Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. [Фото + Видео] Втор протест на студентите од ФИНКИ – „Немаме зграда трчаме до Влада“

Под мотото „Немаме зграда трчаме до Влада“ студентите и раководството на ФИНКИ преку протестен маратон го одбележаа 13-годишното постоење на Факултетот.

Маратонот почна во Градскиот парк а заврши точно пред Владата каде студентите предводени од деканот на Факултетот, Боро Јакимовски побараа решавање на нивниот просторен проблем.

[Фото + Видео] Втор протест на студентите од ФИНКИ – „Немаме зграда трчаме до Влада“

2. [Галерија] Суперхерои, принцези и животинки – маскирани деца го одбележаа Денот на шегата во Скопје

Во најразлични земји од светот Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Децата вообичаено на овој ден се маскираат во градинките и училиштата, а се одржуваат и маскенбали на плоштадите низ градови.

[Галерија] Суперхерои, принцези и животинки – маскирани деца го одбележаа Денот на шегата во Скопје

3. Аудио-интервју со Лидија Димковска, авторка на „Единствен матичен број“ кој е Роман на годината 2023

„Единствен матичен број“ ја доби наградата „Роман на годината“ за 2023, која по јубилеен 25 пат ја додели Фондацијата „Славко Јаневски“. Во интервју со писателката Лидија Димковска разговараме за процесот на пишување на романот, градењето на книжевните ликови и слоевитоста што ја содржи текстот.

„Кога почнав да го пишувам романот, можеби некој ќе ми речеше ‘кого ќе го интересира тоа кипарско прашање во Македонија?’ и ‘Зошто некого воопшто би го интересирало?’. Меѓутоа, јас тоа прашање го имав во себе. Тоа беше мојата опсесија, и морав да го напишам романот, којшто сепак не е кипарски роман, го засега и прашањето на македонското семесјтво и на македонската реалност“, вели Димковска.

Аудио-интервју со Лидија Димковска, авторка на „Единствен матичен број“ кој е Роман на годината 2023

4. Бојан Станиќ: „Контра библиотека“ е внимателна селекција на книги за кои сметаме дека е важно да бидат достапни

Дебатното кино „Контра кадар“ и „Пондер“ од Битола во сабота на 6 април на нивниот фестивал за музика и книги „Контрафест“ ќе ја промовираат бесплатната радикална библиотека „Контра библиотека“  чија цел е на читателите да им обезбеди лесен пристап до внимателно избрана селекција на книги и стрипови.

Бојан Станиќ еден од идејните творци на „Контра Библиотека“ во разговор за Радио МОФ вели дека иницијатива за ваква библиотека имало уште во 2017 година и таа функционирала на база на „земи – остави“ и била поставувана на проекциите на дебатното кино „Контра кадар“.

Бојан Станиќ: „Контра библиотека“ е внимателна селекција на книги за кои сметаме дека е важно да бидат достапни

5. [Интервју] Кристина Паскоска ќе оди на експедиција низ сите 1.645 села: Ова е за сите нас под ова Сонце

Младиот етнолог и антрополог Кристина Паскоска неуморно ја истражува и проучува македонската природа и култура, поткрепувајќи ја со научни студии, авторски фотографии и документарни филмови кои ги прикачува на својот блог и фејсбук профил Мекам.мк. Таа е иницијатор и член на управниот одбор на Меѓународниот фестивал на етнографски филм „ЕТНОФФ“ во Скопје чие јубилејно 10 издание ќе се случи годинава, исто така организатор на повеќе работилници за визуелна антропологија и етнографски филм за студенти, истражувач на неколку значајни проекти, но и првата студентка во Македонија која дипломираше онлајн.

[Интервју] Кристина Паскоска ќе оди на експедиција низ сите 1.645 села: Ова е за сите нас под ова Сонце

+Бонус:

[Подкаст] Кристина Атовска: Мит е дека военото известување е машка професија, во војна има многу новинарки

Кристина Атовска е единствената новинарка од Македонија што го посети военото жариште во Украина. Нејзиниот тримесечен престој како воен известувач од таму ја врати назад полна со различни приказни за тоа како може и како се преживува во војна, за суровоста, но и за добрината на човекот кој е способен да помогне и на најнеочекуван начин, во сосем невозможни услови.

[Подкаст] Кристина Атовска: Мит е дека военото известување е машка професија, во војна има многу новинарки

#НизТвојотОбјектив – Фотографии од Никола Атанасов

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив го имавме Никола Атанасов, млад фотограф кој за себе вели дека е љубител на сè што произлегува од десната хемисфера на човечкиот мозок, кој случајно заврши со фото-апарат во рацете.

#НизТвојотОбјектив – Фотографии од Никола Атанасов