На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. Отворен првиот Центар за момчиња и мажи кои се соочуваат со насилство или имаат проблем со менталното здравје
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА го отвори првиот ММ-Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи во Македонија, кој ќе нуди бесплатни психолошки и психотерапевтски советувања со физичко присуство или преку виртуелни канали на македонски и албански јазик.
Момчињата и мажите ќе можат да побараат поддршка за справување со семејни проблеми, насилство, депресија, анксиозност, апатичност, булинг…
2. [Инфографик] УКИМ останува на 1.990 место на рангирањето на 2.000 најдобри универзитети во светот, според CWUR
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) остана на 1.990 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, која ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
Годинава, CWUR рангираше 20.966 високообразовни институции, а УКИМ е единствениот македонски универзитет кој се најде на потесната листа од 2.000 универзитети.
3. Борче Димитровски: Геодетски куполи може да бидат домови, летниковци или оранжерии
Во цветниот и често дождлив месец мај, „Природна Перспектива“ заедно со „СФЕРИКА“ во селото Стар Иственик, делчевско, организираше семинар на кој присутните беа опремени со основно знаење за изградба на објекти во форма на геодетски куполи.
Семинарот го водеше Генчо Генчев од Бугарија, а домаќинот Борче Б. Димитровски за Радио МОФ вели дека целиот тим заедно изградил геодетска купола во дворот на „Природна Перспектива“. Притоа, се забавувале, развивале вештини и учеле, како за денешната примена, така и за историјатот на ваквите градби.
Kуполите се споменуваат уште од дамнешни времиња, додека првата геодетска купола (geodesic dome) била подигната после Втората светска војна од германскиот инженер Валтер Баусфелд како планетариум за неговиот проект. Потоа, таа е „патентирана“ на стартот на 50-ите години од минатиот век во Америка. Популаризација на овој вид куполи е впишана на Ричард Бакминстер Фулер, американски архитект, писател, филозоф, дизајнер и фитурист.
Борче Димитровски: Геодетски куполи може да бидат домови, летниковци или оранжерии
4. [Фото] Граѓанската ангажираност, еко-активизмот и културата во фокус на првиот „ENGAGE Youth 2024“
Граѓанска ангажираност, активизам, еко-активизам и култура во општествените заедници беа дел од темите за кои гласно говореа четворица активисти на првиот „ENGAGE Youth 2024“ кој се одржа во петокот во Центарот за култура во Дебар, во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Радио МОФ.
[Фото] Граѓанската ангажираност, еко-активизмот и културата во фокус на првиот „ENGAGE Youth 2024“
5. [Видео] Десет приказни на прекинати врски дел од осмиот „Статуафест“
Десет приказни на „прекинати врски“ (Broken relationship) беа претставени долж улицата „Македонија“ во Скопје. Минувачите можеа да ги „прочитаат“ приказните од 17-те уметници кои деновиве беа живи статуи, дел од осмото издание на „Статуафест“.
[Видео] Десет приказни на прекинати врски дел од осмиот „Статуафест“
БОНУС:
[Видео] Youthink: Печатените медиуми најдобро се промовираат преку социјалните мрежи
Како успеваат да опстанат печатените медиуми во дигитална ера? Колку е важно да постојат и кој е патот кој треба да го поминат? Дали има интерес кај младите за овие медиуми?
На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот YouThink подкаст, каде зборувавме со Тони Димков, долгогодишен и искусен новинар кој во моментов е новинар и уредник во неделниот културен прилог на весникот „Слободен печат“ – „Културен печат“ и младиот новинар и ПР менаџер Дарко Беровски кој е основач, уредник и новинар на списанието „Спознание“.
[Видео] Youthink: Печатените медиуми најдобро се промовираат преку социјалните мрежи