Што пееше Killah P, грчкиот рапер убиен од член на „Златна зора“

“Нема да плачам, нема шанси да се плашам!” – овој стих е дел од песните на 34-годишниот грчки рапер Павлос Фисас (попознат како Killah P), кој беше убиен од член на парламентарната неофашистичка партија Златна Зора. Партијата во меѓувреме се огради од одговорност за убиството но истовремено, како своевидно објаснување на случајот, наведува дека убиениот “бил познат по своите антифашистички изјави”.

Што пееше Killah P, грчкиот рапер убиен од член на „Златна зора“

Еве го текстот и видеото од песната на Killah P:

НЕМА ДА ПЛАЧАМ

Тие ми велат дека ако излезам од кругот, ќе се изгубам.
Смеам да се движам само во неговиот радиус.
И дека светот е нескротен див ѕвер,
и кога тој гризе треба да си ќутам, за мое добро.
И кога се плашат дека можам да полудам,
ми велат да се скријам,
за да можам тајно да плачам.

И дека треба да си знам дека на оваа сцена сум премногу мал,
премногу мал за да ја променам.
Но јас, во див и горд танц,
како орел ќе летнам над тагите.
Нема да плачам,
нема шанси да се плашам!

Ќе направам гнездо на небото.
Ќе се симнам долу само кога сакам да се смеам.
Нема да плачам,
нема шанси да се плашам!

Ми велат дека ако одам повисоко
ќе ми се сврти во глава,
подобро е да се препелкам
со нив во калта.
И ако сакам да видам нешто повеќе,
само треба себеси во огледало да се зјапам.

И кога се плашат дека можам да полудам,
ми велат да се скријам,
за да можам тајно да плачам
И дека треба да си знам дека на оваа сцена сум премногу мал, премногу мал за да ја променам.
Но јас, во див и горд танц,
како орел ќе летнам над тагите.
Нема да плачам,
нема шанси да се плашам!

Извор: Off.net.mk