На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Што ги одбележа минатите седум дена, прочитајте во продолжение:
[Видео] Млади од Охрид, Тетово и Скопје зборуваат за проблемите во нивните градови
Во пресрет на Меѓународниот ден на младите (12 август), прашавме млади од неколку градови низ земјата што им недостасува во нивниот град за да ги задржи младите, но и што е она што би ги натерало да излезат на протест.
Погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ.
#РаскажиМи: Присвоено јунаштво од Силвија Митевска
Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Присвоено јунаштво“ од Силвија Митевска, што е првонаграден расказ на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ во 2018 година.
Силвија Митевска е поранешна параглајдеристка и репрезентативка во акробатско параглајдерство. Таа е ЕУ директорка на интернационалната консултантска организација Sport Diplomacy Alliance и основачка на локалната спортска организација Sport Social Solutions, со фокус на работа во полето на спортската дипломатија.
Има издадено две збирки раскази „Додека Данте спие“ и „Шепотот на Данте“ и е наградена авторка за расказите „Присвоено јунаштво“ при конкурсот на Нова Македонија и „Сонот на Лучија“ на интернационалниот саем на книгата во Торино, Италија.
[Фото] Тетово викендов се „удави“ во ѓубре
Гајби со зеленчук, пластични шишиња и амбалажи од храна и хигиенски производи, зеленики и дворски растенија, кеси со облека, душеци и друга покуќнина расфрлани околу контејнери викендов го преплавија Тетово.
По една прошетка долж улицата Маршал Тито која се протега од плоштадот низ центарот до кружниот тек што води кон патот за излез и влез во Скопје, можеше да се забележат преполните контејнери чиј смет тетовци го гледаа и мирисаа неколку дена.
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Драган Михајловски
Овој четврток во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии од Драган Михајловски.
[Фото] Со рок свирки и доделување на Наградите за младинско учество, се одбележа Денот на младите
Со настапи на бендовите „Рома рок скул“ и „Димиш“, доделување на наградите за младинско учество, презентација на Националната стратегија за млади 2023-2027 и гозба со бургери, на 11 август на Школка во Градскиот парк, , Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Младинскиот образовен форум (МОФ) го одбележааМеѓународниот ден на младите.
Одржувајќи се од 2000 година низ целиот свет на 12 август, Денот треба да ги потсети властите, институциите, политичарите, па и целата јавност за потребите на младите, бидејќи, како што многупати велат во политичките говори, „на младите останува иднината“.
[Фото] Со рок свирки и доделување на Наградите за младинско учество, се одбележа Денот на младите