На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
[Мегафон] Весна Алексовска: Борба за терапија и услуги за лицата со ретки болести
Семејствата со ретки болести во нашата земја немаат баш совршен живот. Живеат под стрес, без доволно лекови и услуги, често се заложници на долги и комплицирани административни процедури, па затоа е потребно македонскиот здравствен и социјален систем да претрпи промени.
Весна Алексовска од Здружението „Живот со предизвици“ во новата епизода „Мегафон“ вели дека во Македонија има над 300 ретки болести, но за многу малку има терапија.
[Мегафон] Весна Алексовска: Борба за терапија и услуги за лицата со ретки болести
Деца кои дошле во судир со законот, најчесто, во определен период од животот биле жртви на насилство, а најголем број случаи биле жртви на семејно насилство. Децата кои живеат на улица и децата згрижени во институции се во уште поголем ризик од насилство. Во Македонија не постои кохерентен систем за обука на здравствени работници за тоа како да ги третираат децата жртви. Во воспитно-поправните домови нема редовен образовен процес. Сè уште нема развиено постпенален систем за деца во судир со законот. Специјализираните сервиси за деца жртви на насилство, сè уште претставуваат предизвик во нашето општество, со што неизмерените проблеми остануваат нерешени. Премногу често, насилството не се следи и не се пријавува.
Епидемијата ги разбуди родителите за да ги (ре)вакцинираат децата
Надвор февруарско сонце, пролет сред зима. Претладне, работен ден. Пред вакциналниот пункт во скопската поликлиника „Букурешт“ седнати се неколку родители крај своите деца. Мајка „скрола“ рилови на мобилниот додека нејзината ќерка и’ легнала во скут. Друг татко дискутира со сопругата за картонот за имунизација, а нивните две деца се растрчани наоколу. Истовремено, трета мајка го гушнала синот, заедно гледаат во подот. Крај нив е застанат и средновечен човек, будно разгледува промотивен материјал со натпис „Болести што може да се спречат со вакцинација“ оставен на масичката.
Сите чекаат да примаат, или да се информираат за вакцина, откако на 8 февруари на територијата на Скопје беше прогласена епидемија со голема кашлица (пертусис).
Епидемијата ги разбуди родителите за да ги (ре)вакцинираат децата
Државниот студентски дом во Тетово, кој се отвори на крај на минатата година, после седум години ветувања, се’ уште не ги исполнува во целост потребните студентски стандарди. Тој се отвори на 1 ноември минатата година, но сепак студентскиот дом се’ уште нема менза, но и интернет. Интернет зоната е ограничена во една многу мала просторија и студентите немаат голем пристап за да го користат.
„Се информиравме дека ќе има Wi-Fi на секој спрат и дека мензата ќе биде отворена од први јануари. Сега сме во овие услови каде мензата не ја отвораат заради аспираторите и прашањето со интернетот, немам информации што се прави во таа насока“, изјави за Радио МОФ, Фламур Исени, студент кој е сместен во овој студентски дом.
Државата зеде пари од ЕУ, но не најде решение за отпадот со арсен во Лојане
Жителите од селата Лојане, Ваксинце и Табановце со децении живеат до депонија со арсенски отпад, оставенa така, откако се затвори рудникот во близина на Лојане. Арсенот е отров кој е смртно опасен по здравјето на луѓето.
„Последиците од депонијата или отровот можат да се забележат во секое годишно време, особено во есен и пролет, кога дува силен ветер, носејќи арсен и во главните улици каде проаѓаат жителите. Присуството на арсен, се познава и по силната миризба на водата за пиење. Честопати сме ја праќале на анализи кои покажале дека е опасна за здравјето“, вели Абедин Исмаили, локален жител, објаснувајќи ја големата загриженост на жителите од оваа село, кои со години бараат проблемот да биде решен.
Државата зеде пари од ЕУ, но не најде решение за отпадот со арсен во Лојане
Бонус:
Учениците од приватните средни училишта според Уставниот суд, од минатиот месец имаат право на бесплатен јавен превоз, но тие уште ги плаќаат билетите за возење во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Од Сојузот на средношколци за Радио МОФ потврдуваат дека ниту едно училиште сè уште нема добиено картички за превоз.
Радио МОФ за ова упати прашање до Град Скопје од каде ни кажаа дека одговорот треба да го бараме во Министерството за образование и наука (МОН) кое како што велат е „надлежно да ја усогласи законската и подзаконската регулатива по Одлуката на Уставниот суд на Македонија“.
[Став] Театарска сцена во Македонија – последен пркос на етничката поделба?
Пишува Афродита Рамос: Нашата социјална реалност укажува дека живееме во меѓусебна етничка ексклузија. Културата ни е една од малкуте преостанати допирни точки потребни за мултиетнички хармоничен соживот, кој ќе пркоси на сите етноцентрични поларизирачки наративи.
Македонската театарска сцена е една од уметностите која е силно погодена од современите општествени предизвици во државата – од погубна деприоритизација од страна на политиката, до современиот специфичен вкус на широката публика. Што му е потребно на театарот, кој е огледало на културниот развиток на едно општество, да ги прикаже автентично и реалистично предизвиците и поделбите во нашето општество? Може ли притоа да остане слободно засолниште за сите страствени љубители на културата без разлика на етничката припадност?
[Став] Театарска сцена во Македонија – последен пркос на етничката поделба?
#НизТвојотОбјектив – Скопје низ објективот на Дамјан Стојановски
Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив го имавме Дамјан Стојановски кој вели дека фотографијата за него е начин да избега од реалноста, а објективот начин за да креира негов свет.
„Фотографиите овде се внимателно одбрани и сликани да се покаже раздвиженоста и разновидноста на Скопје без разлика на денот или времето, фотографијата како уметничко дело има премногу гранки и секој фотограф е како отпечаток од прст, уникатен со својот стил и приказна позади сликата“, вели Стојановски за Радио МОФ.
#НизТвојотОбјектив – Скопје низ објективот на Дамјан Стојановски
[Фото] „Култура Бета“ го прослави својот четврти роденден
Bо кафе-книжарницата „Буква“ младинската организација за култура „Култура Бета“ го прослави својот четврти Роденден. Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на „Кенопсија“, „Култура Бета“ одбележа 4 години од своето основање и активна работа на нејзините платформи.
Со овој настан „Култура Бета“ ја прослави својата работа изминативе четири години и со ова се отвори уште една, нова, петта по ред, година во која здружението планира уште повеќе настани, соработки со локалната и младинска културна сцена, креирање содржини, објавување свои изданија и поткасти.
#ПетАлбумиЗаПоДома на Рамона Кочишка
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома ја имавме Рамона Моња Кочишка, студентка по продукција на ФДУ.
Не по нејзина волја, но родена во светот на музиката, се разбира тоа веќе е и некоја предност. Уште од мала музиката и концертите се дел од нејзиното секојдневие и нормала. Моментално ја гради и својата кариера во музичката индустрија со што работи како ПР и маркетинг асистент во „Пасворд Продукција“.