На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. Ноќен живот на младите: Најмногу користат алкохол, канабис и кокаин – ограничени им се услугите за да ги намалат ризиците од психоактивни супстанци
Алкохол, канабис, кокаин, па потоа МДМА/екстази и спид е редоследот на психоактивните супстанци кои млади испитаници од Македонија одговориле дека најчесто ги користеле при вечерно излегување во изминатите 30 денови. Приближно половината од испитаниците користат психоактивни супстанци, а најчесто ги употребуваат орално, ги пушат и шмркаат. Од друга страна, опсегот на програмите и понудените услуги за намалување на ризиците за младите е сериозно ограничен. Во Македонија не се издвојуваат средства за побезбеден ноќен живот на младите. Не постојат програми за тестирање на дрогата – „drug checking“. Нема програми специјализирани за амфетамини и клупски дроги. Нема програма за лекување на малолетници.
2. Савче Ѓошева, новата студентска правобранителка на УКИМ: Сѐ уште сакам да верувам дека студентите се критичка маса
Савче Ѓошева, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е новоизбраната студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а вели дека се кандидирала за функцијата поради личното верување дека „студентското организирање е одек на сонот за градење на ново општество кое најпрво ги уважува неговите права“.
„Доколку погледнете низ историјата, студентскиот глас и бунт биле објективни критичари на штетните дејанија во општеството и поттикнувачи на прогресивните политики. Сѐ уште сакам да верувам дека критичката маса и носителите во едно општество се токму студентите и затоа сакам да сум дел од групата индивидуи кои пркосно исчекоруваат на фронтот кон промените“, вели Ѓошева.
3. Помалку пари за млади, наука и екологија – Што предвидува Предлог буџетот за 2024 [Инфографик]
Кратење на буџетот за млади на Агенцијата за млади и спорт, намалени средства за наука и помал буџет за Министерството за животна средина и просторно планирање се предвидуваат со Предлог буџетот за 2024 година, кој беше усвоен од Владата на Северна Македонија.
Помалку пари за млади, наука и екологија – Што предвидува Предлог буџетот за 2024 [Инфографик]
4. Организации бараат младински хибридни центри во напуштени објекти, еден од предлозите е и Поштата
„Долгогодишната градежна експанзија го ‘јаде’ јавниот простор во Скопје и неповратно му го менува ликот. Зелените површини се жртвуваат за станбени комплекси, а културното наследство се задушува со катни гаражи и трговски центри. За среќа, градот крие многу заборавени места кои имаат потенцијал да прераснат во нови градски оази. Тоа се напуштените објекти од минатиот век – поранешните културни, административни и индустриски центри – кои би можеле да добијат нови функции и да се приспособат на модерното време, без да го загубат својот некогашен шарм“.
Вака „Културно Ехо“ и „Стартап Македонија“ ja промовираа својата иницијатива за младински хибридни центри, со кои би се осовремениле напуштените објекти – и институции – со тоа што би биле спој на култура со научно-технолошки развој и претприемништво.
Организации бараат младински хибридни центри во напуштени објекти, еден од предлозите е и Поштата
5. Од ракописи до виртуелен музеј – студентката Клементина Аврамовиќ го дигитализира творечкиот опус на Радован Павловски
Творештвото на македонскиот поет Радован Павловски добива свој виртуелен музеј. Во него, љубопитните талкачи по интернетот, младите книжевници или истражувачите за првпат ќе може на едно место да прочитаат 28 негови стихозбирки, дел од неговите цртежи како и аудио интерпретации и преводи на песните и биографски податоци.
Основачка на дигиталниот музеј е Клементина Аврамовиќ, студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Младата книжевничка во аулата на Филолошкиот факултет организираше промотивен настан на кој присутните се запознаа со веб-страницата, а потоа студенти читаа одбрани песни на Павловски.
БОНУС:
#РаскажиМи: „Премолчан колеж“ од „Немо“