На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
„Борбата“ за студентско легло во Скопје годинава уште поголема
Матурантите кои се одлучуваат да студираат во Македонија, претежно, се запишуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. За сместувањето да го плаќаат три пати помалку и да живеат во пристојни услови, поголемиот дел од студентите од другите градови генерално посакуваат да бидат сместени во единствениот реновиран студентски дом „Гоце Делчев“. Но, годинава, сместувањето и во останатите студентски домови во Скопје, за одреден дел од студентите ќе биде потешко, поради намалените капацитети, а заради реновирање на дел од нив.
„Борбата“ за студентско легло во Скопје годинава уште поголема
„Најголемо достигнување во кариерата“- Петар Узунов од хорот „Мирче Ацев“ за златната награда на престижен фестивал во Виена
„Секоја година кога го гледаме новогодишниот концерт на Виенската филхармонија замислуваме како би било да настапиш таму“.
На овој начин хористот Петар Узунов раскажува за настапот во „Музикферајн“, „златната“ сала во Виена каде академскиот хор „Мирче Ацев“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) го одржа последниот гала концерт на „Светскиот хорски фестивал на мирот“, а на кој ја освоија првата златна награда.
Хорот предводен од диригентката Јасмина Ѓорѓеска Каро, стана првиот македонски хор кој настапил во овој престижен концертен простор. Тие, покрај настапот во „Музикферајн“, во четири дена имале уште шест настапи во виенскиот „Ратхаус“, седиштето на Обединетите нации и катедралата „Вотивкирхе“.
ИДУЕП: 21 од вкупно 24 членови на владиниот кабинет користат најмалку една социјална мрежа
Новиот државен врв е присутен на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер. Дополнително, и претседателката на Републиката, претседателот на Собранието, како и претседателот на Владата имаат и свои Тик Ток кориснички сметки, додека, пак, премиерот и претседателот на Собранието имаат и свои профили на мрежата за професионална комуникација и поврзување Линкедин.
Ова го покажува анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) направена по повод почетокот со работа на новоизбраните носители на извршната власт во земјава.
ИДУЕП: 21 од вкупно 24 членови на владиниот кабинет користат најмалку една социјална мрежа
[Став] Неконтролираната централизација на главниот град може да се промени со функционална железничка мрежа
„Во ситуација каде централизацијата во главниот град негативно влијае врз развојот на градовите и руралните средини, ефективно поврзување преку железничка мрежа може да ја промени сликата“.
Во прилог прочитајте го ставот на политикологот Бојан Лазаревски.
Од 2025 година започнуваат првите Олимписки еспорт игри
Само три дена пред Летните олимписки игри во Париз, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во текот на својата 142-та седница официјално ја поддржа и одобри организацијата на првите Олимписки игри за еспорт играчи, кои ќе се одржат во 2025 година во Саудиска Арабија.