На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование…
Ова беше прилично богата и исполнета недела, па, овој пат наместо 5, избравме 15 теми и разни содржини:
[Инфографик] Една третина жени и само двајца млади во новиот состав на македонското Собрание
Една третина жени и само двајца млади до 29 години, ова се дел од демографските карактеристики на новото македонско Собрание.
Новиот парламентарен состав ќе брои 78 пратеници и 40 пратенички. За споредба, минатиот состав броеше 43 пратенички, односно 45 жени пратеници во периодот од 2016 до 2020 година.
Мнозинство пратеници 45 се во возрасната група од 36-45 години, потоа 41 пратеник имаат од 46 до 55 години, а 17 пратеници од 56-65 години.
[Инфографик] Една третина жени и само двајца млади во новиот состав на македонското Собрание
Аналогните фотографии и плочите шармираат и во дигитална ера
Сè повеќе видеа, па дури и цели филмови се снимаат со камера на мобилен телефон. Мобилните се и еден од главните уреди преку кој се слуша музика што е достапна на дигиталните платформи како Јутјуб, Спотифај, Бендкемп. Но, додека светот полека се пакува во кутија што ја собира во џеб, во мода се враќаат „старите“ начини на фотографирање и слушање музика.
Апаратите на филм и винилот во последните неколку години го доживеаја својот „камбек“ и во земјава. Како потврда за тоа може да се земат и продавничките за аналогни апарати и филмови, кои сè уште опстојуваат и каде се развиваат филмови, а и плочите што може да се најдат на сè повеќе места – на пример во големите книжарници. Се разбира, тука се и локалните уметници кои прават цели изложби со аналогни фотографии и објавуваат или пуштаат музика исклучиво на винил.
Аналогните фотографии и плочите шармираат и во дигитална ера
[Инфографик] 567 часа реклами се емитувале на телевизиите и радијата за парламентарните избори
Реклами од вкупно 567 часа биле емитувани на телевизиите и радијата за време на кампањата за парламентарните избори, покажува Извештајот за платеното политичко рекламирање (ППР) на радиодифузерите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Вкупно 68 (39 телевизии и 29 радија) од 77 радиодифузери во Регистарот на Државната изборна комисија (ДИК) склучиле договори со учесниците во изборната кампања за емитување ППР.
[Инфографик] 567 часа реклами се емитувале на телевизиите и радијата за парламентарните избори
Поминаа изборите, а МКЦ остана без хонорарци, без бифе и заглавен во долгови
„Пијачки од дома да си носите“ беше пораката на организаторите на неколкуте концерти што се броеја на прсти, а беа изведени во оскудни услови во Младинскиот културен центар (МКЦ) за време на изборите. Центарот изминативе месеци често беше празен, обвиткан во мрак, без шанк, без разновидна и алтернативна културна програма за младите, бидејќи кубуреше со персонал откако новиот директор Арбен Бени Шаќири им ги прекина договорите на 30 хонорарци, што се’ уште влијае врз идното планирање на содржините и воопшто функционирањето на МКЦ.
Поминаа изборите, а МКЦ остана без хонорарци, без бифе и заглавен во долгови
Танос Гогос: Пишувањето поезија е процес на самоизразување, кога ќе ја објавите таа не ви припаѓа само вам
Еден од учесниците кој настапи на интернационалното поетско читање на Скопскиот поетски фестивал беше поетот Танос Гогос од Грција со кого Радио МОФ имаше можност да направи интервју.
„Во литературата, за разлика од животот, можеш да отидеш во еден бар, да живееш приказна, а потоа да го вратиш времето, да отидеш во друг бар, да живееш друга приказна, а потоа да избереш која приказна ќе биде вистината на книгата. Така, за „Глазгов“ сакав целосна мобилност, додека во „Дакар“ сакав тишина. Претпоставувам дека секоја книга доаѓа од таа длабока потреба – или за мир, или за стимулација – и потоа или патуваме или се повлекуваме, физички или метафорички“, вели Гогос.
