На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. [Галерија] 17.200 ученици за првпат седнаа во училишните клупи, почна новата учебна година
245 илјади ученици на 2 септември седнаа во училишните клупи во основните и средните училишта. Споредено со првиот училиштен ден пред една деценија, бројката на ученици се намалила за 10 отсто или за 27.000 ученици. Годинава на училиште тргнаа 17.200 првачиња што е околу 3.5 илјади помалку од пред седум години.
[Галерија] 17.200 ученици за првпат седнаа во училишните клупи, почна новата учебна година
2. Прв училишен ден без образовни асистенти во училиштата
Иако министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека огласите за образовни асистенти не доцнат и дека 815 вакви профили на 2 септември стапија на работа, од друга страна, родители на деца со атипичен развој се чувствуваат дискриминирани, бидејќи на првиот школски ден им беше кажано дека ќе мораат да почекаат за асистент, барем на две недели. Ова значи, родителите треба да се снаоѓаат како знаат и умеат: дали да го остават детето дома, дали да ескивираат од работа и одат со него во школо, или пак да го остават во училиштата каде за него би се грижел наставничкиот кадар кој некаде се справува и со 30 деца во клас и не е доволно подготвен за инклузивниот процес.
3. [Видео] „Тела“ – изложба која го истражува телото како културен израз
Младата уметница Лина Дамјан во август ја постави својата втора самостојна изложба со наслов „Тела“. Изложбата отворена во Музејот на Град Скопје брои пет поедничени дела, еден диптих и две триптих дела.
Сите дела се нацртани дигитално, а доминантна е поп-естетиката. Во видеото подолу уметницата ни открива што за неа означува голото човеково тело и како дошла до идејата да направи ваква изложба.
[Видео] „Тела“ – изложба која го истражува телото како културен израз
Младите во Македонија немаат јасни ставови за повеќето прашања поврзани со нивната безбедност и сигурност. Тие не ја сметаат земјата ниту за безбедна, ниту за небезбедна. Што се однесува на безбедноста во државата во следните пет години, повеќето млади се на ставот дека состојбата ќе остане иста, додека повеќе од една четвртина се песимисти дека ќе биде полошо. Истовремено, скоро секој петти млад човек доживеал или бил сведок на насилство, а само 26% од младите го разбираат концептот за градење мир и не учествуваат во мировни акции и иницијативи.
Образованието, имотот, невработеноста, здравствените и социјалните услуги се само некои од предизвиците со кои се соочуваат жените од албанскaта заедница во руралните области на Македонија. И покрај тоа што родовата еднаквост денес е една од најдискутираните теми на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика и институциите кои одлучуваат, кои тврдат дека работат на подобрување на оваа состојба, мерките за родова еднаквост сè уште не допреле до сите жени. Ова, меѓудругото, беше кажано на панел дискусијата „Позицијата и улогата на жената Албанка во руралните средини: можности и предизвици“ што ја организираше Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми – Скопје“.
+Бонус:
[Галерија] Четврта „Синестетика“ на ледината Шамак
Кога се случи претходната, трета „Синестетика“, тоа беше на залезот на септември 2022. Сега, музичкиот пар Виктор Танасковски и Ива Дамјановски, со поткрепа на другарите „голопланинци“ и уметници од независната сцена, решија да го тераат мултимедијалниот фестивал на последниот ден од август. Симболично, последниот викенд пред враќање во школските клупи. Нова културна настава во природа на ледината Шамак над Козле, подалеку од градот, подалеку од стандарните културни свртувалишта.