Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, екологија…

Младинскиот активизам треба да се развива уште во локалните маала

Преку шест акции низ Македонија во изминатите месеци, клубовите Артивизам на Младински образовен форум (МОФ) се обидоа да ги поттикнат младите да излезат од комфорната зона, од својот „меур“ и да се заангажираат за проблеми од својата околина. Односно, младите да бидат проактивни, солидарни и креативни, а после тоа да се транформира во една колективна ангажираност за социјални, образовни, културни, еколошки, или воопшто меѓучовечки промени. Пред се’, на локално ниво, сите да тргнат од основните проблеми од соседството, од маалото, бидејќи тука почнува дејствувањето на заедницата и настануваат прогресивни проекти.

Младинскиот активизам треба да се развива уште во локалните маала

Има уште многу да се направи и научи за инклузивното образование

Во цел да се вклучиме кон јавната расправа за инклузивното образование, Радио МОФ собра мислења и ставови од разни личности што имаат искуство, стручност, или на кој било начин се вклучени во инклузивното образование. Ги прашавме дали се потребни измени во инклузивното образование? Какви? Во кое поле? Што недостасува, што треба да се смени, одземе, додаде или подобри?

Има уште многу да се направи и научи за инклузивното образование

ЦГК: Никој не располага со точниот број на доделени Б-интегрирани еколошки дозволи на фирмите кои влијаат врз животната средина

Никој во земјава не располага со точниот податок за бројот на доделени Б-интегрирани еколошки дозволи што општините им ги издаваат на фирмите чие работење влијае врз животната средина.

Ова го откри Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето кое го спровеле во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип.

ЦГК: Никој не располага со точниот број на доделени Б-интегрирани еколошки дозволи на фирмите кои влијаат врз животната средина

Младите бараат државата да го вреднува волонтерството

Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) организираше дискусија за законската регулатива на волонтерството, на која млади волонтери и активисти, претставници на граѓански организации, млади вработени во државните институции, како и пратеничката Марија Петрушевска, дискутираа за Законот за волонтерство и дадоа препораки за вреднување на волонтерството како работно искуство при државно вработување.

Младите бараат државата да го вреднува волонтерството

„Нашата кино сала се плажите и отворените локации низ Охрид“ – Започна седмото издание на „Beach Film Festival“

Плажите „Славија“ и „Сараиште“ во Охрид беа едни од кината на отворено каде се отвори седмото издание на веќе добро познатиот „Beach Film Festival“, со проекција на долгометражни филмови и музичка програма. Во изминативе денови, охриѓани и туристите во градот можеа да проследат уште десетина филмови и настапи на бендови и диџеи.

„Нашата кино сала се плажите и отворените локации низ Охрид“ – Започна седмото издание на „Beach Film Festival“