Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, инклузија…

Државата плаќа за стипендисти што ретко се враќаат да работат во Македонија

Досега државата стипендирала 389 студенти во странство и отприлика за секој од нив од државната каса издвоила 160 илјади долари, а ретко кој од нив се враќа да работи во Македонија, иако така е предвидено според закон. Ова го покажува истражувањето на Младински образовен форум (МОФ) „Неискористен студентски потенцијал“, кое исто така укажува дека стипендии повеќе користат ученици од приватните школи, додека нивни врсници од државните училишта не се доволно информирани за можностите.

Државата плаќа за стипендисти што ретко се враќаат да работат во Македонија

Културата во Скопје „на апарати“, културните институции од Градот добиваат трошки

Скопје во 2028 година треба да биде „Европска претстолнина на културата“, но, од друга страна, културните институции што се во надлежност на Град Скопје работат во тешки услови откако во последниве две години значително им е намалена финансиската поддршка од градската администрација на Данела Арсовска. Ова значи помалку пари за културна дејност, но и за да подмират основни трошоци за струја или парно, што ги води во финансиски грч и неизвесност „што попрво“ и „како понатаму“. Дел од институциите сметаат дека или се работи за тотално непознавање на секторот, или тенденциозно се уништува културата. с

Културата во Скопје „на апарати“, културните институции од Градот добиваат трошки

Речиси половина средношколци не препознаваат мамки и говор на омраза во медиумските наслови

Eдна третина од средношколците од прва и втора година наседнуваат на спам пораки, речиси половина не препознаваат мамки и говор на омраза во медиумските наслови, а под гледање телевизија подразбираат гледање Нетфликс, ХБО или други стриминг платформи. Истовремено, само 41% на школо добиваат доволно информации за тоа како да ги користат медиумите, а кога „висат“ на интернет, тогаш најмногу гледаат Тик-ток видеа и кратки видеа, односно рилови на Инстаграм и слушаат музика.

Ова го покажaa наодите од истражувањето за медиумска писменост на средношколци од прва и втора година што го спроведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Речиси половина средношколци не препознаваат мамки и говор на омраза во медиумските наслови

 Младите од Чаир бараат младински центар, општината ја чека новата влада за да го реализира проектот

Иако е ветен пред многу години, Општина Чаир се’ уште не го отвори младинскиот центар, простор кој би им служел на младите. Младите од оваа општина велат дека чувствуваат недостиг на таков центар, бидејќи тоа ги ограничува во организирањето различни активности, но го ограничува и нивниот развој.

Младите од Чаир бараат младински центар, општината ја чека новата влада за да го реализира проектот

[Мегафон] Зоран Јаневски: Со „Донирај велосипед“ ги возобновуваме подзаборавените работни акции

Здружението „Велес Бајкинг“ неодамна ја потегна иницијативата „Донирај велосипед“ преку која заедно со млади активисти поправаат велосипеди и ги подаруваат таму каде што се потребни.

„Секоја недела, секоја среда во Велес организираме акција за обука репарирање на стари велосипеди на сите велешани. Меѓутоа, имаме и млади активисти кои ги внесуваме во тајните на обуката за велосипеди со цел самите млади да се вклучуваат во таа акција, а дел од нив коишто сакаат да ги подарат тие велосипеди ги објавуваат на социјалните мрежи. Потоа луѓето се пријавуваат и им ги носиме во нивните домови“, раскажува Зоран Јаневски од иницијативата за Радио МОФ.

[Мегафон] Зоран Јаневски: Со „Донирај велосипед“ ги возобновуваме подзаборавените работни акции

+ Бонус

Николовски најави градски воз, активистите бараат тој да се поврзе со останатиот јавен превоз и во него да се качуваат и велосипедисти и лица со попреченост

Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски смета дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз, односно да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина уште пред скоро една деценија. Според активистите, железничкиот транспорт треба интермодално да биде поврзан со останатиот јавен превоз во Скопје, да се направи цела систем – со автобуси, БРТ или трамвај, велосипедска мрежа – за да има ефект, а притоа во него да може да се возат и велосипедистите и лицата со попреченост.

Николовски најави градски воз, активистите бараат тој да се поврзе со останатиот јавен превоз и во него да се качуваат и велосипедисти и лица со попреченост

 [Видео] „Партенија Зографски“ за некого е обична зграда, но за глувите значи се’

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ во кое образованието се одвива на македонски знаковен јазик постои повеќе од 60 години. Средното училиште има големо значење за образованието на глувите и наглувите лица, но и за нивната инклузија во општеството.

Најголемата мисија на училиштето е социјализацијата и оспособувањето на учениците за самостојно извршување на работните задачи.

[Видео] „Партенија Зографски“ за некого е обична зграда, но за глувите значи се’

Домашни албуми од прва половина на 2024 година

Повторно правевме листа на македонски албумски изданија, за да ја одбележиме првата половина од 2024 година и да дадеме внимание на домашното музичко творештво. Во листата се вклучени подолги LP-a и кратки EP-a, од целиот музички спектар и без жанровски ограничувања, а има и албуми во живо и реизданија.

Домашни албуми од прва половина на 2024 година

[Видео] Општеството треба да го препознае психичкото малтретирање

Младата Маригона раскажува за психичкото малтретирање – булизмот, поради својата различност. Млада активистка за правата на девојките и жените го Ера, пак, објаснува проблемот и за начините на борба против оваа појава кај младите.

[Видео] Општеството треба да го препознае психичкото малтретирање