Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Сексуалното насилство преку слики и дипфејкот земаат многу жртви, а кај нас уште не се инкриминирани

85% од жените во светот веќе се соочиле со некаква форма на дигитално насилство, а 13,3% тоа го искусиле до својата 15-та година. За разлика од домот, работата и улицата, дигиталниот простор нуди неограничена можност и полесен пристап за сторителите на насилство. Сексуалното насилство преку слики/видеа или аудио содржини е директна последица на брзиот технолошки развој, а ситуацијата се усложнува со појавата на вештачката интелигенција со која секој корисник на интернет може лесно да креира лажни слики познати како дипфејк. Дигиталното сексуално насилство во Македонија сè уште не е засебно кривично дело, а истражувањата покажуваат дека не му се обрнува доволно внимание.

 

Сексуалното насилство преку слики и дипфејкот земаат многу жртви, а кај нас уште не се инкриминирани

[Видео] Првиот хуманоиден робот ди-џеј во Македонија наскоро во некои од клубовите низ земјата

Запознајте го Алшар – првиот хуманоиден робот ди-џеј во Македонија. Алшар кој претставува спој на вештачката интелигенција и мехатрониката, неодамна го имаше првиот настап во клубот Ребел во Охрид.

Хуманоидниот робот ди-џеј беше промовиран на Денот на независнота на Македонија, каде домашна и странска публика имаше можност да го просведочи перформаност. Покрај Ребел, тој бил промовиран и на смотрата за електронска музика во Битола, а веќе има закажно и следни настапи во Македонија.

 

[Видео] Првиот хуманоиден робот ди-џеј во Македонија наскоро во некои од клубовите низ земјата

Модна ревија на брендот ZEN за адаптирана облека за лица со попреченост

Здружението „Икуалити“ вчеравечер во Музејот на современата уметност во Скопје организираше ZEN Инклузивно Soirée со модна ревија на која 31 лице со уникатни способности продефилира во колекција гардероба адаптирана за нивните специфични потреби. На ревијата беа промовирани панталони, кошули, маици, фустани и јакни со модерни дезени и дизајни креирани да придонесат за поголема независност и поквалитетен живот за лицата со попреченост, пишува новинската агенција Мета.

 

Модна ревија на брендот ZEN за адаптирана облека за лица со попреченост

Родители сѐ уште чекаат образовен асистент, МОН меѓувремено бара школите да ги примаат сите деца

И после неполн месец од почетокот на школската година, некои деца со атипичен развој сѐ уште немаат добиено образовен асистент. Сега и вториот оглас се пролонгираше, што значи дека десетици ученици се’ уште се исклучени од образовниот процес и остануваат дома, бидејќи дел од основните школи немаат капацитет паралелно да спроведуваат едукација и инклузија.

Родители што се обратија до Радио МОФ се жалат дека нивни деца не се примаат во училиштата.

„Како родител на дете кое е прво одделение и сѐ уште без асистент, сме приморани и ни наложуваат да не ги носиме децата во училиште. До кога нашите деца ќе бидат дискриминирани? Нашите деца не можат толку лесно да ги прифатат ваквите промени и отфрлање од школо, или да седат само еден-два часа. Рутината им се менува и ќе имаат психички проблеми“, вели мајка на дете со аутизам.

 

Родители сѐ уште чекаат образовен асистент, МОН меѓувремено бара школите да ги примаат сите деца

Фарук Шехиќ: Инспирацијата е импулс, искра што ќе запали оган во тебе, а ти тој оган ќе го претвориш во книга

На десеттото издание на фестивалот за европска литература „Букстар“, кој ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври, учество ќе земат писатели и поети од Македонија и од странство.

Еден од учесниците е писателот Фарук Шехиќ од Босна и Херцеговина со кого Радио МОФ имаше можност да направи интервју.

Покрај тоа што пишува проза и поезија и неговите книги се преведени на 16 јазици и објавени во повеќе од 20 земји, Шехиќ е и новинар.

 

Фарук Шехиќ: Инспирацијата е импулс, искра што ќе запали оган во тебе, а ти тој оган ќе го претвориш во книга