На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Што ги одбележа минатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1.[Мегафон] Мики Крстев: Ќе се бориме против рудникот, бидејќи храната ни ја земаат
Недостаток на вода, загадена храна, празни полиња… Ако се отвори рудник, жителите од Иловица и Штука велат дека не само нивните села, туку и целиот Југоисток и воопшто државата ќе има последици.
Оттука, во оваа епизода на „Мегафон“, за важноста за зачувување на природата и самоорганизираноста на младите зборува 25-годишниот Мики Крстев од селото Штука, дипломиран правник и активист од иницијативата „Младите на Штука-Иловица против рудникот“.
[Мегафон] Мики Крстев: Ќе се бориме против рудникот, бидејќи храната ни ја земаат
2.ГУП-от е личната карта на Скопје, ама му е истечена и не се знае кога ќе му биде сменета
„Културно ехо“ во фокус го има Генералниот урбанистички план (ГУП) за Скопје, кој велат дека е личната карта на градот, но, сепак, таа е веќе со поминат рок.
Стариот ГУП 2012-2022 формално истече, а новиот, според кој треба да се планира просторот во Скопје во наредната деценија (2022-2032), се’ уште не е изготвен и не се знае уште колку време ќе помине за да стапи на сила. Дотогаш, планирањето и деталните урбанистички планови што ги носат општините, се усогласува по стариот, донесен уште во мандатот на градоначалникот Коце Трајановски.
ГУП-от е личната карта на Скопје, ама му е истечена и не се знае кога ќе му биде сменета
Уставните измени влегоа во собраниска процедура со расправа во Комисијата за уставни прашања, каде со 10 гласа „за“ и 7 „против“ беше усвоен заклучокот за пристапување кон измена на Уставот.
Владата предлага во преамбулата после делот „…од бошњачкиот народ“, да се додадат „деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ“. Истовремено се предлага и промена во Амандманот XII од Уставот, кој се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците, каде се бара промена на бројот на членовите, од досегашните 19 да се зголеми на 43.
4.[Видео] Изложбата „Скопје – градот феникс“ ги учи младите за солидарноста
Музејот на Град Скопје сведочи за земјотресот што го погоди градот во 1963. Зелениот часовник, замрзнат на 5:17, е влез во временска машина. Внатре, освен сведоштва за катастрофата има и фрагменти од нова надеж.
Изложбата „Скопје – градот феникс“ на Зоја Богдановска ја одбележува шеесетгодишнината од катастрофата.
[Видео] Изложбата „Скопје – градот феникс“ ги учи младите за солидарноста
Владата на седница ја поништила својата одлука од пред еден месец за спојување на концесиите за ископ на минерални суровини на „Еуромакс ресоурцес“, соопшти на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека тој бил воздржан при гласањето.
„Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. Министерството за економија инсистира да се донесе некаква одлука, а која е подобрата одлука за интересот на граѓаните ќе каже времето и аргументите“, изјави Бектеши.
+ Бонус
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Димитар Атанасоски
Изборот за рубриката #НизТвојотОбјектив беа фотографии на Димитар Атанасоски, студент по камера на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Димитар кој за себе вели дека е филмофил кој сака да чита книги и излегува од реалноста, со фотографија се занимава веќе 7 ипол години, а досега учествувал на повеќе изложби во Македонија и странство.
„Се започна со искра на љубопитност и голема желба. Откако се запишав на факултет повеќе сум фокусиран на кинематографијата бидејќи ми буди повеќе адреналин, а фотографијата ми оди така, попатно. Искуството стекнато преку фотографијата многу ми помогна подоцна со снимањето бидејќи двете уметнички форми кохезивно се надополнуваат една со друга“, вели Атанасоски за Радио МОФ.
#РаскажиМи: пет кратки „Зен приказни“
Овојпат во рубриката #РаскажиМи читавме пет кратки зен приказни, објавени во истоимената збирка која е дел од проектот „Ѕвездите на светската книжевност“, во издание на „Магор“. Збирката „Зен приказни“ ја подготвиле книжевниците Владимир Јанковски и Владимир Мартиновски.
Еден од најзначајните современи проучувачи на зенот, Д. Т. Сузуки вели: „Вистината за зенот, или барем една трошка од вистината, е во тоа што здодевниот живот, животот на едноличното секојдневие што не нѐ вдаховнува, го претвора во живот-уметност, исполнет со вистинска внатрешна креативност“.