На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Тетовската библиотека започна со работа во новите простории, прогласена е и за „Библиотека на годината“
Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово почна со работа во новите простории со вообичаеното работно време од 8 до 19 часот.
„Ви благодариме на трпението и ве очекуваме да не посетите во нашите нови простории. Секоја книга е повторно на полица и достапна за читателите, ве очекуваме“, пишува во известувањето од националната установа.
Преселбата на книжевниот фонд од над 80.000 наслови траеше еден месец во кој зачленетите читатели не може да позајмуваат книги. Градската библиотека сега се наоѓа во поранешните простории на Факултетот за музичка уметност во Тетово, односно веднаш до претходните простории. Влезот во библиотеката сега е од задната страна на Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“.
Александра Ристовски: Волонтерите се посебна група луѓе која шири среќа, ама не секогаш е разбрана во општеството
Секоја година низ цела земја обучуваме 1.200 млади на возраст од 13 до 17 години. Тие се секојпат нови, потенцијални волонтери. Ги учиме теоретски вредности, но и како теоријата да се спои со пракса – како да изработуваат мали дела за добробит за заедницата. Добиваат брза обука, инстатна, па веќе се на терен со насоки, прават проценки, разговараат со целните групи. Често се собираат средства за реновирање купатила, купување на шпорети и фрижидери, исто така и еколошки проекти, за помош на лица во ризик, операции за различни деца, се организираат театарски претстави, продаваат колачи… Значи, го користат своето слободно време на добар, организиран и конкретен начин да ја сменат својата дневна рутина за да помогнат во заедницата, вели Александра Ристовски, координаторка на програмата за регрутирање во Црвен крст.
По повод 5 декември, светскиот ден на волонтерството, таа зборува за вредностите и предностите на волонтерството, се’ со цел да направат сплотени и козистентни заедници што треба да одговорат на предизвиците кои можат да се случат секојдневно.
„Лабораториум“ – собирно место за креативци и изучување на креативата како занает
Со музика, театар изложба и едукативни дискусии, на 8 декември се одржа отворен ден во новиот едукативниот културен центар „Лабораториум“.
Со Калина Дуковска и Јана Павловска, дел од тимот, поразговаравме за потребата од „Лабораториум“. Тие идејата зад мултифункционалниот простор ја објаснуваат преку самиот ентериер – резултат на соработка и работилници со млади уметници од разни дисциплини, место каде нема само да дојдеш и да креираш нешто, туку просторот ќе го креираш со заедница која функционира во симбиоза.
„Лабораториум“ – собирно место за креативци и изучување на креативата како занает
Во Карпош кај поранешна „Алумина“ предвидени осум згради, соседите немаат право на жалба
Голем комплекс со вкупно осум нови згради, од кои шест со висина од 9 до 14 катови, а две големи кули од 25 до 35 катови, се предвидени да никнат на оградениот и празен простор на поранешна фабрика „Алумина“, крај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (поранешен „Иво Лола Рибар“).
Општина Карпош го изготви Деталниот урбанистички план (ДУП) З06 блок 11 кој го опфаќа само делот на некогашна „Алумина“, за кој во тек е јавната анкета, а јавната презентација ќе се одржи на 12 декември во 13 часот во просториите на Општина Карпош.
Во Карпош кај поранешна „Алумина“ предвидени осум згради, соседите немаат право на жалба
Надлежните да соработуваат со младите за квалитетно домување, за тие да не го бараат домот надвор
Млади луѓе на возраст од 18 до 25 години својот идеален дом го замислуваат со многу зеленило и голем двор. Тие сакаат да живеат во близина на центар, на безбедно место, во дом кој ќе им биде блиску до работа, факултет или некој настан. Наспроти желбите, тие најчесто живеат во загаден и бучен град кој не им нуди доволно безбедност, ги истоштува економски, а истовремено ги става во позиција на немање избор што доведува до разочарување.
Ова го посочуваат од Организацијата за домување и станари (ОДС) во новиот Прирачник за активно учество во процеси на одлучување и за соодветно домување на млади.
Надлежните да соработуваат со младите за квалитетно домување, за тие да не го бараат домот надвор