Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. [Видео + фото] Нов протест пред Влада и ОЈО, обоени со крвава боја и запалени слики со Филипче, Јовески и Васев

Трет понеделник по ред пред објектот на Владата и потоа пред Основното јавно обвинителство се случуваше протест против скандалите со Онкологија, но и против случајот со модуларната болница во Тетово и спорните измени во Кривичниот законик.

Насобраните граѓани викаа „Убијци“, „Монструми“, „Оставка“ и побараа правда за жртвите на Клиниката за Онкологија. Притоа со црвена крвава боја беа обоени и запалени слики со ликовите на екс директорот на Онкологија Нино Васев, бившиот министер за здравство Венко Филипче и јавниот обвинител Љубомир Јовески.

[Видео + фото] Нов протест пред Влада и ОЈО, обоени со крвава боја и запалени слики со Филипче, Јовески и Васев

2. Колку оброци ќе имаат студентите – МОН и студентските домови со различен одговор

Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот студентски дом Скопје (ДСД) имаат различен став за тоа колку оброци ќе има во студентските домови.

Од МОН велат дека ќе продолжи досегашната пракса студентите да добиваат по три оброци дневно, додека ДСД претходно неделава за Радио МОФ информираше дека ќе се придржи на ставот на останатите студентски домови да обезбедува по два оброка дневно – ручек и вечера за студентите.

Колку оброци ќе имаат студентите – МОН и студентските домови со различен одговор

3. [Инфографик] За колку поевтинија прехранбените производи со „гарантираните цени“?

Дваесет и четири категории прехранбени производи, според одлука на Владата веќе треба да се продаваат во маркетите по цените што ги имале на 1 август, односно нивната референтна цена треба да е дополнително намалена за минимум 10 отсто.

Радио МОФ посети еден ист маркет за да провериме колку некои од овие производи чинеа пред и по намалувањето на цените.

[Инфографик] За колку поевтинија прехранбените производи со „гарантираните цени“?

4. Во центарот на Скопје подигната „Чекална“ за сите граѓани кои 30 години чекаат нешто да се случи

Во центарот на Скопје е поставена „Чекална“ во која секој граѓанин може да седне на столче и да „чека“ на борба против корупцијата, повисоки плати, за ефикасно судство, или пак за новите учебници за 3-то и 6-то одделение.

Станува збор за креативно-активистичка акција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за современи уметности од Скопје во чест на македонските граѓани кои 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро.

Во центарот на Скопје подигната „Чекална“ за сите граѓани кои 30 години чекаат нешто да се случи

5. Автопатот Гостивар – Кичево најнова закана за балканскиот рис, Меловски апелира при градбата да се консултираат еколозите

Криволовот, уништувањето на шумите и живеалиштата, намалувањето на пленот, како и спарувањето во сродство се главните закани кои демнат над балканскиот рис, кој е критично загрозен вид според Меѓународната унија за конзервација на природата.

Најновата опасност по овој балкански симбол, од кој се останати само околу 40-тина единки во регионот, може да биде градбата на Коридорот 8, особено автопатот Гостивар – Кичево кој пред една недела започна да го гради американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Иако уште не е прецизирано која ќе биде трасата на овој автопат, сепак таа неминовно ќе поминува во срцето на живеалиштето на балканскиот рис, во западниот дел на Македонија.

Автопатот Гостивар – Кичево најнова закана за балканскиот рис, Меловски апелира при градбата да се консултираат еколозите

Бонус:

[Мегафон] Милосављевиќ: Глувите лица бараат толкувачи и стандардизација на македонскиот знаковен јазик

Јелена Милосављевиќ е точкувач на македонски знаковен јазик. Таа со својата работа и ангажман е гласот на глувите лица.

Во новата епизода #Мегафон, по повод Меѓународнот ден на знаковен јазик, таа зборуваше дека глувите лица имаат поголема потреба од толкувач. Потреба за да отидат до доктор, банка, на обука, или до било која институција…

[Мегафон] Милосављевиќ: Глувите лица бараат толкувачи и стандардизација на македонскиот знаковен јазик

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Симеон Ацевски

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив споделивме фотографии од Симеон Ацевски.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Симеон Ацевски

#ПетАлбумиЗаПоДома на Александар Анѓелковиќ

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома го имавме Александар Анѓелковиќ.

#ПетАлбумиЗаПоДома на Александар Анѓелковиќ