На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
[Фото + Видео] „Излези Данела и кажи ни како да живееме без јавен превоз“ – порачаа граѓани на протест пред Град Скопје
„Уа Данела“, „Оставка“, „Скопје бара превоз“ ечеше од насобраните граѓани кои маршираа по скопскиот блокиран булевар „Илинден“, за потоа да протестираат пред бараките на Град Скопје, со цел да го искажат незадоволство со состојбите со автобускиот превоз во главниот град. На протестот инициран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Кутро Дудуш се приклучија студенти, средношколци, граѓани од цело Скопје.
Пет години студентски собранија: Да бидеме реални и да го бараме невозможното
По повод овој Меѓународен ден на студентите на Правниот факултет при УКИМ се одржа настанот „Регионална станица студентска“, каде беа истакнати проблемите и потребите на студентите, како на денешните, така и на минатите генерации. Притоа се одржа и саем на младински организации, панел-дискусии, а воедно беше направена и ретроспектива на студентското организирање, за да се одбележи пет години од формирањето на студентските собранија.
Пет години студентски собранија: Да бидеме реални и да го бараме невозможното
Граѓаните преку нова онлајн платформа можат директно да реагираат за нивните проблеми
Речиси 1.000 реакции бројат кампањите со кои, меѓудругото се бара унапредување на квалитетот на јавниот превоз во Скопје, зголемена транспарентност на Владата и одговорност на институциите за пожарите во летниот период, а кои моментално се активни на новата онлајн платформа „Реагирај“.
На платформата изработена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), заедно со партнерите од програмата „Граѓаните против корупцијата“ моментално има четири активни кампањи кои граѓаните можат да ги поддржат, односно да реагираат до надлежните за решавање на тие проблеми преку копчето „Реагирај“.
Граѓаните преку нова онлајн платформа можат директно да реагираат за нивните проблеми
[Галерија] Гимназијата „Никола Карев“ стана првото „пет френдли“ училиште во Македонија
На иницијатива на учениците од Гимназијата „Никола Карев“ се одржа хуманитарен настан за Коста, еден од нивните миленици во училишниот двор, како и за сите други бездомни животни, со што „Карев“ стана првото „пет френдли“ училиште во Македонија. Куќички од дрво, машни, плетени шалчиња и капи, магнети, нараквици, коски, храна, хамери и паноа за вдомување на бездомните и слики од нивните миленици, беа само дел од изработките на учениците од првиот училишен „Пет френдли клуб“, кои ги продаваа со цел да ги донираат парите во јавното претпријатие „Лајка“.
[Галерија] Гимназијата „Никола Карев“ стана првото „пет френдли“ училиште во Македонија
Ако државата сака рудници, прво треба да ги праша локалците дали сакаат рудници
Она што изминатиов период го крена алармот кај еколозите прво беше програмата на новата Влада 2024-2028. Таму е наведено дека ќе се носи Закон за рударство, а исто така „Владата ќе ги разгледа можностите за финансирање и планирање на Рударско-енергетски комплекс во Источна Македонија“ и за „отворање на рудници во близина на Стогово, Тајмиште, Плавица (Црн Врв) и Лојане“.
Владата генерално наиде на критики за Предлог-Стратегијата за рударство 2025-2045, која се спрема за усвојување. Можните негативни ефекти од идната стратегија здружи 50-ина еколошки организации за да бараат еколошки гаранции за било каква рударска дејност, додека мислењето на локалните жители да биде одлучувачко ако се издаваат концесии.
Ако државата сака рудници, прво треба да ги праша локалците дали сакаат рудници
+ Бонус
До јануари ќе се знае дали ќе се зголеми износот на студентски оброк или бројот на студенти кои може да аплицираат
До крајот на годината ќе биде дефинирано дали ќе се зголеми дневната сума што студентите ја добиваат за студентски оброк или ќе се прошири опсегот на студенти кои го користат ова право. Ова го изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска при посетата нa штипската Гимназија „Славчо Стојменски“
„Нема дилема дека ние сме планирале да го покачиме субвенционираниот студентски оброк, но сè уште разговараме со студентите затоа што тие имаат и некаква поинаква идеја. Сметаат дека за 140 денари можат да добијат комплетен оброк во одредени маркети, ресторани, а дека би можело да се прошири опсегот“, рече Јаневска.
[Осврт] Кон претстава „Ана Каренина“ во изведба на Новосадскиот театар од Србија
Полна сала, стоечки овации, куп емоции и патување низ времето и дејството. Ова е целосниот мој впечаток од претставата „Ана Каренина“ која во саботата беше изведена на унгарски јазик од Новосадскиот театар од Србија, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од 49 издание на фестивалот Млад отворен театар.
[Осврт] Кон претстава „Ана Каренина“ во изведба на Новосадскиот театар од Србија
Ние ја развивавме Програмата за служба во заедницата, а МОН не’ исклучи од процесот, реагира „Еквалис“
Здружението за едукативен развој „Еквалис“ упати остра реакција за, како што рекоа, нетранспарентниот и исклучувачки процес за нивната Предлог-програма за служба во заедницата што ја развиваа и ја предложија во рамки на работните групи на МОН, уште од 2021 година. Сега таа почнува да влегува во системот, но реагираат дека тие ниту се споменати, ниту вклучени во процесот.
„Министерката Весна Јаневска на годишната конференција за соработка на Владата и граѓанскиот сектор презентираше дека Министерството и Бирото за развој на образование изработиле програма за учениците од седмо до деветто одделение според којашто секој ученик ќе помине 30 часа во волонтирање низ коешто ќе стекнат различни вештини, како свест за заедницата, одговорност и емпатија. Би сакале да ја известиме јавноста дека ‘Еквалис’ како предлагач на оваа програма не беше ниту еднаш вклучена како организација во процесот на изработка на овој пилот-концепт“, реагираа од „Еквалис“.
[Фото] Герила акција „Скопје 2024 Европска претстолнина на ѓубрето, место каде ѓубре вируси и бактерии оро водат“
Центарот за современи уметности низ неколку локации во Скопје постави знакови со „награда“ по повод „Европска престолнина на ѓубрето“ – уметничката герила акција.
„По неуспешните обиди за Европска престолнина на младите 2027 и закочениот процес на подготовки за престижната титула Европска престолнина на културата 2028, оваа година на Скопје му се посреќи да биде прогласен за Европска претстолнина на ѓубрето“, рекоа од екипата на урбана герила/урбани уметнички акции.