На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование…
1. [Инфографик] Студенти ги препознаваат проблемите и неправдите на своите факултети, ама не знаат каде да пријавуваат
Професорска неодговорност, дискриминација, корупција, сексуално вознемирување, небезбедни и несоодветни услови се само дел од причините за кои одредени студентите на државните факултети во Македонија имаат поднесено жалби. Меѓутоа, на Инстаграм анкетата на Радио МОФ која беше наменета за студентите, дури 63% се изјаснија дека не знаат каде се поднесува жалба, односно не знаат за студентскиот правобранител како одговорно тело за заштита на нивните права.
2. 25 години МОФ: Иднината е во квалитетното образование и во активната улога на младите
Преку рефлексија на достигнувањата на Младински образовен форум (МОФ), но и преку отворена дебата за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество МОФ одбележа 25 години постоење.
25 години МОФ: Иднината е во квалитетното образование и во активната улога на младите
3. Младите ќе добијат матично министерство – како изгледа предвидената реорганизација на министерствата?
Формирање неколку нови министерства, спојување, како и укинување, промени и трансформации на некои агенции, секретаријати и државни инспекторати беа дел од предлог измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа кои Собранието ги усвои. Сега, бројот на министерства ќе биде за 4 поголем, односно во земјава ќе има 20 министерства. Со новиот закон ќе се формираат Министерство за спорт, Министерство за европски прашања, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за јавна администрација, а промени има и во неколку други министерства.
4. Филозофски филмски фестивал годинава инспириран од режисерката Маја Дерен, се воведува и нова Селекција на видеоесеи
Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) годинава по 14. пат ќе се одржи од 7-13 јуни во Кинотеката на Македонија и во негови рамки ќе бидат прикажани повеќе од 35 филмови во повеќе категории, ќе има излагања и вовед во некои од филмовите, како и предавање на еден од гостите. Организатори на фестивалот се Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје и Кинотеката на Македонија.
5. #ПетАлбумиЗаПоДома на Вангел Ноневски
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома го имавме Вангел Ноневски.
Тој е главен координатор на проектите и активностите на „Аксиома“: непрофитна екипа на ентузијасти кои ја организираат „Омнибустопија“ (мултиуметнички фестивал), издаваат книги и музички албуми на македонска авангардна музика, организираат концерти, изложби и работилници, и се обидуваат да ја живеат уметноста.
БОНУС:
Две имиња се издвојуваат во психоделичната транс сцена со нивните извонредни придонеси и трајното наследство. „Atriohm“ и „Tengri“, пионерите кои го обликуваа звучниот пејзаж на форест псајтрансот, како и инспирираа безброј уметници и фанови, оваа година ја слават својата 20-годишнина. За да го доловиме оваа значајнo достигнување, разговаравме поединечно со „Atriohm“ и со „Tengri“, осврнувајќи се на нивното заедничко музичко патување, различните креативни процеси и еволуцијата на психоделичниот транс.
[Интервју] Саше Голчев, „Atriohm“: Да продолжиме да ја негуваме магијата на музиката
[Интервју] Лео Голчев, „Tengri“: Сите овие 20 години се посвета за вас, сeкој од вас