеќе едукативни и позитивни производи за својата публика.
„Сепак, станува збор за деца од 7 до 11 години и тие ќе пораснат некој ден, па ќе го прават тоа што сме им го пренеле“, нагласува Долгоски.
Во иднина, на „Јутјубот“ гледа како втора професија, иако очекува да се појави друга платформа која ќе го совлада, слично како што „Инстаграм“ го направи тоа со „Фејсбук“.
„Сакам да соработувам само со оној кој не ме гледа како ‘јутубер’, туку ме гледа како позитивна личност“, истакна Долгоски.
Стојан Ѓоревски од Скопје се смета за релативно нов во македонската „Јутјуб“ заедница. Својот канал го започнал со скечеви, но подоцна решил да претставува лични случки и да споделува ставови на одредени теми. Идејата за свој канал се родила гледајќи ги останатите македонски „јутубери“.
„Едноставно се пронајдов во тоа“, вели Ѓоревски.
„Лично за мене, ‘Јутјуб’ е платформа каде што можам да кажам сè што сакам, да реализирам сè што имам замислено, да споделам свои мислња и ставови, да стекнам искуство за создавање на видеа итн. Од друга, но сепак многу иста страна, ‘јутуберство’ за мене значи сплет од сите предходно набројани работи, дополнително зачинети со љубовта и енергијата која ја пренесуваме преку видеата со цел нечиј ден да биде разубавен“, вели тој.
Од сè што му доаѓа на ум, Ѓоревски се обидува да го конвертира во видео. Тој се радува што постои конструктивна критика од публиката, која го вреднува неговиот труд.
„Знам дека има периоди пред мене и секако ќе има периоди и после мене во ‘Јутјуб“ заедницава. Познавајќи го овој период, т.е. периодот од кога започнав да сум во контакт со речиси сите македонски ‘јутубери’, па сè до овој момент, работите се сменија премногу. Нема да зборам во детали, но ќе кажам само дека вистинските ќе останат. Не само во смисла на ‘јутубери’, туку во смисла и на луѓе со вистински морални вредности“, нагласи тој.
Според Ѓоревски, ‘јутубер’ не може да биде секој. Тој смета дека претходно треба да се поседуваат одредени “квалитети”.
„Енергичност, креативност, работливост, харизматичност се само неколку од бројните “квалитети” кои треба да се поседуваат“, смета тој.
Ѓоревски се надева дека и во Македонија ќе се развие „јутуберството“ во платформа каква што имаат соседните земји. Според него, „јутуберството“ расте со намера да прерасне во нешто огромно.
„Свесно или несвесно, секој од нас знае дека ‘Јутјубот’ има големо влијание врз заедницата, особено врз помладите. Јас отсекогаш сум гледал да ја покажам реалната слика за животот и светот и лично не се срамам да употребам недолични зборови, бидејќи сепак тие се дел од нашето секојдневие сакале или не. Младите учат од нас, младите сакаат да се како нас. Треба да внимаваме што кажуваме и како го кажуваме тоа. Треба да внимаваме што правиме и зошто го правиме тоа. Сè зависи до нас како креатори“, потенцира тој.
Ѓоревски вели дека дека досега нема одбиено соработка. Сепак, омилени му се соработките со креативни луѓе кои знаат што сакаат да направат и се спремни тоа да го реализираат.
„Никогаш не ни помислив дека ќе стигнам до каде што сум сега. Низ целиот овој пат успеав да научам премногу работи, како за видео така и за животот. Запознав многу нови луѓе кои ја делат истата страст за видеата, запознав нов свет и нов начин на живот. Отсекогаш сум правел анализа на работите кои ми се случуваат во животот од трето лице и секогаш таа анализа ме водела до едно: Ништо не е невозможно ако доволно се трудиш. Може да е премногу тешко и макотрпно, но не и невозможно“, порачува тој.
Покрај Долгоски, од Битола доаѓа и Бобан Бошевски, познат како IB Production. За него, да се биде „јутубер“ е начин на живот. Прави видеа што го исполнуваат, а тоа најчесто се видеа во кои вози велосипед со своите другари, тестира храна и прави влогови додека шета низ Европа, но прави и предизвици со други „јутубери“. Неговиот канал го следат над 35 илјади корисници.
„Според коментарите и лајковите што ги добивам на видеата мојата публика со нетрпение го очекува секое ново видео. ‘Хејт’ коментарите завмене значат дека ме следат и тие што ме нејќат“, вели тој.
Бошески често соработува со други „јутубери“, бидејќи како што вели – соработката е темел за развој на „Јутјубот“ во Македонија. Неговото искуство покажало дека пред сè е потребна желба да се прави ова, а другото само доаѓа.
Најпозитивни моменти за Бошески се дружењата на настани, случајните средби и фотографирањето со своите обожаватели.
