Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на вестите од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Бесконечната планинарска трансверзала треба да покаже убавини од Македонија кои сѐ уште не се истражени

Воздух, вода, храна од почва. Ова се првите асоцијации кои ги добива човек кој поминал барем неколку часа во прошетка на планина или во искачување врвови. Во Македонија планинарењето е спорт кој има свои верни пријатели, па се организираат планинарски тури што траат со часови или денови. Во земјава постои Западна и Централана планинарска трансверзала, а од скоро македонските врвови ги гушка и веста за формирање Бесконечна  планинарска трансверзала со која се исцртува кружна патека што поминува низ планините од западниот, централниот и источниот дел од Македонија. Таа е долга 2070 километри, од кои повеќе од 1500 км се нови патеки кои досега не се користат од планинарската заедница.

Бесконечната планинарска трансверзала треба да покаже убавини од Македонија кои сѐ уште не се истражени

Задржете нè, зашто ако си заминеме нема да се вратиме назад – порака на младите на владин настан за образованието преку интеграцијата во ЕУ

Една од главните причини зошто идните студенти посакуваат да излезат од државата и да студираат во најблиското соседство, во поширокиот Балкан или подалеку во Европа, е тоа што универзитетите и факултетите таму се претставени како нешто, можеби не утопија, но свет каде еден млад човек може да просперира. За разлика од кај нас, каде тоа некако недостасува.

Задржете нè, зашто ако си заминеме нема да се вратиме назад – порака на младите на владин настан за образованието преку интеграцијата во ЕУ

Ирина Јаневска, АРНО: Сакаме младите да работат на зелени и социјални претпријатија, наместо да учат од „Мекдоналдс“ и „Старбакс“

„Во делот на зелено и социјално претприемништво, работиме и со школи. Многу сакаме младите наместо да учат од примери како „Мекдоналдс“ и „Старбакс“ – да работат на зелени и социјални претпријатија. Друго, има еден воз во Франција, кој сега ќе се води како кооператива, а го покренуваат граѓани: од Бордо до Лион. Тој е владеен од граѓаните и ќе биде со фер наплатна карта. Пример е како транспортот, или мобилноста на луѓето, е социјално прашање и може да биде основата за покренување на социјално претпријатие. Зошто децата да не учат за возот што го менаџираат самите граѓани, туку да учат за некоја голема корпорација која ја загадува природата?“, вели Ирина Јаневска од Здружението за социјални иновации АРНО во интервју со Радио МОФ.

Ирина Јаневска, АРНО: Сакаме младите да работат на зелени и социјални претпријатија, наместо да учат од „Мекдоналдс“ и „Старбакс“