Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1.Шестоодделенците и дел од третоодделенците ќе почекаат на учебниците, министерот вели дека ќе ги добијат до крајот на септември

Шестооделенците утре ќе ја започнат новата учебна година без учебници, бидејќи тие се` уште се во фаза на одобрување, а на учебници ќе почекаат и третоодделенците чии нови учебници се одобрени и во тек е нивно постепено печатење и доставување низ училиштата.

Шестоодделенците и дел од третоодделенците ќе почекаат на учебниците, министерот вели дека ќе ги добијат до крајот на септември

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на прес-конференција соопшти дека најголемиот дел од учебниците во основното образование се веќе испорачани до училиштата, а помал дел, претежно за новите учебници за шесто одделение уште трае процесот на одобрување и печатење, што според него би требало да трае најдоцна до крајот на септември.

2.Гелевски: Темата на попреченоста не е застапена во домашните книжевни изданија 

Зборувајќи за тоа колку темата на попреченоста е застапена во домашните книжевни изданија, главниот уредник на „Темплум“ и организатор на фестивалот „Друга приказна“, Никола Гелевски, посочи дека во домашните, таа не е застапена, а во регионалните е застапена чат-пат, но сепак слабо.

„Токму затоа ‘Друга приказна’ се занимава со попреченоста. Сакаме да претставиме дел од социјалните, политичките, културолошките позиции и идентитети на луѓето со попреченост. Сметаме дека е исклучително важно во нашата заостаната култура многу повеќе во јавноста да се внесуваат искуствата однадвор, од луѓе, писатели, теоретичари, уметници, активисти, кои имаат поголемо и подолго искуство на ова поле“, рече Гелевски.

Гелевски: Темата на попреченоста не е застапена во домашните книжевни изданија

3.Обвинителството отвори предистражна постапка за Клиниката за онкологија

По серијата по написи на неделникот „Фокус“ и „Слободен печат“ кои објавија дека онколошката терапија наменета за пациенти се препродавала на црниот пазар, припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство извршија претрес на Клиниката за онкологија и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои рекоа дека ќе бидат предмет на анализа и вештачење. Обвинителството и МВР продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка.

Обвинителството отвори предистражна постапка за Клиниката за онкологија

4.[Интервју] Јаков Наумоски од „Lincoln Letter“: Бираме да твориме рок бидејќи е многу другарски жанр

Младиот состав „Lincoln Letter“ по повеќе од тригодишна пауза извади нов албум „Raise The Sails“, кој ќе биде промовиран и во Младинскиот културен центар во Скопје. Но, бендот не го гледа настанот како класична промоција, туку една свирка што ќе биде дружба и журка со аудиториумот. Впрочем, самиот рокенрол пристап го сметаат за нешто што соединува, како жанр што е солидарен и другарски, па се прилично возбудени да ја споделат музиката и таа да продолжи живот заедно со публиката.

[Интервју] Јаков Наумоски од „Lincoln Letter“: Бираме да твориме рок бидејќи е многу другарски жанр

5.[Фото] „Центарски улици“ со живи статуи

На улицата „Македонија“ во центарот на Скопје „никнаа“ четири нови статуи кои се движат, смешкаат и повремено менуваат позиции.

Живите статуи се дел од актерите на независниот театар „Театроск“. Тие вчера под името „Центарски улици“ на неколку часа беа движечки скулптури што ги поздравуваа најпрво збунетите минувачи, а потоа се фотографираа со нив и им се заблагодаруваа на поздравите.

[Фото] „Центарски улици“ со живи статуи

+Бонус

[Видео] Јелена Милосављевиќ: Знаковниот јазик не може да се научи од интернет, зашто јазикот е живописен

Каков знаковен јазик се употребува во Македонија? Може ли да се научи знаковниот јазик преку интернет?

Јелена Милосављевиќ, толкувачка на знаковен јазик, ги запознаваше младите со основите на знаковниот јазик, а во ова кратко интервју зборува за неговата важност и едукацијата со него.

[Видео] Јелена Милосављевиќ: Знаковниот јазик не може да се научи од интернет, зашто јазикот е живописен

 

#РаскажиМи: „Петелот“ од Лилјана Дирјан

Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читавме краткиот расказ „Петелот“ од Лилјана Дирјан, поетеса и писателка, која со ова дело е застапена во антологијата на македонскиот кус расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“, во издание на „Темплум“.

#РаскажиМи: „Петелот“ од Лилјана Дирјан

#ПетАлбумиЗаПоДома на Анастасија Павловска

Во рубриката #ПатАлбумиЗаПоДома ја имавме Анастасија Павловска.

Таа е дипломиран психолог, аматерски режисер (краткометражниот документарец „Скопска Ситуација 18’“, инспириран од албумот на САФ – „Скопска Ситуација 98’“), љубител на природа, музика, култура и луѓе.

Животно мото: Нов ден – нова можност за себеспознавање, ништо не ме изненадува и за ништо не викам „никогаш“.

#ПатАлбумиЗаПоДома на Анастасија Павловска

[Фото] Сина месечина низ објективот на Радио МОФ

Сината месечина или Blue Moon епитетот го добива по нејзината реткост, односно бидејќи е втора полна месечина во еден месец. Ваква Сина месечина светот можеше да забележи ноќта меѓу 30 и 31 август.

Според НАСА Сина месечина се појавува еднаш на секои две до три години.

[Фото] Сина месечина низ објективот на Радио МОФ