Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, активизам, политика, животна средина…

[Видео] Патешествието да се стигне од Битола до Скопје со воз

Изминативе години во железничкиот сообраќај во земјава се укинати бројни линии, а целокупната состојба е очајна. Последно, беа укинати неколку линии на релацијата Битола – Скопје, па така, во текот на денот возови сообраќаат само еднаш дневно, од Битола во 3:13 часот и од Скопје во 14:20 часот. Тим на Радио МОФ се качи на возот од Битола, ама по 7 часа од предвиденото

[Видео] Патешествието да се стигне од Битола до Скопје со воз

Салата на УКИМ и натаму лом, АМС не знае кога ќе може да ја користат студентите

Скршени прозорци, градежен шут, и оборени кошеви. Ваква е сликата за спортската сала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ сместена во кампусот зад Економскиот факултет за која лани на студентите им се ветуваше дека од годинава ќе може да ја користат.

Иако темелите за оваа сала беа поставени во 2013 година, а проектот е вреден 2,5 милиони евра, студентите од четирите факултета во кампусот на УКИМ една деценија оттогаш, часовите по предметот Спорт и здравје ги одржуваат во барака во која времено е сместен Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Салата на УКИМ и натаму лом, АМС не знае кога ќе може да ја користат студентите

[Видео] Аплицирање за студентска стипендија низ бирократските лавиринти

Со камерата на Радио МОФ се движевме низ процесот на апликација за студентска стипендија за постигнат висок успех. При тоа требаше да пополниме документи и уплатници, да земеме печат од студентски прашања и потоа да ги прикачиме во електронската пријава на сајтот е-услуги на Министерството за образование и наука (МОН). Целото патување ни одзеде два дена и заврши со успешно аплицирање.

[Видео] Аплицирање за студентска стипендија низ бирократските лавиринти

Златко Митрески, Театар Пи: Театарот е алатка што дозволува да се изразат лицата со (а)типичен развој 

Уште од јануари годинава, па се’ до крај на мај 2024 година, Театар Пи тргна со кампањата „Ние, луѓето“ за поголемо вклучување на лицата со интелектуална попреченост во културата и општествениот живот.

Златко Митрески, еден од основачите на театарот, во краток разговор со Радио МОФ објаснува дека „Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците поминуваат низ процес на создавање комплетно театарско дело.

Златко Митрески, Театар Пи: Театарот е алатка што дозволува да се изразат лицата со (а)типичен развој 

„Brain drain со државни пари“ – Од македонските стипендисти во странство, најмногу ќар имале странски држави

Помеѓу 10 и 25 милиони евра потрошила С. Македонија во последниве 13 години на стипендирање студенти на првите 100 универзитети на Шангајската листа. Најголем дел од овие пари се потрошени за студенти кои по студиите продолжувале да работат во странство, наместо да се вратат во земјава како што налагаат условите од конкурсот. Ниту еден корисник на овие стипендии кој се вработил во странство по студиите не ја вратил сумата за неговото школување.

„Brain drain со државни пари“ – Од македонските стипендисти во странство, најмногу ќар имале странски држави

+Бонус

Една година #НизТвојотОбјектив

Нашата фото-рубрика #НизТвојотОбјектив наполни една година. Во роденденско расположение, на прославата изминатиот четврток наместо да поканиме еден фотограф, одлучивме да се дружиме со дел од фотографиите кои ја одбележаа првата година од создавањето на рубриката.

Но, пред тоа, во роденденската честитка пишуваме збор-два за потребата од едно вакво катче во дигиталниот простор. Идејата за #НизТвојотОбјектив е инспирирана од секојдневната практика на младите (и возрасните) кои неретко водат фото-дневник или споделуваат фотографии во циклус кои се естетски подредени или пак сосема рандом на социјалните мрежи. Овие објави потоа се шират по фидовите на различни корисници.

Една година #НизТвојотОбјектив

#ПетАлбумиЗаПоДома на Јован Близнаковски

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома го имавме Јован Близнаковски.

Тој е политиколог кој работи на научни истражувања, а кога не се бави со тоа селектира музика и создава звучни пејсажи (досега користени во хибридни уметнички проекти) под псевдонимот Ишџан Твин. Пушта нешто што самиот го нарекува „outernational psychedelia“: музика која припаѓа на вон-националниот простор и глобалната периферија и која истовремено ги движи и телото и душата.

#ПетАлбумиЗаПоДома на Јован Близнаковски

#РаскажиМи & #dumainsumma: „Што понатаму“ од Лејла Даздаревиќ

Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читавме краткиот расказ „Што понатаму“ од Лејла Даздаревиќ.

Расказот беше напишан од Лејла на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Збунет човек со грб во форма на прашалник“ на учесничката Анабела Ал Аббаси. Цртежот на Анабела е генериран со помош на вештачка интелигенција.

#РаскажиМи & #dumainsumma: „Што понатаму“ од Лејла Даздаревиќ