На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, активизам, политика, животна средина…
1. Млади пратеници кои не отвораат уста, малку законски иницијативи и куп отсуства
Пратеникот Мухамед Кадриов е вториот најмлад пратеник во македонското Собрание. Има 30 години, претставник е на политичката партија СДСМ, а она што е карактеристично за него е што година и половина немал ниту едно излагање на пленарна седница.
Млади пратеници кои не отвораат уста, малку законски иницијативи и куп отсуства [Инфографик]
Европската комисија (ЕК) повторно упатува низи критики и препораки за Македонија во полето на животната средина и климатските промени. ЕК во новиот Извештај за напредокот на земјава нотира „ограничен напредок“ во оваа сфера, а минатогодишните препораки се делумно исполнети, па охрабрува да се преземат натамошни чекори кон зелената транзиција, особено во рамките на Зелената агенда за Западен Балкан.
3. На железничкиот сообраќај веќе е тешко некој да се потпре
Користењето на железничкиот сообраќај во Македонија е во опаѓање. Бројни железнички линии кои поврзувале голем број градови и села веќе се надвор од функција. Засега, единствено активни, иако малку на број, се линиите Скопје-Битола, како и Скопје-Гевгелија. Но, и двете линии се значително нарушени. Во близина на Стоби сообраќајот се комбинира со автобус поради напукнат бетонски столб на мост кај Црна Река, а возовите до Битола неколку дена не сообраќаат веќе неколку дена поради расипана локомотива. Патниците постојано изразуваат незадоволство од состојбата во која се наоѓаат железниците, а експертите сметат дека се потребни радикални промени.
4. Мора да се подобри студентскиот стандард – УСС УКИМ го одбележа Меѓународниот ден на студентите
Минатата година 17 ноември – Меѓународниот ден на студентите го одбележаа со марш, а оваа година, Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) го одбележа со заедничко дружење.
Мора да се подобри студентскиот стандард – УСС УКИМ го одбележа Меѓународниот ден на студентите
5. „Осудени за вистината!“ – Новинарите го искажаа револтот на протест пред Граѓанскиот суд
„Не ми се ќути“, „Цензори во име на моќниците“, „Не сме џубокс, ние сме новинари“ и „Осудени за вистината!“, беа само дел од пораките кои во петокот стотина новинари и медиумски работници на протест ги испратија пред Граѓанскиот суд во Скопје.
„Осудени за вистината!“ – Новинарите го искажаа револтот на протест пред Граѓанскиот суд
+Бонус:
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Валентина Миладинова
Во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии од Валентина Миладинова, студентка на Архитектонскиот факултет во Скопје.
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Валентина Миладинова
#РаскажиМи: „Нокти“ од „исклучна дисјункција“
Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Нокти“. Расказот го освои третото место на овогодишниот, четврти по ред Конкурс за краток хорор расказ распишан од новинската агенција Мета.мк.
#ПетАлбумиЗаПоДома на Маргарита Арсова
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома ја имаме Маргарита Арсова, еден од уредниците на програма во Младинскиот културен центар (МКЦ) од 2010 година. Сака да готви, да јаде, да пие пиво и да ужива во животот. Еден од најголемите предизвици и е фестивалот на европски филм CINEDAYS, чиј координатор е повеќе од 10 години.