На крајот на оваа седмица посветена на медиумската писменост, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика и животна средина…
„Последиците од депонијата и од отровот можат да се забележат во секое годишно време, особено во есен и пролет, кога дува силен ветер, носејќи арсен и по главните улици каде проаѓаат жителите. Присуството на арсен, се познава и по силната миризба на водата за пиење. Честопати сме ја праќале на анализи кои покажале дека е опасна за здравјето. Загрозени се и прехрамбените производи од поседите“.
Абедин Исмаили од општина Липково, е еден од неколкуте илјади жители од липковските села Лојане, Ваксинце и Табановце кои се загрижени за своето здравје, но и за здравјето на своите деца и внуци.
2. [Видео] „Камера Опскура“ на македонското женско писмо
Младите Винсент Вилчник и Емануела Ковачевска Китановска го креираа концептот „Камера Опскура“ (Camera Obscura) кој ги истражува македонските уметници.
Винсент доаѓа од Словенија, а во моментов е докторантка на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Емануела е студентка на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Првиот серијал на „Камера опскура“ е посветен на македонските поетеси и под името „Ехо на нејзиното мастило“ се одржа првиот настан во скопското кафуле „EDGE Specialty Coffee“. На настанот студентките ги презентираа своите наоди за историјата на македонското женско писмо, по што следуваше отворена дискусија со присутните.
3. [Видео] Што е муабетот со… реформската агенда од Планот за раст на Западен Балкан
750.4 милиони евра предвиде Европската Унија за Македонија. Овие средства се дел од Реформската агенда во рамки на Планот за раст на Западен Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кој има цел да го забрза социо-економското приближување на регионот со ЕУ и да го отвори патот кон членство во Унијата.
Средствата ќе бидат условени со реализација на конкретни чекори. Македонија ќе добие 250 милиони евра како грант или неповратни средства за инвестициски проекти, а 500 милиони евра преку заем со, како што велат надлежните, исклучително поволни услови, од кои 250 за реализација на реформите, а другите 250 милиони евра за инвестициски проекти.
Но, што е муабетот со реформската агенда, кои се некои од реформите кои ги предвидоа надлежните и колку средства ќе бидат одвоени за нивна реализација?
[Видео] Што е муабетот со… реформската агенда од Планот за раст на Западен Балкан
Направени се измените на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). Согласно доставените сугестии за време на периодот во кој Концепцијата беше ставена на јавна дискусија, Бирото за развој на образованието интервенираше и ја подготви новата унапредена содржина.
5. #НизТвојотОбјектив – „Гласна тишина“ од Дина Јовевска
Минатиот четврток во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имавме Дина Јовевска, студентка на Архитектонскиот Факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и нејзиниот серијал фотографии насловен „Гласна тишина“.
„Фотографиите од оваа серија имаат за цел да ја доловат доминантната тишина во напуштените простори. Овие фотографии се направени во запуштениот хотел Палас во Охрид. Најгласните простори се оние каде човековиот глас има исчезнато, каде ѕидовите зборуваат и сенките се движат, оние простори каде времето стагнирало“, истакна таа за Радио МОФ.