На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, граѓанско општество, политика и животна средина…
Образованието не е главен приоритет на државата, студентите треба солидарно да го креваат стандардот
На студентите во Македонија им треба субвенциониран превоз, удобно легло, бесплатно образование, дигитализација, како и студентски сервис кој ќе ги поврзува со флексибилна работа. За ова да се случи, Законот за високо образование и Законот за архивско работење треба да претрпат промени. Студентите треба здружено и солидарно да ги издејствуваат и креираат промените, затоа што образованието не е високо меѓу приоритетите на државата. Исто така, студент во Македонија вреди да се биде ако личноста се вложи и работи за каузата за подобар утрешен студентски живот.
Ова беа дел од изнесените ставови и заклучоци на онлајн дискусијата „To be or not to be… студент во Македонија“ која беше поттикната од анализата направена од „Форумот за образовни промени“ која покажува дека просечните трошоци за еден семестар само за студентите на Економскиот факултет при УКИМ чини 81.335 денари или 1.317 евра.
Образованието не е главен приоритет на државата, студентите треба солидарно да го креваат стандардот
„O2 Иницијатива“: Македонија на европскиот врв по починати лица поради изложеност на аерозагадување, а мерки – нема
Еколошката организација „О2 Иницијатива“ упати низа критики и забелешки откако излегоа најновите податоци и проценки за бројот на прерано починати поради аерозагадувањето во Европа, направени од Европската агенција за животна средина, а се однесуваат за 2022 година.
На ниво на цела Европа, околу 240.000 смртни случаи се поради изложеноста на ситните честички ПМ 2.5., а од нив во Македонија се дури 3.600. Исто така, во земјава 330 смртни случаи се поради NO2 (азот диоксид), додека 210 – поради акутна изложеност на озон.
Организациите критикуваат, Владата не кажува дали 90 милиони денари се доволни за превенција на ХИВ
51 нов случај на ХИВ/СИДА имало во 2024 година, заклучно со 27 ноември. Тоа во проценти е 10,9% повеќе од истиот период во 2023 година, информира Институтот за јавно здравје. Иако Македонија се смета за земја со ниска преваленца на ХИВ, во последните години има нагорен тренд во бројот на случаи. Од друга страна, во последните години има сè помалку пари од државниот буџет за превенција на ХИВ.
Организациите критикуваат, Владата не кажува дали 90 милиони денари се доволни за превенција на ХИВ
[Видео и фото] „Што ви дишат децата?!“ извикуваа граѓаните на еколошкиот протест пред институциите
Нова зима, нов протест пред институциите задолжени за аларматните состојби со аерозагадувањето. Граѓани повторно се собраа во централно Скопје да побараат решенија, а не оддолжување на проблемот што годишно убива по 5.000 луѓе во Македонија.
[Видео и фото] „Што ви дишат децата?!“ извикуваа граѓаните на еколошкиот протест пред институциите
[Видео] „Пагода“: Анимето не е само анимација, од него може да научиме многу и за филозофијата на источните култури
Здружението „Пагода“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“ организираше целодневен настан „Shōnen: Becoming The Hero“ посветен и инспириран од шонен жанрот на аниме. Примери на познати шонен аниме се „Naruto“, „Dragon Ball“, „One Piece“ и „My Hero Academia“.
Присутните можеа да проследат две трибини во кои се говореше за влијанието на аниме ликовите врз младата популација и за тоа како анимето стана глобален културен феномен, а во текот на денот беше поставена изложба на уметнички дела изработени од љубители на аниме и тематски базар со храна, облека, манга, фигурини и ракотворби.
БОНУС: