На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Mладите во изборните програми на партиите
Младите луѓе секогаш наоѓаат простор на долго и широко во програмите на партиите за сите избори. Така и оваа кампања, некои партии ветуваат Министерство за млади, други надградување на мерката „Купи куќа за млади“, трети воведување бесплатно високо образование, четврти изградба на детска болница, а петти долгорочни кредити за новоформирани младински компании што ќе ги субвeнционира државата.
Гордана Силјановска Давкова ќе стане првата претседателка на Македонија, откако денеска, според 95.55% од обработените избирачки места освои 531.758 гласови на претседателските избори кои се одржаа заедно со парламентарните избори.
[Видео] Како функционира ресурсниот центар „Иднина“ и образовната асистенција
Со реформите во основното образование, посебните училишта во Македонија се трансформираа во ресурсни центри, а едно од тие е ОУРЦ „Иднина“.
Оттука, во подкаст снимен во Радио МОФ зборувавме за новата дејност на „Иднина“ и ресурсните центри, за тоа како функционира наставата, но и како се ангажирани образовните асистенти во инклузивното образование.
[Видео] Како функционира ресурсниот центар „Иднина“ и образовната асистенција
Во скоро секој македонски град и во секое село, во центарот и на перифериите, има напуштени куќи, хотели, цркви, фабрики, училишта, летувалишта, планинарски домови, железнички станици и возови, авиони или базени. Станува збор за социјални свртувалишта, културни богатства или значајни спомени на многу генерации кои сега веќе се загушени во прашина од рушевини, заглавени во времето и заборавени од, речиси, сите.
Со објавувањето на конечноста на резултатите од вториот круг на претседателските избори кој се одржа на 8 мај, Државната изборна комисија (ДИК) денес соопшти дека Гордана Силјановска Давкова е избрана за претседателка на државата.