На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Македонија со мал напредок, но и натаму „заглавена“ со корупција во јавниот сектор
Македонија се најде на 76 место од 180 светски држави според Индексот за перцепција на корупција, кој секоја година го објавува Транспаренси Итернешнел.
Со 42 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава изминатава 2023 година напредувала девет места во споредба со минатогодишното рангирање. Во споредба со лани Индексот е зголемен за два поени.
И покрај малиот напредок, Македонија и понатаму е во долната половина – кај послабите земји во регионот според перцепцијата на корупција. Полош скор имаат само Косово, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина како најлошо пласирана во опкружувањето.
Македонија со мал напредок, но и натаму „заглавена“ со корупција во јавниот сектор
[Фото + Видео] Граѓани на протест против висококатницата во Карпош: Нашето здравје не е играчка
Граѓани излегоа на протест против изградбата на 17-катница во Општина Карпош, за која реагираа дека ќе донесе бетон, ќе го уништи квалитетот на живот, а притоа ќе направи сообраќаен хаос и ќе ја загрози безбедноста на оние што треба да стигнат до Воена болница.
На протестот помеѓу бензинската пумпа на „Макпетрол“ и болницата „Жан Митрев“, каде е предвидена висококатницата на „ЗСФ КОМ“, граѓаните преку транспарентни порачаа „Скопје сака да дише“, „Правда пред профит“, „Нашето здравје не е играчка“, „Брзата помош треба да е брза“, „Преку Стевче ни е“…
[Фото + Видео] Граѓани на протест против висококатницата во Карпош: Нашето здравје не е играчка
Околу 150 ученици, Македонци и Албанци, од основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка сè уште не можат да држат настава, поради протестите за спречување наставен процес на албански јазик.
Група граѓани од околу 15-20 лица од почетокот на второто полугодие секојдневно продолжуваат да го блокираат патот, со цел да не им дозволат на наставниците и директорот да влезат во училиштето.
Учениците од приватните средни училишта имаат право на бесплатен јавен превоз, оцени Уставниот суд
Од Сојузот на средношколци ја поздравија одлуката и рекоа дека со ова се потврдуваат нивните неколкугодишни заложби.
„Откако ги добивме овие информации, остануваме во контакт со Град Скопје со цел учениците кои немаа картички да ги добијат што е можно поскоро“, вели за Радио МОФ потпретседателката на Сојузот, Ива Трпески.
Според неа претставува успех што сега сите ученици ќе имаат еднаков третман за бесплатно возење.
Учениците од приватните средни училишта имаат право на бесплатен јавен превоз, оцени Уставниот суд
[Галерија] Трет пат „Спознавање“ со талентите и културната сцена
Едукативниот културен центар „Лабораториум“) беше домаќин на промоцијата на третото издание од списанието „Спознавање“ и првата фотографска книга на младиот фотограф Иво Велчевски.
Дарко Беровски е млад иницијатор од Битола, ПР студент на Правниот факултет, кој не успева да најде одговор на прашањето дали доволно ги поддржуваме нашите локални уметници, па чувствува нагон да придонесе.
Тој објаснува дека со оглед на неговото новинарско и ПР знаење и искуство, решава да создаде сопствена платформа на која ќе им даде простор на сите вредни креативци да блеснат.
[Галерија] Трет пат „Спознавање“ со талентите и културната сцена
+ Бонус
#НизТвојотОбјектив – „Altitude Aspects“ од Стефан Димитриевски
Во рубриката #НизТвојотОбјектив ви го претставивме„Altitude Aspects“, проект на фотографот Стефан Димитриевски.
Димитриевски вели дека проектот го започнал во 2022 година, но сè уште не е завршен.
„Фотографиите опфаќаат пејсажи и перспективи од природата, еколошки моменти, архитектура, комбинација од истите и слично. Со што си давам еден вид на слобода да експериментирам да додавам и одземам. Конкретно на фотографиите е прикажан момент од напуштен објекти кои функционира во склад со околината и има еколошки карактер и пејасжи од напуштена депонија која што погледната од друга перспектива предизвикува друга перцепција“, вели тој за Радио МОФ.
#НизТвојотОбјектив – „Altitude Aspects“ од Стефан Димитриевски
[Фото] Уметничка акција за недостатокот на јавни тоалети во Скопје
Уметникот Озбек Ајваз утрово на повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и Градскиот парк во Скопје постави знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети, што според него е горлив проблем со кој се соочуваат граѓаните.
[Фото] Уметничка акција за недостатокот на јавни тоалети во Скопје
[Фото] Заврши 48-часовниот маратон за креирање видео игри Global Game Jam Skopje 2024
По предавања во областа на гејмингот и препознатливиот „џемерски дел“, заврши 48-часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam Skopje 2024.
Од Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри (МГИ) кои се организатори на настанот велат дека за нив ова бил најдобриот Game Jam досега, и притоа додаваат дека на годинешниот маратон се пријавиле 60 учесници, а на локацијата дошле 75 и сите биле примени.
[Фото] Заврши 48-часовниот маратон за креирање видео игри Global Game Jam Skopje 2024