На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. [Видео + фото] „Убијци за профит“ – стотици граѓани протестираа пред Влада и Обвинителство
Скандалите со Клиниката за онкологија вечерва кулминираа со масовен протест пред објектите на Владата и Јавното обвинителство. Стотици граѓани најпрво се собраа на блокираната „Илинденска“, каде дел од учесниците симболично со црвена боја напишаа „Убијци“ на асфалтот од улицата, некои фрлаа со јајца кон белиот владин објект, а притоа се палеа и свеќи за жртвите на здравствениот систем.
Толпата постојано викаше „Убијци“, „Монструми“, „Оставка“, „Правда за жртвите“, „Доста беше молк“. Во првите редови беше истакнат најголем транспарент со натпис „Убијци за профит“. Беше испеана и македонската химна, по што следуваа и сведоштва – говори.
[Видео + фото] „Убијци за профит“ – стотици граѓани протестираа пред Влада и Обвинителство
2. КСЗД ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против МОН
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на седницата одржана денес одлучила да поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука за необезбедување на учебници по различни предмети во основното образование.
Одлуката доаѓа откако на вчерашната прес-конференција од КСЗД најавија дека по неисполнување на препораката до МОН да обезбеди учебници за сите ученици, е можно да поднесат тужба од јавен интерес кон Министерството кое во случајов, како што кажаа оттаму, дискриминира голема популација.
КСЗД ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против МОН
Со 48 гласови „За“, 36 „против“ и еден воздржан, Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и злосторничко здружување и отвора можност за побрзо застарување на делата.
Законските измени беа изгласани по скратена постапка, со европско знаменце и во несекојдневно брз процес. Откако вчера во медиумите излегоа информации дека Владата предложила вакви законски измени, овој предлог утрово веднаш го помина филтерот на Комисијата за европски прашања и попладнево се најде на пленарна седница. По кратка, едночасовна дискусија се премина на гласање и пратениците ги усвоија измените на Кривичниот законик.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во јули годинава најави дека согласно новата концепција за основно образование се опремуваат кабинетите по историја и географија во основните училишта. Како што соопшти Шаќири тогаш, нови историски и географски мапи, глобуси, макети на сончевиот систем и други нагледни материјали требаше да пристигнат во училиштата во септември, на почетокот на новата учебна година.
Иако Министерството за образование и наука (МОН) се пофали дека сите основни училишта во државава ќе добијат комплетно опремени кабинети за историја и географија во Македонија сѐ уште има училишта кои немаат одделни кабинети за овие предмети.
5. Школите со куп проблеми на глава за да обезбедат образовна инклузија
Министерот за образование Јетон Шаќири пред првиот школски час се пофали дека оваа учебна година се доделени 800 образовни асистенти за децата со атипичен развој, што е зголемување за 300 за две години, период кога стартуваше новиот систем за образовна асистенција во основните школи. Но, образовните асистенти се само парче од инклузивниот мозаик. Дел училишта низ Македонија се’ уште мака мачат со адаптирани простории или сензорни соби, други со материјали за работа и дидактички средства, некаде недостасува стручен кадар и финансии, а се воочува и проблем при комуникацијата со МКФ-службите, кои се некомплетни во одредени региони и се оптоварени со обврски. Со тоа, иако постојат позитивни чекори и нови училишни пракси, впечатокот е дека не секаде оди глатко процесот за вклучување и заедничка едукација на типичните и нетипичните деца.
Радио МОФ собра информации од основни школи од разни региони од Македонија, за да добиеме поширока слика за образовната инклузија во учебната 2023/2024 година.
Школите со куп проблеми на глава за да обезбедат образовна инклузија
+Бонус:
#ПетАлбумиЗаПоДома на Бјанка Станковиќ
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома овој пат ја имаме новинарката Бјанка Станковиќ.