„Сакам да соработувам со секој што е креативен и сака да работи“, вели тој за своите планови во иднина.
Стефан Митиќ
*Фотографиите се од лични архиви на соговорниците
-
Çfarë duhet që të bëhesh “Jutuber”? -LordOFails, IB Production dhe 100JANpër “Jutjub” skenën maqedonase
Numër gjithnjë e më i madh përdorues e përdorin “Jutjub” si platformë në të cilën shprehen në mënyrë kreative, bartin mesazhe ose thjesht argëtohen. “Jutub” komuniteti maqedonas është i vogël, por po rritet gjithnjë e më tepër.
Radio MOF bisedoi me LordOFails, IB Production dhe 100JAN, tre “jutuber” të cilët e përshkruan përvojën e tyre. Nëpërmjet faqeve të tyre, ata drejtpërdrejtë e përfshijnë publikun që në mënyrë plotësuese të rrënojnë barierën – telefonike ose kompjuter me ekran, respektivisht mundësohet raport më i afërt me personin mbrapa kamerës dhe interaksion i drejtpërdrejtë.
Në vazhdim, lexoni çfarë kanë të thonë ata për “Jutub” skenën maqedonase:
LordOFails
“Jutuber” jam për disa shkaqe – e para, për veten time, më plotëson, dëshiroj të zhvillohet “Jutjubi” në Maqedoni. Përpos kësaj, bëj praktikë për atë që dua ta studioj në të ardhmen”, thotë Dimitar Dolgoski nga Manastiri, i njohur si LordOFails. Kanali i tij deri tani ka 22 mijë ndjekës. Për vete thotë se është fokusuar në gejming, por kohë pas kohe bën edhe “live” strime, këngë, sfida… Pjesa më e pëlqyer nga i gjtihë ky proces është montimi.
Për Dollgoski, “jutuberimi” nuk është vetëm hobi, argëtim dhe ngarkim të videove, por edhe punë e cila kërkon të veçohet nga videokanalet të tjera dhe të tregojë çfarë di më mirë.
“Publiku maqedonas është pak mw ndryshe nga publiku në vendet të tjera”, vlerëson ai.
“Publiku jonë është relativisht i ri dhe 90 përqind e popullatës nuk e kuptojnë dhe nuk e shohin videon siç duhet parë. Sado përmbajjte produktive të incizojmë, publiku nuk është i interesuar, thjesht nuk ju duket interesant. Për këtë shkak, u nisa nga diçka që do tju ndihmojë në jetë dhe u transferova në video më pak të komplikuara dhe fillova të incizoj diçka që do t’ju tërheqë dhe mbajë vëmendjen, si për shembull lojëra, sfida dhe ngjashëm”, sqaon Dollgoski.
Thotë më parë ka qenë më lehtë të bëhesh “Jutuber” sepse nuk ka pasur shumë njerëz të cilët e kanë bërë këtë.
“Sot të fillosh pa pajisje, pa ide, pa marrëzira, nuk mund të bëhesh “jutuber”. Duhet të jesh plot me ide, të incizosh diçka që do të befasojë publikun, që “jutuberët” të tjerë nuk do ta bëjnë dhe normalisht, posedimi i shkathtësive të mira për montim të videove dhe fotografive”, sqaroi ai.
Sipas tij, “Jutjub” komuniteti duhet të prodhojë më tepër prodhime edukative dhe pozitive për publikun e tij.
“Megjithatë, bëhet fjalë për fëmijë të moshës 7 deri në 11 vjet dhe ata do të rriten një ditë, dhe do ta bëjnë atë që jua kemi bartur”, thekson Dollgoski.
Në të ardhmen “Jutjubin” e sheh si profesionin e dytë, edhe pse pret të paraqitet platformë tejtër e cila do ta mbisundojë, ngjashëm siç “Instagrami” e bëri këtë me “Fejsbuk”.
“Dëshiroj të bashkëpunoj vetëm me atë që nuk më sheh di “jutuber” por më sheh si person pozitiv”, theksoi Dollgoski.
100jan
Stojan Gjorevski nga Shkupi konsiderohet si relativisht i ri në “Jutjub” komunitetin maqedonas. Kanalin e tij e ka filluar me storje të shkurta, por më vonë ka vendosur të paraqesë ngjarje personale dhe të ndajë qëndrime për tema të caktuara. Idea për kanalin e vet, ka lindur duke parë “jutuberët” maqedonas, të tjerë.
“Thjesht e gjeta veten në këtë”, thotë Gjorevski.
“Personalisht për mua, “Jutu” është platformë ku mund të them çfarë të dua, të realizoj gjithçka që kam imagjinuar, të ndaj mendimet dhe qëndirmet time, të fitoj përvojë për krijimin e videove të reja etj. Nga ana tjetër, por megjithatë anë shumë e njëjtë, “jutuberia” për mua do të thotë gërshetim i të gjitha punëve të tjera të përmendura, në mënyrë plotësuese të plotësuara me dashuri dhe energji të cilën e bartim nëpërmjet videove me qëllim dita e dikujt të jetë më e bukur”, thotë ai.
