На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Во море од штетни производи и дезинформации, следен чекор е регулација на македонските инфлуенсери
Храна, козметика, облека, разни скриени или нескриени реклами, сомнителни производи, но и голем број дезинформации и говор на омраза што доаѓаа од некои проблематични инфлуенсери ги натераа европските земји да ги регулираат највлијателните луѓе на социјалните мрежи, пред се’ поради неможноста да се „филтрира“ она што стигнува до младите.
Во Македонија, таков процес почна и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), во време кога инфлуенсерството зема замав и потребно е да се разграничи што е исправно да се пласира во интернет просторот, без притоа да се наруши медиумскиот плурализам.
Во море од штетни производи и дезинформации, следен чекор е регулација на македонските инфлуенсери
[Мегафон] `Рѓосана правда – Со уметност против корупцијата
Наместо гордо исправена, со превез на очите, со терезија и меч во рацете, Јустиција во Македонија е `рѓосана, искривена и со спуштени раце.
Вака божицата на правдата е прикажана на изложбата „Форми на системот“ на уметникот и правник Иван Аџиевски, каде токму во центарот се наоѓа оваа скулптура, заедно со 11 слики на кои се испринтани филозофски мисли и примери од судската практика.
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) смета дека Министерството за економија треба средствата предвидени за ваучери за домашен туризам за студентите од државните универзитети да ги пренамени за поприоритетни решенија, како енергетска ефикасност на студентските домови и факултетите.
„Одлична е идејата студентите да имаат можност да ги посетат знаменитостите во нашата држава во текот на слободните периоди при студирањето, но потоа студентите 9 месеци престојуваат во студентски домови чии услови не се задоволени со Законот за студентски стандард во кој е наведено дека ‘студентски дом е установа која на студентите им обезбедува сместување, исхрана, грижа за здравјето, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности’“, кажаа од УСС УКИМ.
„Diversus“ означува воспевање на женската поетика, еден уметнички експеримент за она што навистина претставува – да се биде жена. Вака младите уметници Ана В’чкова и Вања Кашавелска го опишуваат значењето на името и концептот на нивната прва заедничка изложба на слики која беше отворена на 16 декември во Младинскиот културен центар.
И двете, како што споделуваат за Радио МОФ имаат дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство. Иако, нивниот процес на работа и финалните дела сосем се разликуваат и комуницираат засебно, како што вели Ана, целиот концепт функционира заеднички.
Идејата на „Diversus“ е всушност, како што посочува Ана, продолжение на „Кога женско се раѓа и стреите плачат“ – нејзин прв самостоен проект објавен дигитално, каде самата таа е во фокусот на делата.
На проба кај „Red18“: И двајца луѓе навистина да те слушнат и да те разберат ти значи сѐ на светот
Младиот македонски бенд „Red18“ првпат имавме прилика да го слушнеме во живо оваа година. По неколку свирки со албумот „Red18’s Grit“, месецов го објави и синглот „Единствен“ како најава за новото продолжено издание „Игра“ што може да го очекуваме во периодот пред нас.
Зад името „Red18“ се потпишуваат вокалистката Елена Манева, тапанарот Иван Димишков – Димиш гитаристот Јован Чифлигаровски и басистот Александар Коцевски. Во овој состав досега ги имаме слушано на годинешниот „Д Фестивал“, на неколку свирки низ Скопје и Тетово, а во октомври гостуваа и надвор, на првата музичка конференција „SoAlive“ во Бугарија.
На проба кај „Red18“: И двајца луѓе навистина да те слушнат и да те разберат ти значи сѐ на светот
+ Бонус
Елена Божиновска е млада инфлуенсерка-активистка за правата на децата од самохрани и еднородителски семејства. За нејзината работа во тоа поле, таа неодамна ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје и наградата „Emerging Europe“ за млада инфлуенсерка на годината.
Дополнително, заедно со Станиша Станковиќ годинава напишаа и објавија Брошура за деца и млади од самохрани и еднородителски семејства. Во интервју со неа разговаравме со кои активности и предизвици се соочуваат младите активисти кај нас, што значи признанието „Млад инфлуенсер на годината“ за неа како и кои одговорности ги има еден инфлуенсер.
[Фотогалерија] „Клинци“ – книжевно читање на млади
Првото издание од книжевното читање на млади автори – „Клинци“, во организација на „Култура Бета“ и скопската Europe house се одржа на 13 декември.
Присутните имaа можност да се запознаат со поезијата и прозата на четири млади автори и авторки – Ива Петреска, Стефан Спасовски, Ангела Бошкоска и Христијан Мурџески.
Гоше Николов, млад новинар: Дезинформациите (речиси) секојдневно го пресекуваат патот на младите
Гоше Николов е млад новинар во Новинската агенција Мета кој работи на теми поврзани со млади и она што нив ги засега, образование, социјални мрежи, нови технологии, култура… Во прилог на тоа, тој е автор и водител на видео-мисијата „Зошто (не) е така?“ во која се разбиваат „митови“ што се шират по интернетот.
Во интервју со него разговараме за тоа со какви дезинофмрации се среќаваат младите на интернетот, која е „опасната зона“ за нивно ширење, и на што се’ може да наиде некој доколку истражува дали одредена информација е точна.
Гоше Николов, млад новинар: Дезинформациите (речиси) секојдневно го пресекуваат патот на младите
Статиите за Македонија, Гоце Делчев, Скопје, Оче наш и Цистична фиброза се најчитаните статии на македонската википедија за 2023 година, односно за периодот од јануари до ноември, според податоците кои ги доби Радио МОФ од администраторскиот тим на Википедија на македонски јазик.
На глобалната интернет енциклопедија на македонски јазик во изминатата година се пребарувале и многу историски теми како, на пример, Александар III Македонски, Денот на востанието на Македонија, Скопскиот земјотрес, Денот на македонската револуционерна борба и Денот на независноста на Македонија.
Во Музејот на Македонија во саботата беше отворена изложбата „Кодирање“ на Тома Димовски, во соработка со Партизанска штампа. „Кодирање“ е збирка од повеќе различни уметнички дела на Димовски.
Тој потенцира дека денес секој може било за која слика да направи код, а и самата вештачка интелигенција може сама да прави слики по кодови.
„Но што се случува со магијата која ја има гледањето на уметничките дела во живо? Дали дигитализацијата ја банализира уметноста или овозможува да биде подостапна? Дали дигитализацијата го избанализира животот воопшто, сведувајќи ги емоциите на кодови?“, вели Тома Димовски.
#РаскажиМи: „Вљубеност и нокти“ од Сара Гичевска
Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читавме краткиот расказ „Вљубеност и нокти“ од Сара Гичевска.
Расказот беше напишан од Сара на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“.