Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Наместо див урбанизам и сообраќаен грч, новиот ГУП за Скопје треба да нуди зеленило и јавни простори / Скопје ќе остане загушено со згради, ако новиот ГУП ги повторува грешките од минатото

Радио МОФ во текот на неделава објави две истражувања, односно анализи поврзани со Генералниот урбанистичкиот план (ГУП) за Скопје кој сè уште не е донесен.

Јавните простори во градот ги снемува, а зеленилото се намалува. Вака може да се објасни ситуацијата на терен, каде се очекува новиот ГУП да даде нова шанса во обмислувањето и контрола во растот на главниот град.

Сепак, додека ГУП-от чека на партиципативно тело и студии од Град Скопје, активисти и експерти укажуваат кои грешки не смеат да се повторат, што да се подобри, со цел да се надмине сликата дека во Скопје никнуваат повеќе згради отколку дрвја, а автоцентричните политики го „јадат“ секој слободен метар.

ГУП-от е личната карта на еден град, а на Скопје му е формално истечена и не се знае кога ќе му биде сменета.

Наместо див урбанизам и сообраќаен грч, новиот ГУП за Скопје треба да нуди зеленило и јавни простори   

Скопје ќе остане загушено со згради, ако новиот ГУП ги повторува грешките од минатото

2. С. Македонија меѓу најлошите во регионот според новиот Индекс на младински развој [Инфографик]

Северна Македонија се најде на 57-то место од 153 држави во светот според новиот Индекс на младински развој кој го објави Европскиот младински форум.

На скалата од 0 до 100, земјава има остварено 74,59 поени, а во споредба со државите од регионот се наоѓа далеку од водечките држави Словенија (17-та во светот), Хрватска (32) и Грција (36) и има само малку подобар резултат од Босна и Херцеговина (58) и Албанија (60 место во светот).

С. Македонија меѓу најлошите во регионот според новиот Индекс на младински развој [Инфографик]

3. Информациите за јавниот превоз во Скопје не се целосно веродостојни, од ЈСП велат се работи на подобрување на мрежата

Среда, еден часот попладне. Во центарот на Скопје почнува да се создава типичниот метеж кој му претходи на шпицот и блокираните крстосници во главниот град. Се чини дека повеќето одлучуваат да стигнат некаде со автомобил, но ги има и оние кои се движат пеш, со велосипед, електричен тротинет, но и автобус.

Десеттина луѓе чекаат на постојката „Градска болница“ во центарот на градот. Освен преку мобилните апликации, друг начин за следење на автобусите на јавниот превоз не постои, бидејќи инфо дисплејот на самата станица во моментот не работеше. Информациите на дисплеите и мобилните апликации се речиси идентични, но не се целосно веродостојни, што го покажа и нашиот тест.

Информациите за јавниот превоз во Скопје не се целосно веродостојни, од ЈСП велат се работи на подобрување на мрежата

4. Од инклузивен накит до финансиска независност

Млади девојки со (а)типичен развој веќе подолго време посетуваат работилници за изработка на накит, стремејќи кон финансиска независност.

Под менторство на Каја Милошевска и Стојан Андонов, во Центарот за окупациона терапија „Крикни“, околу 10 млади девојки со и без попреченост, се дел од бесплатните работилници, на кои секој може да се приклучи и да ја развие својата креативност.

Од инклузивен накит до финансиска независност

5. Средношколци преку пилот програма ќе волонтираат во локалната заедница

Во 2020 година, „Еквалис“ како дел до работната група Млади МОН достави предлог за спроведување на Програма за служење на заедницата во средните училишта.

После неколку години застапување за оваа иницијатива, „Еквалис“ информира дека програмата го најде своето место во Националната стратегија за млади 2023- 2027 година која беше усвоена на 118-ата седница на Влади.

Средношколци преку пилот програма ќе волонтираат во локалната заедница

БОНУС:

#РаскажиМи: „Вештица“ од Лара Јовановска

#РаскажиМи: „Вештица“ од Лара Јовановска

#НизТвојотОбјектив – Циклус фотографии од Јована Петрушевска

#НизТвојотОбјектив – Циклус фотографии од Јована Петрушевска

[Видео] #Инста(нт) вести 4.5

[Видео] #Инста(нт) вести 4.5