Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

За да се празнат затворите, требаат повеќе мерки како општокорисна работа или условна со заштитен надзор, сметаат експертите

Високи 67% од затворениците во државава во периодот од 2019 до 2023 година биле работно ангажирани. Во некои казнено-поправни установи работната ангажираност е 100%, во некои 25%. Во казнено-поправните установи од затворен вид овој број е многу помал, додека затворениците во установите од отворен вид најмногу се ангажираат во земјоделство, сточарство, одржување зелени површини, магацини. Оние кои им е дозволено да работат надвор од установата најчесто се во јавните комунални претпријатија. Нема податоци за тоа дали е задржан работниот ангажман во постпеналниот систем.

Ова се дел од наодите во анализата „Работата како облик на третман во насока на остварување успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“ што ја презентираше Александра Груевска Дракулевски, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

За да се празнат затворите, требаат повеќе мерки како оштокорисна работа или условна со заштитен надзор, сметаат експертите

Народните кујни во Македонија обезбедуваат по еден оброк дневно за корисниците на социјална помош, граѓанските организации бараат промена на концептот

На територијата на Македонија има 50 народни кујни кои обезбедуваат по еден оброк дневно за корисниците на социјална помош. Според граѓанските организации потребна е реорганизација на целиот процес со цел да се намали фрлањето на храна и правилно да се искористат сите ресурси.

Народните кујни во Македонија обезбедуваат по еден оброк дневно за корисниците на социјална помош, граѓанските организации бараат промена на концептот

Колку повеќе младите се медиумски вклучени и описменети, толку е поголем нивниот граѓански и политички активизам

Треба медиумско ангажирање и описменување на младите луѓе, за да порасне и нивниот граѓански и политички ангажман. Ова особено е важно ако се знае дека учеството на младите во јавниот живот е ниско, па активирање во ова поле значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. Истовремено, загрижува тоа што скоро четвртина од младите се наоѓаат во критичните нивоа на зависност од социјалните медиуми, каде најчесто се информираат за тековните настани. Младите покажуваат и пасивни навики поврзани со следењето вести, што во спротивно би ги направило поупатени за некоја тема, а со тоа и поактивни и поангажирани.

Колку повеќе младите се медиумски вклучени и описменети, толку е поголем нивниот граѓански и политички активизам

На Западен Балкан му се потребни новинарски приказни кои нудат решенија за проблемите

Десетици новинари, уредници, проверувачи на факти и комуниколози се собраа во Приштина на годинешната конференција за медиумска писменост која Европската Унија ја организираше за вмрежување на фелата во Западен Балкан. Овојпат фокусот беше на конструктивни новинарски приказни, односно вести фокусирани на решенија место негативни стории засновани на конфликти. Исто така, на предизвикот со дигиталните медиуми кои истовремено отвараат нови можности за поинаква умешност во раскажувањето на приказната. Говорниците и присутните заклучија дека има потреба од поголема координација и поддршка за конструктивните новинарски иницијативи, како и дека новинарство е она кое му користи на народот и ги промовира демократските вредности.

На Западен Балкан му се потребни новинарски приказни кои нудат решенија за проблемите

„Менуваме“ излегува на протест доколку не се исплатат персоналните асистенти

Претставници на Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ беа на средба со пратеници од Собранието, со цел да разговараат за проблемот со неисплатените надоместоци на персоналните асистенти за шести, седми, осми и деветти месец од 2024 година.

Според претставникот на „Менуваме“, Суарет Алишан, пратениците се заложиле за решавање на проблемот, но, сепак, тој најави дека ќе излезат на протест доколку не видат реална реализација, односно дека средствата за асистентите не бидат целосно подмирени.

„Менуваме“ излегува на протест доколку не се исплатат персоналните асистенти

БОНУС:

#ПетАлбумиЗаПоДома на Андреј Медиќ Лазаревски