Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

[Мегафон] За помалку бездомни кучиња мора да се проверува дали милениците се чипирани или стерилизирани

Во новата епизода на #Мегафон ја имавме Анастасија Точевска, активистика за правата на бездомните животни и една од основачките на здружението „Шепасти Ентузијасти“.

Таа вели дека за да се намали бројот на кучиња на улица најважно е да се врши проверка дали домашните кучиња се чипирани и стерилизирани.

[Мегафон] За помалку бездомни кучиња мора да се проверува дали милениците се чипирани или стерилизирани

Реконструкцијата на Универзална сала ќе продолжи веднаш по санирање на штетата од пожарот, најави Костадиновска Стојчевска

Пред неколку денови, во утринските часови, Универзалната сала во Скопје ја зафати голем пожар. По еден час, екипите на противпожарната единица пожарот го ставија под контрола.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска побара итно постапување од надлежните институции со цел побрзо да се најде причината поради која избувна пожарот. Костадиновска најави и продолжување на реконструкцијата на Универзална сала веднаш штом се санира предизвиканата штета.

Реконструкцијата на Универзална сала ќе продолжи веднаш по санирање на штетата од пожарот, најави Костадиновска Стојчевска

Приведен па ослободен новинарот Фуркан Салиу, медиумските организации бараат расчистување на случајот

Новинарот и основач на порталот „PortaliX“, Фуркан Салиу во текот на вчерашниот ден беше уапсен за време на фудбалски натпревар, поради како што рекоа од МВР, напад на службено лице. Салиу негираше дека нападнал полициски службеник, а од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) побараа итно расчитување на случајот.

Приведен па ослободен новинарот Фуркан Салиу, медиумските организации бараат расчистување на случајот

Фридом Хаус: Македонија назадува во владеењето на правото и борбата против корупцијата

„Циклични хибриди“ е групата во која Фридом Хаус ја стави Македонија во својот нов извештај, „Државите во транзиција“. Според извештајот оваа група се карактеризира со редовни промени во владејачката елита кои не дозволуваат да се дојде до суштинска структурна промена.

Па така, како што додаваат од таму во Македонија има назадување во владеењето на правото и борбата со корупција, а се истакнува и судирот на партиите околу уставните измени потребни за да се надмине бугарското вето за пристапување на земјата во Европската Унија.

Фридом Хаус: Македонија назадува во владеењето на правото и борбата против корупцијата

Здравствените работници на протест: Не отстапуваме од барањето за повисока плата

Вработени во здравството на протест пред Министерството за здравство искажаа незадоволство од непотпишувањето на анексот на Колективниот договор со кој платите на сите вработени во дејноста треба да се покачат за 15%, согласно зголемувањето на минималната плата во март.

Тие порачаа дека не отстапуваат од нивното барање и доколку не го добијат ќе организираат поброен протест.

Здравствените работници на протест: Не отстапуваме од барањето за повисока плата

+БОНУС

[Интервју + галерија] Душко Спасов: Сѐ околу нас е геометрија

Во хипнотизирачкиот свет на геометриската уметност со конец, деликатната интеракција на линии и форми се спојува со груба текстура за да создаде безвременски дела. Од впечатливи мандали и единствени хипнотички тестови до симболи и портрети, секое изработено визуелно парче на Душко Спасов – Дуле од Свети Николе претставува симфонија на математички јазик.

„Сѐ околу нас е геометрија или некако е поврзано со неа“, истакнува геометрискиот уметник.

[Интервју + галерија] Душко Спасов: Сѐ околу нас е геометрија

[Видео] Ученици од „Никола Карев“ сами ги смислуваат и изработуваат маските за Струмичкиот карневал

Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица повеќе од 20 години учествува на Струмичкиот карневал. Маските кои ги смислуваат учениците со помош од наставниците се подготвуваат од почетокот на второто полугодие.

Ова е прилог во рамки на МладинскиГлас –  мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат содржини од младите членови на новинарските клубови.

[Видео] Ученици од „Никола Карев“ сами ги смислуваат и изработуваат маските за Струмичкиот карневал

Причините за појавата на децата питачи не се сфаќаат сериозно

Според Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител, најголемиот број деца кои што питачат се припадници на ромската заедница, потекнуваат од семејства што живеат во крајно лоши услови на живеење, во супстандардни услови за живеење, без вода, без електрична енергија, без никакви можности за нормален раст и развој.

„Родителите се со многу ниско, ако не и без никакво образование, без работа и единствено егзистираат или преку питачење или евентуално преку обезбедување на право на социјална заштита“, рече Бајрамовска-Мустафа.

Причините за појавата на децата питачи не се сфаќаат сериозно

[Видео] Изработување на бележници за книги во кафе-книжарницата „Илика“

Меѓу зградите на Градскиот ѕид во центарот на Скопје се наоѓа кафе-книжарницата „Илика“. Претходниот викенд таа беше претворена во креативно катче каде се изработуваа бележници за книги

[Видео] Изработување на бележници за книги во кафе-книжарницата „Илика“

#ПетAлбумиЗаПоДома на Ангела Бошкоска

Во рубриката #ПетAлбумиЗаПоДома ја имавме Ангела Бошкоска. Таа е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и новинарка која не се бави со музика освен кога, најчесто, треба да одбере за во видео или reel.

#ПетAлбумиЗаПоДома на Ангела Бошкоска

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Ана Марија Тикова

Во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имавме Ана Марија Тикова која студира филмска и ТВ монтажа, а во слободно време вели дека се занимава со контент креација и фотографија.

„Фотографијата за мене е пренесување на полетното чувство кога нешто ќе ти го скрене вниманието и во тие неколку мигови едноставно ништо друго не постои. Најчесто инспирација црпам од енергијата на одреден амбиент, од ситни детали или од контрастни и богати бои“, вели Тикова.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Ана Марија Тикова