Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, инклузија…

Просечната оценка на државната матура била 3,25, најниска во последните неколку години

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава e 3,25, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Споредбено со минатите години, постои намалување на оценката на државната матура, односно просечната оценка лани била 3,65, во 2022 година била 3,78, а во 2021 година била 3,61. Според Државниот испитен центар (ДИЦ), ваквиот резултат се должи на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени.

Просечната оценка на државната матура била 3,25, најниска во последните неколку години

Концептот за родова еднаквост треба да стане мејнстрим во политиката

„Кога бевме помали, кога си игравме на улица, на клупи, во маало… сите бевме исти и еднакви. Машки и женски, едни до други. Проблемите настануваат кога ќе пораснеме, кога ќе почнеме да одиме на школо, факултет, кога ќе влеземе на пазарот на трудот. Тогаш општеството почнува да не’ дели на ‘ова можеш, ова не можеш’, на ‘машки и женски позиции’, на ‘директори и секретарки’. Од тоа произлегуваат фрустрации кои не’ обликуваат во несреќни луѓе“.

21-годишната Весна е студентка која активно работи на својот труд на тема „родова еднаквост во секојдневниот живот“. Вели, не сака премногу да се експонира во јавност, туку, нејзината улога е да ги анализира состојбите во Македонија „од позадина“.

Според неа, темата родова еднаквост во земјава станува мејнстрим, затоа што има потреба да биде мејнстрим.

Концептот за родова еднаквост треба да стане мејнстрим во политиката

[Инфографик] Изминатата академска година запишани 52.316 студенти – Како се движеше бројот низ годините?

Во академската 2023/2024 година која изминува, биле запишани вкупно 52.316 студенти, што претставува намалување за 2.8% во однос на претходната академска година. Бројот на запишани студентки во тековната академска година бил 30.704 или 58.7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

[Инфографик] Изминатата академска година запишани 52.316 студенти – Како се движеше бројот низ годините?

ДЗР: Алармантен губиток на таленти – Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци

Македонија се наоѓа на високото петто место од 41 европска земја на Индексот на одлив на мозоци на „Global Economy“, што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти. Во меѓувреме, според проценките на Светската банка, речиси 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државата, додека според извештајот на ИОМ за 2020 година, Македонија се наоѓа во топ 50 земји во светот со најголема емиграција во странство.

Ова се дел од наводите во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) насловен Ефикасност на мерките за спречување на одливот на високообразовани и стручни кадри.

ДЗР: Алармантен губиток на таленти – Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци

 

[Аудио] Каква е состојбата со младинскиот активизам во Струга?

Колку младите на локално ниво се вклучуваат иницијативите за млади, дали тие се доволно активни, но и како да се мотивираат за да се активираат, како и дали имаат доволно простори каде може да се здружуваат. Ова се некои од прашањата во аудио интервјуто со Ана Наумоска од Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга.

За тоа каква е состојбата со младинскиот активизам во Струга, слушнете повеќе во аудио интервјуто на линкот.

[Аудио] Каква е состојбата со младинскиот активизам во Струга?