Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести што ја одбележаа изминатава недела, овој пат со повеќе фокус на образованието:

Јаневска: Во следните денови образовните асистенти постепено влегуваат во училиштата

Министерката Весна Јаневска нагласи дека е важно системско решавање на образовните асистенти, кое, вели таа, досега не било направено.

„Тоа значи, во новите закони за основно, средно и средно-стручно – ќе определиме рок во кој треба да биде завршена целата постапка и тоа треба да биде готово јуни. Големата новина е дека обезбедуваме асистенти и за средно училиште, што досега ги немаше. И, третото што е важно, а сега го дискутирав и со една од асистентките, е асистентите да го следат ученикот во целиот негов образовен процес.

Јаневска: Во следните денови образовните асистенти постепено влегуваат во училиштата

[Став] Образованието не треба да биде луксуз за студентите

УКИМ не требаше да ги укине хартиените пријави ако истите кои сега се генерираат автоматски и дигитално преку Iknow (како што патем и претходно се генерирале, бидејќи во системот нема апсолутно никаква промена) се десет пати поскапи! Студентите не треба да плаќаат за подобрување на факултетот, тоа е нешто што самиот факултет и државата МОРА да го овозможи и дури да им го ВЕТИ на студентите ако има за цел да достигне повисок стандард и поголем број на студенти, напиша Анастасија Саздовска.

[Став] Образованието не треба да биде луксуз за студентите

Уставен бара бесплатен јавен превоз за учениците од приватните средни, но во новиот предлог закон за средно останува делот што го крати тоа право

Уставниот суд информираше дека на состанок одржан на 4 септември го задолжил генералниот секретар да се обрати до Министерството за образование (МОН), Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за бесплатниот превоз на средношколците од приватните средни – прашање за кое Уставниот суд лани во декември одлучи дека нееднакво ги третира учениците од јавните и учениците од приватните средни школи.

Уставен бара бесплатен јавен превоз за учениците од приватните средни, но во новиот предлог закон за средно останува делот што го крати тоа право

За подобро образование требаат подобри вештини и плати за македонските наставници

Повеќе средства за инфраструктура и модернизација на основните и средните училишта и вложување во обучување на квалитетен наставен кадар, подигање на наставничкото достоинство и финансирање на подобро организиран училиштен транспорт беа темите кои се отвороија на денешната панел-дискусија „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“.

За подобро образование требаат подобри вештини и плати за македонските наставници

Образовните асистенти стигнуваат во школите, но останува уште работа за инклузијата на децата со атипичен развој

Зоран Мијалков, татко на ученик со аутизам, во неколку реченици преку социјалните мрежи го сумираше револтот на родителите на децата со атипичен развој кои останаа без образовни асистенти на стартот на учебната 2024/2025 година.

Toj и повеќе родителите неколкупати реагираа дека доцни огласот за асистенти, дека нивните деца се заборавени, додека министерката за образование и наука Весна Јаневска прво тврдеше дека асистентите ќе почнат со работа од 2 септември, потоа најави дека ќе влезат во училиштата на 10 септември, за на 10 септември да рече „постепено во следните денови“.

Образовните асистенти стигнуваат во школите, но останува уште работа за инклузијата на децата со атипичен развој