На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование…
1.Ќе се отстрануваат реквизитите за забавниот парк кај СЦ „Борис Трајковски“, најави МВР
Ќе се отстрануваат реквизитите за забавниот парк, меѓу кои и панорамско тркало кои неодамна почнаа да се поставуваат пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, најави денеска Министерството за внатрешни работи.
Ваквата најава следува откако Град Скопје претходно соопшти дека фирмата Дизниленд Реквизити од Чаир, регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи и без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити.
Ќе се отстрануваат реквизитите за забавниот парк кај СЦ „Борис Трајковски“, најави МВР
2.Учениците во Тетовo имаат слаб интерес за стручните средни училишта
Албанските ученици во Тетово не се заинтересирани да се запишат во средните стручни училишта. Повеќето од нив се ориентирани кон гимназиските училишта, економско и медицинско. Ова беше потврдено и вчера во текот на „Отворениот ден“ што го организираа средните училишта во Тетово, чија цел е сите полуматуранти одблиску да се информираат со образовните програми што ги нудат школите.
За да се промени ваквата состојба и учениците да се ориентираат подобро во сите насоки, се планира реорганизација на училиштата. Во меѓувреме, како резултат на иселувањето, намален е и бројот на ученици генерално.
Учениците во Тетовo имаат слаб интерес за стручните средни училишта
3.МКЦ ќе стане првата културна установа која нуди пристап до бесплатни менструални продукти
Меѓународниот ден за менструална хигиена ќе биде одбележан на 27 мај (понеделник) во Младинскиот културен центар (МКЦ) каде ќе има вечерна програма наменета за сите, а преку која ќе се информира за значењето на менструалната правда, како конечно да се искорени менструалната сиромаштија.
Во фокусот на годинешниот настан ќе биде поставувањето на диспанзери за бесплатно пристапување до влошки за менструална хигиена.
МКЦ ќе стане првата културна установа која нуди пристап до бесплатни менструални продукти
4.Протест на вработените во Пошта: Не знаеме кога ќе земеме плата, бараме средба со новата Влада
Исплата на платата за април, средба со идната Влада и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација на работата, побраа вработените во АД Пошта на денешните протести во сите подружници во Македонија.
Претседателот на Синдикалните организации на Македонска пошта, Боро Велигденов на денешната прес-конференција, рече дека АД Пошта веќе подолг период се соочува со огромна финансиска криза.
Протест на вработените во Пошта: Не знаеме кога ќе земеме плата, бараме средба со новата Влада
5.Норвешка, Ирска и Шпанија ќе ја признаат Палестина како држава
Норвешка, Ирска и Шпанија официјално ќе ја признаат Палестина како држава на 28 мај, пишува „ЦБС њус“.
Според премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стоере, решението со две држави е најдобра опција за Израел, а целта по признавањето на Палестина е да се постигне палестинска држава која е политички кохезивна.
Норвешка, Ирска и Шпанија ќе ја признаат Палестина како држава
Бонус:
Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница
Со 84 гласа за, 19 против и 68 воздржани, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) вчера ја усвои нацрт-резолуцијата за Сребреница, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, пренесува Н1.
Помеѓу земјите кои гласаа за, беше и Македонија, која исто така беше коспонзор на Резолуцијата.
Резолуцијата беше предложена од Германија и Руанда, а спонзорирана од уште 30 земји, меѓу кои се и земјите од Квинта и сите поранешни југословенски републики, освен Србија и Црна Гора.
Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница
Mногу идеи, но малку можности за младите од Свети Николе
Стефан, Евгенија, Дејвид и Мартин го полнат календарот со активностите што ги планираат за оваа пролет. Веќе имаа десетина настани предвидени за април и мај, а почнуваат да ги исполнуваат и празните полиња од летните месеци.
Секоја недела, по училишните обврски, тие се собираат за дружба и заеднички проекти во локална граѓанска организација од Свети Николе, во недостаток на друг јавен простор наменет за младите во градот.
Симона Паскоска