Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Што ги одбележа минатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Фото] Запуштените домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ уште чекаат на најавената реконструкција

Испукана фасада, расфрлано ѓубре и скршени прозорци. Вака однадвор изгледаат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

Таму пред неколку дена не можеа да се видат работници или градежна опрема за реконструкција на зградите, која според најавата на Министерството за образование и наука (МОН) треба да започне во втората половина на 2023 година.

[Фото] Запуштените домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ уште чекаат на најавената реконструкција

2. Дејан Илиевски, арборист: Најголем предизвик е немањето добар стандард за грижа за дрвјата

Скопје за кратко време е неколкукратно пораснат, па така објектите се зголемуваат и по број и по површина, а така почна и трајно да се губат дрјавата, бидејќи трајно се изгуби слободниот простор за нив, објаснува инженерот по озеленување и унапредување на животната средина и арборист Дејан Илиевски.

Па така, за големи дрвја, какви што се најмногу потребни, Илиевски вели дека треба и голем простор, а тие не можат успешно и долговечно да растат на тесен простор меѓу зграда и улица или меѓу патека и улица.

Дејан Илиевски, арборист: Најголем предизвик е немањето добар стандард за грижа за дрвјата

3. Мобилни телефони во(н) училишните часови

Смартфоните станаа неизоставен дел од личниот и социјален живот на младите. Ги користат за „скролање“ вести и рилови, играње видео игри, за фоткање, „бинџање“ серии, за комуникација, себепретставување… Во последниве години се случуваат и т.н. предизвици меѓу врсници, а интернетот отвора врата и за сајбер-булинг. Сите овие навики и трендови, помалку или повеќе, учeниците ги носат во школо, па е ставен на тест образовниот систем – или да се прилагодува на дигиталниот живот на младите и ги решава ситуациите во од, или да ги забранува телефоните како мерка против булинг и незаинтересираност на часовите, без притоа младите да добиваат чувство дека тоа им одзема некое право или слобода, туку им помага во едукацијата. Засега, постојат само поединечни протоколи за телефони по некои школи и општини, додека унифициран протокол за цела држава е во фаза на изработка.

Мобилни телефони во(н) училишните часови

4. С. Македонија на 39-тото место, но далеку од светскиот врв според Индексот на зајакнување на жените [Инфографик]

Северна Македонија е 39-та во светот според Индексот на зајакнување на жените, а 40-та според глобалниот родов паритет, покажува последниот извештај на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за 2022 година, во кој се анализираат податоци за 114 светски држави.

Иако извештајот директно не ги рангира државите, во него тие се поделени по групи кои покажуваат на кое ниво се стигнати овие општества, од високо до ниско.

Според тоа, С. Македонија се наоѓа во групата „средно-ниска“ според Индексот на зајакнување на жените, додека малку подобро стои според Индексот на родов паритет, каде е сместена во групата „средно-висока“.

С. Македонија на 39-тото место, но далеку од светскиот врв според Индексот на зајакнување на жените [Инфографик]

5. Факултетите се’ уште ги дискриминираат студентите со попреченост

Дури на 55% од факултетите нема студенти со попреченост или факултетите не водат статистика за бројот на ваков вид студенти. Ниту еден факултет не ги објавува своите соопштенија и документи во брајов формат, пристапен аудио формат или стандардно писмо во зголемен формат. Голем дел од предавалните и библиотеките на факултетите се со ограничена физичка пристапност, а дури на 55 % од факултетите нема лифт, иако се на повеќе катови. За 40 % од студентите со попреченост јавниот превоз е целосно непристапен. Само на 10 % од факултетите студентите со попреченост формално може да добијат литература во аудио или дигитален формат.

Факултетите се’ уште ги дискриминираат студентите со попреченост

Бонус:

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Михаил Гаџовски

Оваа недела во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставивме фотографии од Михаил Гаџовски кој доаѓа од Битола. Тој за Радио МОФ вели дека овие фотографии избрал да ни ги испрати затоа што сите имаат различна тематика и сите се фотографирани со мобилен телефон.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Михаил Гаџовски

#ПетАлбумиЗаПоДома на Иван Димишков – Димиш

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома го имаме Иван Димишков – Димиш (Dimish), 21-годишен музичар од Скопје, кој обожава со луѓето да ја сподели музиката која ја слуша.

Ова се неговите предлози што можете да ги слушате по дома:

#ПетАлбумиЗаПоДома на Иван Димишков – Димиш

#РаскажиМи: „Бисера“ од Маја Јовановска – Вулф

Неделава во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Бисера“ од Маја Јовановска – Вулф.

#РаскажиМи: „Бисера“ од Маја Јовановска – Вулф

[Подкаст]: Лесно ли е да се вози точак низ скопските општини?

Дупки, контејнери и коли по вело-патеките, високи рабници меѓу тротоарите, стресно возење по маалски улички, недостаток на зони „30“… Центарот за Одржливи иницијативи спроведуваше истражување за условите што Скопје ги нуди, или не ги нуди за граѓаните на велосипеди. Притоа, за првпат годинава Центарот ја воведува наградата за „Највело општина“.

Во подкастот „Заедничарење“ со Мери Бакалова Стојанова од Центарот дискутиравме за тоа што значи вело-општина. Дали општините се пријателски настроени кон велосипедистите, колку се безбедни за возење точак, дали треба повеќе да се работи на вело-инфраструктурата, но и воопшто на културата?

[Подкаст]: Лесно ли е да се вози точак низ скопските општини?