Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од активизам, граѓанско општество, политика, животна средина, студентски стандард…

1. Јавниот транспорт во Скопје се поднови со шест еколошки автобуси донирани од Европската Унија

Шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас доби Град Скопје, како донација на Европската Унија во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“. Проектот кој меѓудругото опфаќа и други активности цели кон намалување на штетните емисии на градот, како дел од континуираните напори за справување со загадувањето на воздухот и заштита на животната средина.

Активноста која се реализира денеска е дел од проект вреден 10 милиони евра, а ќе помогне за намалувањето на загаденоста на воздухот, рече Амбасадор на Европската Унија Михалис Рокас.

„Тоа е навистина сериозен еколошки проблем кој почнуваме да го почуствуваме веднаш, со самиот почеток на грејната сезона и овој проблем веќе го зема данокот со години врз здравјето на самите граѓани“, рече Рокас.

Јавниот транспорт во Скопје се поднови со шест еколошки автобуси донирани од Европската Унија

 

2. Младите новинари бараат практична работа во образованието и повисоки плати

Подобро образование со практична работа, повеќе неформални програми и повисок финансиски стандард бараат младите новинари – говорници на вчерашната трета вечер на Медиумскиот фестивал Скопје, организирана од Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА.

„Што може да се направи за да се подобри гласот кој ја бие новинарската професија? Како да се привлечат повеќе млади луѓе во новинарството? Кои се најголемите предизвици за младите новинари денес?“, беа дел од прашањата кои модераторката на панел-дискусијата, новинарката Ангела Петровска ги упати до Михајло Донев, Бојана Спасовска и Сара Танаскоска, учесници во Програмата на „ПИНА“ за млади новинари.

Младите новинари бараат практична работа во образованието и повисоки плати

3. Ќе работиме на сплотување, настани и студентски забави кои ни фалат, вели новиот лидер на студентите на УКЛО

Универзитетското студентско собрание при државниот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола претходната недела избра нов претседател. На позицијата доаѓа Димитар Атанасовски, редовен студент во трета година на Педагошкиот факултет.

„Првото нешто што го најавив е функционални друшетвени мрежи за информираноста кај студентите и веќе почнавме со имплементација, можете да забележите дека на Инстаграм и на Фејсбук редовно почнавме со објави веќе една недела“, вели тој за Радио МОФ. Социјалните мрежи се прв чекор за работата на студентското тело, зашто како што вели тој „Џабе работиме, ако студентите не знаат за тоа“.

Ќе работиме на сплотување, настани и студентски забави кои ни фалат, вели новиот лидер на студентите на УКЛО

4. [Мегафон] Кети Талевска Бакревска: Со изложбата „Ќе ме снема“ сакав да ставам акцент на исчезнувањето на Преспанското Езеро

Кети Талевска Бакревска e фотографка од Битола која се занимава со дигитална фотографија и алтернативна фотографија. Токму љубовта кон професијата и ја донела идејата и желбата да направи нешто со кое ќе поттикне да се зголеми свеста за заштитата на Преспанското езеро кое полека но сигурно ни исчезнува.

Изложбата на Кети, „Ќе ме снема“ е изложба за исчезнувањето на Преспанското езеро која е изработена со алтернативна фотографска техника  која  се изработува на директна фотографска хартија со аплицирање на вода, алги и растенија од преспанскиот предел.

 

[Мегафон] Кети Талевска Бакревска: Со изложбата „Ќе ме снема“ сакав да ставам акцент на исчезнувањето на Преспанското Езеро

5. [Видео + фото] Борбата на палестинскиот народ е борба и против капитализмот, порачаа граѓаните на денешниот протестен марш

Денеска, од пред скулптурата „Симфонија на мирот“ па се до Владата на Република Македонија се одржа протестен марш за солидарност со народот на Палестина и Либан.

Граѓаните кои беа излезени на протестниот марш од македонските власти побараа да се приклучат кон меѓународните заедници кои се залагаат за ставање крај на насилството и нападите во Палестина но и да ја признаат палестинската држава.

Од иницијативата „Сите за Палестина” велат дека датумот и местото на кое што започна маршот неслучајно биле избрани.

[Видео + фото] Борбата на палестинскиот народ е борба и против капитализмот, порачаа граѓаните на денешниот протестен марш