Асистентите на Универзитетот во Тетово се’ уште во бојкот, немаат земено плата 3 семестри
Десеттина асистенти од Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово (ДТУ) ја бојкотираа наставата од почетокот на овој семестар, затоа што не земале плата подолго време. Станува збор за асистенти ангажирани со договор на дело за реализација на практична настава.
„Знаејќи го значењето на практичната настава на овие факултети, бараме разбирање од студентите и јавно информираме дека во моментот кога ќе се изврши целосната исплата на сите претходни семестри, веднаш ќе продолжиме со практичната настава и ќе ги надоместиме изгубените часови. Во спротивно, бојкотот ќе продолжи и ризикува овој семестар да им биде прогласен за неважечки“, рече иницијаторот на штрајкот, Висар Џафери.
Асистентите на Универзитетот во Тетово се’ уште во бојкот, немаат земено плата 3 семестри
„Отскочна даска“ за Андреј Анѓеловиќ кој ќе ги претставува младите на Скопскиот поетски фестивал
Младиот Андреј Анѓеловиќ на поетското читање за млади – „Отскочна даска“ беше избран да ги претставува младите поети на Скопскиот поетски фестивал што по четврти пат се одржува од денес до 1 јуни.
Веќе трета година по ред, Скопскиот поетски фестивал неофицијално го отвораат најмладите поети на возраст од 16 до 25 години кои со своја поезија се претставуваат под сијаличките на сцената во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.
„Отскочна даска“ за Андреј Анѓеловиќ кој ќе ги претставува младите на Скопскиот поетски фестивал
[Видео] Анонимни сведоштва на луѓе кои се погодени од корупција
Младински образован форум (МОФ) објави видео за подигнување на свеста против корупцијата, предводено од членовите на клубовите за младински активизам од Велес и Чаир.
Млади читаат сведоштва кои анонимно беа споделени од граѓани, со цел да се даде глас на оние кои се погодени од корупција и да се споделат нивните приказни.
[Видео] Анонимни сведоштва на луѓе кои се погодени од корупција
Одвеиг Кливе, поетеса: Кога објавувате поезија, не можете да го избегнете чувството на ранливост
На овогодинешниот Скопски поетски фестивал, кој неофицијално стартуваше со „Отскочна даска“, гостува поетесата Одвеиг Кливе, авторка на единаесет стихозбирки.
Taa e и режисерка што ги спојува поезијата и филмот, а живее во Ставангер, на западниот брег на Норвешка.
„Кога објавувате поезија, никогаш не можете да го избегнете ова чувство на ранливост. Мислам дека ова е цената да се биде уметник. Но пак ќе кажам: бидете искрени и бидете храбри! Поезијата секогаш ќе биде пронајдена од некој“, вели таа во интервјуто со Радио МОФ.
Одвеиг Кливе, поетеса: Кога објавувате поезија, не можете да го избегнете чувството на ранливост
[Инфографик] Лани минимално намален бројот на дипломирани студенти на македонските универзитети
Бројот на дипломците на државните и приватните високообразовни институции во Македонија лани е минимално намален, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Вкупно лани дипломирале 7.422 студенти, што е намалување за 37 студенти во споредба со 2022 година, кога додипломски студии завршиле 7.459 студенти.
За државните високообразовни институции лани се евидентирани 5.240 дипломирани студенти, што претставува зголемување за 214. Во меѓувреме пак, за 278 е намален е бројот на дипломците на приватните универзитети, односно апсолутната бројка лани изнесува 2.155 студенти.
