На крајот на оваа седмица посветена на медиумската писменост, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика и животна средина:
1.[Подкаст] Медиумската писменост може да го сочува менталното здравје на младите во дигиталната ера
Какво влијание имаат социјалните мрежи врз животот на младите? Како да се сочува менталното здравје во дигиталната ера? Како влијае медиумската писменост врз процесот на рационално користење на социјалните мрежи?
На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот подкаст, каде водителката и новинарка Симона Паскоска зборуваше со инфлуенсерката Александра Трпеска и психологот Верица Бакулеска.
[Подкаст] Медиумската писменост може да го сочува менталното здравје на младите во дигиталната ера
Во Македонија велосипедската мрежа е долга 130 километри и се простира главно во Скопје. Но, таа не секаде е во добра состојба и не нужно е правена по стандарди. Во другите градови, пак, некаде воопшто не постојат велосипедски површини, или се нецелосни, нефункционални или импровизирани. Дополнително, велосипедската структура во македонската регулатива се дефинира само во еден член на половина страна во Правилникот за урбанистичко планирање, за кој познавачите велат дека е напишан конфузно и недоволно јасно за тоа какви и колку широки треба да бидат вело-патеките. Оттука, Здружението „Гоу грин“ (Go Green) со тим на експерти изработија Предлог-правилник за велосипедска инфраструктура, но и Предлог-измени за Правилникот за урбанистичко планирање, каде би се вметнале прописите за проектирање, изведување и одржување на велосипедската мрежа. Доколку Министерството за транспорт ги прифати предлозите, секој нареден градоначалник и планер ќе мора да внимава како се прави вело-патека, во склоп со коловозните ленти, паркинзите, заобиколувањата и слично.
Како што беше речено на вчерашната конференција во младинскиот центар „Матично“, ваков Правилник е од државен безбедносен и здравствен интерес за сите учесници во сообраќајот и сите граѓани.
3.[Фото] Хорор, страшно, чудно на 12. „Поетска епизода“
Во пресрет на денешниот ден кој во делови од светот се празнува како Ноќ на вештерките, вчеравечер во пабот „Беертија“ се читаше „страшна“ поезија, се продаваа графики, обетки, привезоци со мотиви инспирирани од духови, вештерки и разни други страшни филмски и книжевни ликови. Дел од присутните беа облечени во црно со поупадлива шминка што одговараше на амбиентот на местото кое деновиве е претворено во „куќа на стравот“ со пајажини и други плашила што висат од таванот и по ѕидовите.
„Halloween“ базарот во организација на „Пламен Ивентс“ беше придружен со 12. „Поетска епизода“ – поетско читање за различни генерации автори кое го организира младинското здружение „Култура Бета“.
Северна Македонија е умерено подготвена во областа на образованието и културата, нотира Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на земјава. Според извештајот, постигнат е ограничен напредок на ова поле во изминатата година, а се нотира и дека носењето на клучните закони како што се Законот за средно образование, Законот за образование на возрасни и Законот за стручно образование и обука (СОО) беше одложено.
Препораките на Комисијата од минатата година беа само делумно спроведени и со тоа остануваат во голема мера валидни, се посочува во извештајот.
„The Mole Pack“ се скопски бенд кој постои од 2018 година. Свират блуз и рок, a по оправдана пауза скопската публика ќе има можност повторно да ги слушне и види утре 1 ноември на „Андерфест“ (Underfest) во МКЦ. Ова е разговор по повод нивниот настап на фестивалот.
1.Вештачката интелигенција и дезинформациите главна тема на „Деновите на медиумска писменост“
„Македонски космонаути на врвот на Сончевиот систем“.
Оваа „сензационална вест“ деновиве се врти по реклами, билборди, по фасади на згради, а намерно „боде очи“ за да ги најави годинешните „Деновите на медиумска писменост 2024“ (ДМП), кои од денеска 28 октомври до 4 ноември ќе отворат прашања за вештачката интелигенција, дезинформациите, дигиталниот живот, но и важноста и интегритетот на новинарите во одбраната на јавниот интерес.
