На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. [Видео + фото] Протестен перформанс на ФИНКИ: Немаме зграда, учиме пред Влада
Скопскиот булевар „Илинден“ пред Владата во четвртокот се претвори во амфитеатар, место каде гласно се дискутираше и се „држеше настава“, како протестен перформанс на студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а притоа за поддршка дојдоа и студенти од различни факултети и организации.
Присутните порачаа „ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада“. Побааа властите да обезбедат соодветни просторни услови и модерен објект за овој факултет, кој со 5.000 студенти е најбројниот во Македонија.
[Видео + фото] Протестен перформанс на ФИНКИ: Немаме зграда, учиме пред Влада
2. Образовниот систем не ја буди љубопитноста кај учениците, затоа тие самоиницијативно се организираат
Средношколците не се задоволни од актуелниот образовен концепт, кој не е ажуриран со современи наставни методи, не е во чекор со технологијата, ниту ги обезбедува потребните технолошки услови. Исто така, во училишта и надвор од нив, недостигаат едукативни активности, соодветни на нивните потреби за понатамошен развој. Затоа средношколците се принудени самоиницијативно да се организираат, да произведат нешто квалитетно и едукативно не само за себе, туку и за општеството.
Образовниот систем не ја буди љубопитноста кај учениците, затоа тие самоиницијативно се организираат
Група ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ трета година по ред ја организираат „Орцашка вечер на поезијата“ – настан полн поезија, уметникување и култура. По третпат тој ќе се одржи на 26 март (вторник) и оваа година на нова локација, во просториите на „Јавна соба“ (Public Room).
4. [Видео] Што е муабетот со… Претседателските избори?
Претседателските избори вообичаено не го добиваат вниманието кое го имаат парламентарните избори. Но, нивната важност е иста и со останатите избори, иако претседателската функција навидум изгледа како помалку значајна отколку пополнувањето на пратеничките столчиња и формирањето на владата.
Но, што е муабетот со претседателските избори, како се одвива изборниот процес, кој може да биде претседател и кои се надлежностите на претседателот?
Младата авторка, 21 годишната Нина Насеска од Прилеп во своето детство заедно со својата баба ја играла прастарата детска игра Петкамен, која вообичаено се игра со пет камчиња кои се фрлаат во височина и се фаќаат со една рака. Од таму се инспирира да го напише расказот „Петкамен“, за подоцна така да ја наслови и својата збирка раскази поттикната од спомените во детството, растењето, но и менувањето на животните фази.