[Инфографик] Лани минимално намален бројот на дипломирани студенти на македонските универзитети
[Фото] Промоција на книгата „Прва менструација“, филмови, квиз и дружба го одбележаа Денот на менструална хигиена
Девојките зад здруженијата „Тиииит! Инк.“ и „ПЕРИОД.Скопје“. со разни активности под слоганот „Прва менструација“ го одбележаа Меѓународен ден за менструална хигиена. Денот, платото пред периодов осаменото и тивко МКЦ, беше исполнето со луѓе, штандови со публикации кои едуцираат за менструална хигиена и менструална правда, а имаше и кутија за донирање влошки.
Во женските тоалети на МКЦ официјално беа поставени и диспанзери со влошки, што го прави младинскиот центар во Скопје првата јавна културна установа која нуди бесплатен пристап до менструални продукти.
[Фото] Граѓани и активисти се собраа пред Општина Аеродром, најавија нови протести и мерки за поништување на ДУП-от што предвидува висококатница во Лисиче
Граѓани од скопско Лисиче, активисти и советници протестираа пред седништето на Општина Аеродром, откако вчера на седница на Советот беше изгласан ДУП-от за градска четврт ЈИ0901, кој предвидува и висококатница во населбата Лисиче.
Лисичани и лани на неколку пати се противеа против згради и бетонизација на населбата. Протестираа на крстосницата на „12. Македонска бригада“ и „Србија“, а потоа на јавните расправи носеа и куп документи за да докажат дека не може да се одземат нивните дворови за да се прошират улиците или за друга намена, предвидeна со тогаш предложениот ДУП.
Сега, иницијативата Да го зачуваме Лисиче смета дека ДУП-от бил донесен на шверцески начин, иако, како што велат, и на градоначалникот Тимчо Муцунски, и на општината, и на јавноста изрично кажале „НЕ за градежното лудило“.
Младинскиот театарски центар „Зона“ од Прилеп им дава можност на младите вљубеници во театарот да ги покажат вештините
„Живеам за театарот, созревам и учам, театарот ја буди уметноста во мене“. Вака ни ја опиша театарската приврзаност и љубовта кон актерството младата Марија Јовеска, една од членовите во аматерскиот младински театарски центар (МТЦ) „Зона“ од Прилеп, кој постои повеќе од осум месеци.
Овој театарски центар е место каде 27 основци и средношколци со поддршка на нивните ментори а воедно и основачи на „Зона“, актерите Марија Спиркоска Илијеска и Даниела Иваноска како и професорот по македонски јазик Мартин Наумоски ги покажуваат своите театарски вештини.
Џејмс О’Лери: Поезијата продолжува да ме буди во свет на изразување и ми овозможува да ги согледам работите со нови очи
На вториот ден од официјалната програма на Скопскиот поетски фестивал направивме интервју со еден од гостите, поетот Џејмс О’Лери кој доаѓа од Ирска.
„На поетските фестивали гледам како поетите остваруваат конекции со други поети и како се инспирираат и охрабруваат меѓу себе, и тоа е важно за одржување на поетската заедница. Навистина е енергичен целиот прцес на доаѓање на едно место и споделување на својата поезија со други поети. Пишувањето во главно е осамено, па виталноста на овие фестивали надодава на важниот аспект да се биде поет/автор. Од друга страна, може да ја направи поезијата многу подостапна за публиката и да овозможи поинаков начин присутните да се поврзат со неа“, рече О’Лери.
Волонтерството на грб го носат организации, МТСП не кажува колку и како се спроведува на терен
„Развојот на волонтерството во Македонија сѐ уште се соочува со предизвици и не успева да го постигне својот потенцијал, ова не е вообичаена активност на граѓаните и во јавноста сѐ уште постои генерален недостаток на свест за користа од волонтирањето“ се вели во Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025) на Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Оваа слика и понатаму се трудат да ја променат само одредени организации кои се базираат на волонтерство, со цел да може младите подобро да го сфатат и, со тоа, да го практикуваат волонтерството како вредност.
Волонтерството на грб го носат организации, МТСП не кажува колку и како се спроведува на терен