ДМП се организираат од Мрежата за медиумска писменост, чии членови-организации и институции следните денови ќе прават работилници, панели, дискусии, вебинари… На отворањето на ДМП, членките истакнаа дека е нужно да се зборува на темата, но и да се вклучуваат концептите на медиумска и информациска писменост како во формалното образование, така и во секојдневието.
Вештачката интелигенција и дезинформациите главна тема на „Деновите на медиумска писменост“
Која е состојбата на лицата со попреченост во однос на медиумската писменост и како лажните вести и дезинформации влијаат на нив, како младите гледаат на медиумската писменост и ширењето на дезинформации и која е улогата на неформалното образование во промоцијата на медиумската писменост и борбата против дезинформациите.
Ова беа некои од главните прашања на денешната панел дискусијата за медиумска писменост кај младите која се одржа во Собранието, во организација на Младинскиот образовен форум, во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а во соработка со Клубот за младински прашања и политики во Собранието.
Медиумската писменост влезе во редовното образование од 2021 година, кога стана дел од наставните програми од прво до деветто одделение. Притоа обучени се над 8.000 наставници од сите училишта и основани се 80 медиумски клубови ширум државата каде членуваат повеќе од 700 ученици кои учат за новинарството и создаваат содржини во различни формати. Програмите за медиумска писменост на факултетите што креираат наставни кадри, исто така, започнаа да се имплементираат. Од друга страна, според досегашните испитувањата, ученици имаат проблем кога треба да дадат свое мислење, да кажат „зошто го мислат тоа“, некои се’ уште не разликуваат факти од лажни информации, а праксата покажува дека и компетенциите на наставниците мора да одат едно ниво погоре.
Дека медиумската писменост и критичкото размислување се важни и на нив треба постојано да се работи, зборуваа вчера учесниците на конференција во хотелот „Лимак“, организирана во рамки на проектот „Младите размислуваат“.
4.[Рецензија] За шоуто „ShowBiz“ на Никола Ѓуричко
Aктерот Ѓуричко (кој сите го изговараме Џуричко) во 2024 има амбициозна и напорна турнеја, турнеја како на рок ѕвезда. Имав можност да ги проследам двата негови стендап настапи во Скопје (6.3.2023) и во Куманово (15.10.2024).
Како што кажува и самиот наслов на настапот очекував дека ќе имам искуство со комедија, шоу и нешто што е добар бизнис. Што всушност очекував?
5.[Осврт] Кон албумот „Mind Games“ на легендарниот музички автор и перформер Џон Ленон
Doing the mind guerrilla
Some call it magic, the search for the grail
Албумот „Mind Games“ на Џон Ленон, објавен на 29 октомври 1973 година, претставува важен момент во неговата соло кариера. Креиран во еден бурен период на лични предизвици за Ленон, албумот го отсликува неговото комплексно внатрешно патување, со песни што пренесуваат мешавина од болка, носталгија, љубов и стремеж за општествена и духовна слобода.
[Осврт] Кон албумот „Mind Games“ на легендарниот музички автор и перформер Џон Ленон
6.#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Константин Митевски
Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив ѕиркаме во албумот на Константин Митевски, режисер и фотограф кој преку своите фотографии најчесто ја истакнува симетријата.
„Секако тука се и добрата композиција, формите, боите, контрастот и текстурите. Исто така обожавам кога фотографирам апстракции бидејќи тие ме исполнуваат со нивната чудесија“, вели тој за Радио МОФ.
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Константин Митевски
7.#ПетАлбумиЗаПоДома на Бојан Станиќ
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Бојан Станиќ, кој вели дека е дипломиран теориски физичар што се занимава со сè освен теориска физика.
Активен дел е од независната културна сцена над 10 години, преку различни иницијативи во неговиот роден град, Битола. Меѓу нив, дел и основач е на независната културна иницијатива „Пондер“, Дебатното кино „Контра кадар“ и бесплатната радикална библиотека „Контра библиотека“.
Покрај тоа последниве 12 години активно свири и по бендови („Yöu“, „Molokai“, „Heart-on-sleeve“, „Red Sails Billow“, „Ема“), а има издадено и една збирка поезија и еден краток стрип.