На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ, работата на Центарот неизвесна
На 30 хонорарци од Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје не им се продолжени договорите за работа, што значи во МКЦ нема да се ангажираат лица за предавање во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и организатори на настани), кафулето е затворено, а затворена е и култната продавница „Ап(о)тека“. Со ова, МКЦ е преполовен со вработени и персонал, па неизвесно е се’ што ќе се случува во следниот период и како Центарот би функционирал.
На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ, работата на Центарот неизвесна
Во една општина во која има барем една државна детска градинка згрижени се 27% од децата до шестгодишна возраст. Со ова вработени се 35% од работоспособните жени што го намалува јазот меѓу вработените мажи и жени на ниво на македонска општина, односно во местата каде има барем една градинка на секои 10 вработени мажи има 7 вработени жени. Бројот на домаќинки – работоспособни жени исклучени од пазарот на трудот во една општина е дупло помал доколку таму има јавна градинка, односно само 21% од работоспособните жени се домаќники, наспроти 40% од жените во општините каде нема државна градинка.
3. [Видео] Што е муабетот со… Техничката влада?
Техничка, преодна и пржинска влада се термините кои во последниве неколку месеци се вртат се почесто во јавноста.
Но, што е муабетот со техничката влада, од каде произлегува и каква е нејзината улога?
4. [Интервју] Никола Нешкоски: Велосипедска авантура до највисокиот вулкан во светот
Во 1937 година, Јан Алфред Шчепански и Јустин Војснис, членови на полска експедиција, за првпат го освоија Охос дел Саладо, највисокиот вулкан во светот. Оттогаш низ изминатите децении стотици луѓе се искачија на овој специфичен вулкански врв на Андите, но само десеттина со велосипеди. Меѓу нив од 2024 година се вброија и двајца Македонци – велосипедистите Никола Нешкоски и Илија Деревјов.
[Интервју] Никола Нешкоски: Велосипедска авантура до највисокиот вулкан во светот
5. Работата, образованието и културата ги тера младите да се селат во Скопје или странство
Целокупната централизација во државата и генерално лошата економска и културна слика се основните причини зошто младите непрестајно мигрираат од своето родно место на живеење, за Радио МОФ потврдија претставници од младински организациии од повеќе градови низ Македонија.
Работата, образованието и културата ги тера младите да се селат во Скопје или странство
+Бонус:
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Атанасија Гулевска
Минатата недела во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имавме Атанасија Гулевска, млада музичарка која неретко со својот фото-апарат документира жива музика.
#ПетАлбумиЗаПоДома на Теодора Соколовска
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома ја имавме Теодора Соколовска, daydreamer и кафе-пијачка.