Кои се тие едноставни чекори и навики кои секој може да ги користи за поголема безбедност и превенција од сајбер инцидент?
На ова прашање ќе зборува Гоце Арсовски од организацијата Метаморфозис кој има долгогодишно искуство во областа. Настанот ќе се одржи со физичко присуство оваа среда (27 октомври) со почеток во 17:30 часот, во Europe House Skopje.
Организатор на настанот е Глобал Шејперс Скопје Хаб со цел одбележување на месецот октомври кој е месец на сајбер безбедноста.
„Живееме во време кога сè поголемиот дел од часовите во денот ги поминуваме онлајн. Но, колку навистина се грижиме за добрите навики во виртуелниот простор. Саjбер хигиена е процес на континуирана имплементација на едноставни, секојдневни постапки и навики при користење на интернетот и ИКТ, со цел зголемена безбедност и превенција од сајбер инцидент“, стои во најавата.
На настанот може да присуствуваат 15 учесници со задолжителна потврда за извршена вакцинација (за примена минимум една доза на вакцина) или документ во кој е наведен датум дека 45 дена пред настанот лицето има прележано КОВИД-19. Сите мерки за заштита ќе бидат преземени.
Задолжителна е регистрација за учество на настанот на следниот ЛИНК.