На крајот на оваа седмица посветена на медиумската писменост, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика и животна средина…
1. [Видео] Новинарите зборуваат: ВИ може да биде сојузник во редакциите, но не и да го замени новинарот
Рапидниот развој на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) секојдневно се заканува дека ќе ги „истисне“ луѓето од професиите.
Што се случува со новинарството? Знаете ли дека во Македонија веќе се генерирани првите тв-прилози со вештачка интелигенција За да откриеме како ова може да се одрази врз новинарството кај нас, прашавме новинари како ВИ може да помогне при креирање вести и зошто (не)може да го замени човечкиот фактор во редакциите.
[Видео] Новинарите зборуваат: ВИ може да биде сојузник во редакциите, но не и да го замени новинарот
2. Законот за високо образование и проверка на работата на универзитетите приоритетни за новото тело за реформи во високото образование
Измени на Законот за високо образование, преиспитување на бројот и законитоста на универзитетите, ревидирање на студиските програми и проверка на знаењата на моменталниот професорски кадар на факултетите во земјава. Ова се дел од работите на кои во следниот период ќе се фокусира ново формираното Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот.
3. НМСМ се повлече од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина
Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) соопшти дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. Во февруари годинава, Град Скопје на иницијатива на НМСМ и други младински организации отпочна со подготовка за кандидатурата, која ја доделува Европскиот младински форум со цел, како што рекоа тогаш од Град Скопје, да ги охрабри младите да го зголемат младинското учество во градовите кои конкурираат за ова титула.
Од НМСМ велат дека до оваа одлука дошле по неколкуте обиди да стапат во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нив да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина и, како што велат, безброј барања за состанок за координација за презентацијата.
НМСМ се повлече од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина
4. Вредни археолошки предмети стари речиси 2.500 години ископани во Охридско-струшкиот регион
Ексклузивни наоди од пред 2.500 години се ископани во Охридско-струшкиот регион, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Предметите беа изложени во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид на прес-конференција на која Љутков рече дека станува збор за голем научно-истражувачки успех, кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на земјата, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.
Вредни археолошки предмети стари речиси 2.500 години ископани во Охридско-струшкиот регион
5. #НизТвојотОбјектив – Серија улична фотографија од Лени вон Гелева
Во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии на Лени вон Гелева.
„Фотографиите од оваа серија се улична фотографија кои ја истакнуваат темата на трансформацијата и зачувувањето на спомените, со вметната доза на хумор. Направени се во Скопје. Тие го покажуваат секојдневниот живот, динамиката на градскиот простор, интимни моменти од животот на градот, случајни луѓе“, вели таа за Радио МОФ.
#НизТвојотОбјектив – Серија улична фотографија од Лени вон Гелева
БОНУС: