Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Јаневска: Повисока плата за наставниците, укинување на пролетниот распуст за учениците

Покачување на платата за наставниците за околу 12% од март наредната година и укинување на пролетниот распуст за учениците, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска по увидот на спортска сала во село Булачани.

Јаневска: Повисока плата за наставниците, укинување на пролетниот распуст за учениците

Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман“ ќе заврши за 18 месеци отсега, за „Стив“ се чека одобрување од Град Скопје

По две години од затворањето, градежната работа во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ започна во мај годинава. Се предвидоа 18 месеци за завршување на реконструкцијата од денот на започнувањето.

Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман“ ќе заврши за 18 месеци отсега, за „Стив“ се чека одобрување од Град Скопје

Goran Alavux Alavuk: Недостасува баланс меѓу мејнстрим и андерграунд звукот и тоа треба да се менува

Goran Alavux Alavuk е еден од ретките артисти кај нас кој се обидува да го пренесе флоуто на чист електро музиката од нејзиниот корен – Детроит. Веројатно попознат за електро-техно сцената и оние кои умеат да се најдат на добар „рејв“, Alavux својот звук го гради веќе 15 години, а го претставува во живо на сцените низ Европа и Балканот.

Goran Alavux Alavuk: Недостасува баланс меѓу мејнстрим и андерграунд звукот и тоа треба да се менува

[Видео] 20. издание на музичкиот фестивал „Озора“

Летниот психоделичен трајбл фестивал „Озора“ во Унгарија повторно беше пуштен во полн погон. Ова е седумдневен фестивал, ама траеше 10 денови со сите пропратни програми и активности. И не е само музички хепенинг. Напротив, „Озора“ ја претвори долината на Дадпуста во вибрантна заедница со околу 30-40.000 луѓе, понуди разни стејџови, работилници, места за заедничарење, готвење, за уметност и опуштање, со инсталации и декор, колоритни штандови, пазар…

[Видео] 20. издание на музичкиот фестивал „Озора“

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Андреј Михајлов

Во рубриката #НизТвојотОбјектив споделуваме фотографии од Андреј Михајлов кој со својот фото-апарат периодов кога Македонија е зафатена со пожари, ја документира природата околу светининиколско. Тој со фотографирање се бави од 2017 година, а вели дека најмногу го интригира дивиот свет.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Андреј Михајлов