Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование,  култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…

„Од смогот не се гледа иднината“: Граѓаните предновогодишно ги по(т)сетија институциите за алармантното аерозагадување

Токсичниот воздух што ги полни болниците и придонесува за еден од девет смртни случаи кај новогоденчињатa, а притоа секоја зима му гарантира место на Скопје во трката за најзагаден светски град, денеска повторно беше причина за еко-активистите заедно го стотици граѓани да ги посетат и потсетат институциите што е нивната улога, но и одговорност за решавање на ваквата алармантна состојба.

„Од смогот не се гледа иднината“: Граѓаните предновогодишно ги по(т)сетија институциите за алармантното аерозагадување

[Видео] „Комбо“ – Локална приказна за дружба, креативност и одржливост

Во населба Железара, во скопската општина Гази Баба се отвори просторот „Комбо“ – здружение за креативна одржливост. Местото е збиралиште на креативност, дружење и одржливост. Сите предмети внатре добиле „шанса“ за втор живот, откако веќе служеле некому, сега служат за разубавување на просторот и за промовирање поеколошки начин на употреба.

[Видео] „Комбо“ – Локална приказна за дружба, креативност и одржливост

[Инфографик] Социјална, економска и политичка стагнација на младинското учество

Учеството на младите во социјалниот, економскиот и политичкиот живот во Македонија во 2023 година е горе-долу исто како и во претходните шест години, откако „Младинскиот сојуз – Крушево“ на национално ниво го спроведува регионалното истражување „Индекс за младинско учество“. Недостаток од податоци за млади во ризик на сиромаштија, нула млади министри во влада, 1% самовработени млади и недоволно ефективни закони и политики за млади, само дел се од истите или слични резултати.

[Инфографик] Социјална, економска и политичка стагнација на младинското учество

„Борба за правда во земја без правда“: Како течат студентските блокади во Србија

Над 80 факултети и средни училишта во Србија повеќе од еден месец се блокирани и бројката секојдневно расте. Блокадите започнаа по нападот на студенти и новинари кои пред Факултетот за драмски уметности во Белград оддаваа почит на загинатите при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде загинаа 15 луѓе, од кои еден е Македонец. Ова се случи на 22 ноември и оттогаш се интензивираа и секојдневните улични протести.

„Борба за правда во земја без правда“: Како течат студентските блокади во Србија

[Интервју] Владимир Поп Христов: Наместо да се втопиме во мракот на некултурата, решивме албумот да биде „Вистински“

„Работите баш требаше да „легнат“. Прво сакавме да го викаме „Култура“ и само поради таа фотографија, која ќе беше добар симбол за културата кај нас. Тоа е прилично распаднато – натписот што пишува „Култура“. Сфативме дека тоа е „даун“. И онака се’ е „даун“ околу нас, па уште и ние да почнеме да плачеме колку се’ е „даун“. Затоа решивме да биде весело. Да биде „Вистински“. Така излезе и името на албумот. Знаеш, бидејќи вака ќе се втопевме во тој мрак со таа „Култура“. Тоа секако ќе беше инверзија од култура, т.е. некултура“, вели Владимир Поп Христов – Мио во интервју со Радио МОФ.

[Интервју] Владимир Поп Христов: Наместо да се втопиме во мракот на некултурата, решивме албумот да биде „Вистински“

Бонус:

Физички лица од странство повеќе нема да можат да регистрираат .mk домени

Физички лица од странство повеќе нема да можат да регистрираат .mk домен, откако МАРНет неодамна го промени Правилникот за организацијата и управувањето со врвните национални интернет домени. Ваквата промена доаѓа со промена на член во Правилникот каде регистрацијата на .mk домен сега се ограничува на сите физички и правни лица само со живеалиште или престојувалиште во Македонија.

Физички лица од странство повеќе нема да можат да регистрираат .mk домени

Со ново законско решение ќе се отповикува градоначалник, а комуналниот надзор нема да биде по принцип „сакаме или не сакаме“

Законот за локална самоуправа ќе се менува, а главна иницијатива за негово отворање е можноста за отповикување градоначалник, со цел да се зголеми транспарентноста и отчетноста во секојдневното работење на локалните самоуправи. Исто така, да се воведе и комунален надзор под ингеренции на општините, без можност тој да функционира по принципот „сакаме или не сакаме“, туку како задолжителна обврска.

Со ново законско решение ќе се отповикува градоначалник, а комуналниот надзор нема да биде по принцип „сакаме или не сакаме“

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ пристигна и во Струга

Во саботата во просториите на општина Струга беше презентирана патувачката изложба за животот и делото на Ана Франк. На 39 паноа, од кои шест се однесуваа на македонскиот контекст во овој период, средношколците во улога на кустоси ја презентираа трагичната судбина на Ана Франк и нејзиното семејство во периодот на Втората светска војна.

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ пристигна и во Струга

[Инфографик] Кој земаше највисока, а кој најниска плата во октомври

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 108.5.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %)“, велат од ДЗС.

[Инфографик] Кој земаше највисока, а кој најниска плата во октомври

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Христијан Стоимилов

Годината 2024 ја затворивме со фотографиите на Христијан Стоимилов, фотограф и основач на „The Click & Clips“.

„Пасијата за фотографија и видео се разви уште од најрана возраст, кога од големи режисерски имиња бев инспириран да го гледам светот преку објективот на уметноста. Како студент на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ги спојувам технологијата и креативноста преку мојата работа, созадавајќи уметност во која главниот акцент е на уникатноста“, вели Христијан за Радио МОФ.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Христијан Стоимилов