На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
[Видео] Што очекуваат младите од новата Влада?
Промени во образованието, можност за напредок и вработување, подобрување на студентскиот стандард, повеќе зелени површини и поголема финансиска помош се дел од одговорите кои ги добивме на нашата анкета во која ги прашавме младите што очекуваат од новата Влада.
Покрај нивните барања тие им порачаа на идните владини функционери да бидат повеќе заинтересирани за нив, да го слушаат нивниот глас и да ги исполнат сите ветувања.
Репортери без граници: Македонија со напредок од две места во слободата на медиумите, но со раширени дезинформации и непрофесионалност
Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството кон медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција на лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои за Македонија во Индексот за слободата на медиумите за 2024 на Репортери без граници.
YouThink: Младите се како „сунѓери“ и примаат сѐ од социјалните мрежи
Какво е влијанието на јутуберите и тик-токерите на социјалните мрежи врз младите? Кои се позитивните и негативните страни од секојдневното користење на социјалните мрежи? Зошто младите почесто ги избираат како извори за информирање?
На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот YouThink подкаст, каде зборувавме со младиот тик – токер и инфлуенсер Александар Динев, кој од свое искуство ни посочи како на правилен начин да се користат социјалните мрежи и на што може да веруваме а на што не.
YouThink: Младите се како „сунѓери“ и примаат сѐ од социјалните мрежи
Минимална плата од 450 евра и враќање на трошоците за храна и превоз, побараа синдикалците на Првомајскиот протест
Минимална плата од 450 евра и враќање на надоместокот за храна и превоз од 2009 година се барањата на синдикалците и работниците кои излегоа на Првомајскиот протест, по повод Меѓународниот ден на трудот.
„Нашите барања во првите 100 дена од новата влада, поради тоа што ние веќе немаме време за чекање и поради тоа што сѐ повеќе наши колешки и колеги заминуваат од државата, се да се зголемат платите, особено минималната плата на најмалку 450 евра. Правото на превоз треба да биде подеднакво важно за работниците во Македонија како што е важно за функционерите“, порача Зоран Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во обраќањето пред Влада.
[Видео] „Макстрипови“: Започнавме стрип-школа за средношколци за да се впрегне нивната креативност
НВО Инфоцентарот во Младинскиот културен центар секоја недела е збирно место за група креативци – средношколци кои делат пасија кон стрипот. Тие се дел од стрип-школата што ја води Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“.
По минатогодишното прво издание на „Стрип-трип“ фестивал, Давор Драмиќанин и Здраво Гиров осетиле дека има потреба да организираат школа преку која ќе се запознаат со млади стрип-автори, а ним ќе им ја пренесат љубовта и знаењето за стрипот.
[Видео] „Макстрипови“: Започнавме стрип-школа за средношколци за да се впрегне нивната креативност
+Бонус
[Видео] Млади од новинарските клубови на Радио МОФ во посета на медиуми
Триесетина учесници во новинарскиот клуб на Радио МОФ, денеска беа во посета на неколку медиуми.
Млади од Скопје, Струмица и Штип беа во посета на ТВ Сител, БИРН-ПРИЗМА и на крајот редакцијата на Радио МОФ.
[Видео] Млади од новинарските клубови на Радио МОФ во посета на медиуми
Студентите на Економскиот факултет при УКИМ за еден семестар плаќаат околу 80.000 денари, покажува новото истражување на Форумот за образовни промени
За просечните трошоци во текот на еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ плаќаат по 81.335 денари или 1.317 евра, додека студентите на Филолошкиот факултет при УКИМ плаќаат по 72.618 денари или 1.176 евра. Студентите на Медицинскиот факултет во Тетово, пак, просечните трошоци за еден семестар ги коштаат 69.850 денари или 1.131 евра.
Овие податоци се дел од најновото истражување на Форумот за образовни промени, „Студентска кошничка на студентите на Економскиот, Филолошкиот и Медицинскиот факултет“ чија главна цел е да се создаде јасна слика за трошоците на студентите, за во иднина институциите кои креираат финансиски политики да бидат повеќе свесни за младите.
МОН: Започна реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“
За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди, информираат од Министерството за образование и наука (МОН) за започнатата реконструкција на студентскиот дом кој две години стои затворен и без студенти.
Со реализација на активностите на терен, како што велат од МОН започна првата фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Република Македонија.
МОН: Започна реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“
25 медали за инклузивното студио „Денесрс Јунајтед“ на Светското првенство во латино танци во Полска
Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на „Денсерс Јунајтед“ се вратија со вкупно 25 медали.
„Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери“, велат од инклузивното танцово студио.
25 медали за инклузивното студио „Денесрс Јунајтед“ на Светското првенство во латино танци во Полска