Nga gjithçka që i vjen ndër mend, Gjorevski përpiqet ta konvertojë në video. Ai gëzohet që ekziston kritikë konstruktive nga publiku, i cili vlerëson mundin e tyre.
“E di se ka periudha para meje dhe sigurisht ka periudha edhe pas meje në “Jutjub” komuniteti. Duke e njohur këtë periudhë, respektivisht periudhën prej kur fillova të jem në kontakt me pothuajse të gjithë “jutuberët” maqedonas, deri në këtë moment, punët u ndryshuan shumë. Nuk do të flas në detaje, por do të them vetëm se të vërtetët do të qëndrojnë. Jo vetëm në kuptim të “jutuberëve” por edhe në kuptimin e njerëzve me vlera të vërteta morale”, theksoi ai.
Sipas Gjorevski, “jutuber” nuk mund të jetë secili. Ai konsideron se paraprakisht duhet të posedojnë “cilësi” përkatëse.
“Energji, kreativitet, punëtor, harizmë janë vetëm disa nga “cilësitë” e numërta të cilat duhet të posedohen”, konsideron ai.
Gjorevski, shpreson se edhe në Maqedoni do të zhvillohet “jutuberia” në platformë siç kanë edhe vendet fqinje. Sipas tij, “jutuberia” rritet me qëllim të shndërrohet në diçka gjigante.
“Me ose pa vetëdije, secili nga ne e di se “Jutubi” ka ndikim të madh mbi komunitetin, në veçanti mbi të rinjtë. Unë prej çdo herë kam shikuar të tregoj imazhin real për jetën dhe botën dhe personalisht nuk turpërohem të përdor fjalë të pa përshtatshme, sepse megjithatë ato janë pjesë e jetës sonë të përditshme dashkemi ne ose jo. Të rinjtë mësojnë nga ne, të rinjtë dëshirojnë të jenë si ne. Duhet të kemi kujdes çfarë themi dhe si e themi këtë. Duhet të jemi të kujdesshëm çfarë bëjmë dhe pse e bëjmë këtë. Gjithçka varet nga ne si kreatorë”, thekson ai.
Gjorevski thotë se deri tani nuk ka refuzuar bahskëpunim. Megjithatë, i pëlqejnë bashkëpunimet me njerëz kreativ të cilët dinë çfarë duan të bëjnë dhe janë të gatshëm ta realizojnë këtë.
“Asnjëherë as që kam menduar se do të arrij deri ku jam tani. Nëpër të gjithë këtë rrugë ia dola të mësoj shumë gjëra, si për video ashtu edhe për jetën. Njoftova shumë njerës të rinj të cilët e ndajnë pasionin e njëjtë për videon, njoftova botë të re dhe mënyrë të re të jetës. Çdo herë kam bërë analizë të punëve të cilat më ndodhin në jetë nga persona të tretë dhe çdo herë kjo analizë më ka çuar në një drejtim: Asgjë nuk është e pamundur nëse përpiqesh mjaftueshëm. Mund të jetë shumë e vështirë dhe e mundimshme, por jo edhe e pamundur”, thotë ai.
IB Production
Përpos Dollgoski, nga Manastiri vjen edhe Boban Boshevski, i njohur si IB Production. Për të, të jesh “jutuber” është mënyrë e jetës. Bën video të cilat e plotësojnë, ndërsa këto zakonisht janë video në të cilat nget bicikletë me miqtë e tij, teston ushqim dhe bën video duke shëtitur nëpër Evropë, por bën edhe sfida me “jutuberë” me të tjerë. Kanalin e tij e ndjekin mbi 35 mijë shfrytëzues.
“Sipas komenteve dhe pëlqimeve që i fitoj për videot, publiku im me padurim e pret çdo video të tij të re. “Hejt” komentet për mua do të thotë se më ndjekim edhe ata që nuk më pëlqejnë”, thotë ai.
Bosheski shpesh bashkëpunon me “jutuber” të tjerë, sepse siç thotë ai – bashkëpunimi është themel për zhvillim të “Jutjubit” në Maqedoni. Përvoja e tij ka treguar se para së gjithash nevojitet dëshirë që të bëhet kjo, ndërsa tjetra vjen vetë.
Momentet më pozitive për Bosheskin janë shoqërimet në ngjarje, takime të rastësishme dhe fotografim me ardhuruesit e tyre.
“Dëshiroj të bashkëpunoj me secilin që është kreativ dhe dëshiron të punojë”, thotë ai për planet e tij në të ardhmen.
Stefan Mitiq
*Fotografitë janë nga arkivat personale të bashkëbiseduesve