Заврши средбата меѓу студенти велосипедисти и европратеници, а на неа детално беше објаснето што се случи на 15 март на протестот во Белград. Пратениците ветија дека ќе зборуваат за барањата на студентите во Европскиот парламент, а европратеничката од Словенија вети и дека „ќе тропне на вратата на Урсула фон дер Лајен“, пишува Н1.
Студентите им врачија на европратениците писмо во кое тие го опишаа видот на тортура низ која поминуваат. Фокусот беше ставен на тоа што на протестот на 15 март, кој беше најголемиот досега, беше употребено забрането оружје. Од изразот на француската европратеничка, како што јави репортерката на Н1, се виде дека таа можеби првпат ја слуша оваа информација.
Детално е објаснето како се чувствуваат луѓето по инцидентот. Студентите привлекоа внимание на корупцијата и недостатокот на демократија. Пратениците одговорија дека не сакаат да се мешаат во внатрешните проблеми, туку дека ќе им помогнат во борбата бидејќи се борат за вистинските вредности. Тие добија пофалби за нивниот подвиг и возењето до Стразбур.
Им објаснија како функционира системот во ЕП – дека самите пратеници имаат минута да ја објаснат ситуацијата за која се залагаат, но заедно ќе имаат три минути, бидејќи ги има тројца и дека ќе направат се за да ги заинтересираат и другите пратеници за студентската борба. Словенечката пратеничка рече дека ќе побара средба со претседателот на Европската комисија.
Еден од студентите на пратениците им подари свирчиња со велосипеди и крвава рака на нив. Им предложи да ги искористат своите три минути во ЕП правејќи врева.